RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТРКА ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈАТА
Среда, 30 Ноември 2011
Слика
КУЛТУРАТА Е САМО ЗА МАЖИТЕ
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
5 ТИПОВИ ЉУБОВНИЦИ
Вторник, 20 Септември 2011
Слика
ШТО Е ПАРАПСИХОЛОГИЈА?
Вторник, 18 Јануари 2011
Слика
ЗОШТО ПЦУЕМЕ?
Понеделник, 15 Ноември 2010

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



САМОУБИСТВОТО ГЕНЕТСКИ ПРЕДОДРЕДЕНО PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3634 пати
Вторник, 26 Јули 2011 17:15

Во студија објавена во списанието Molecular Psychiatry насловено “Обемна студија за поврзаноста на геномот со обидот за самоубиство,” група на истражувачи од Џонс Хопкинс го соопштија откривањето на “мала област на хромозомот 2 која е поврзана со зголемениот ризик за обид за самоубиство.”

suicide-pills
Вилоур и нејзините колеги проучуваа ДНК примероци од речиси 2700 возрасни со биполарно растројство, од кои 1201 со минато на самоубиствени обиди и 1497 без такви обиди. Тие открија дека оние со една копија од генетската варијанта во областа на хромозомот 2 каде е лоциран ACP1 имаа 1,4 пати поголема вројатност да извршат обид за самоубиство, а оние со две копии имаа речиси 3 пати поголема веројатност.
Вилоур и нејзините колеги успеаја да ги повторат нивните наоди во друга група на мостри: Оваа се состоеше од ДНК од повеќе од 3000 луѓе со биполарно растројство.

suicide-genes-l

Користејќи само ДНК од луѓе со биполарно растројство, истражувачите велат дека тие беа во состојба да ја контролираат психичката болест и да се насочат кон тоа што може да предизвика суицидни обиди кај едната група, а контролирање на тие нагони кај другата.
Проценето е дека самоубиствата убиваат 1,4 проценти од американската популација и приближно 4,6 проценти од популација се обидела да изврши самоубиство барем еднаш, вели Вилоур. Помеѓу луѓето со биполарно растројство, 47 проценти размислуваат за самоубиство, додека 25 проценти всушност и се обиделе да го направат тоа, вели таа.

bipolar disorder
Можеби најинтересно е тоа што истражувачите открија, во мозокот на оние кои ја поседуваа оваа варијанта на генот, повисоко ниво на ACP1 протеинот, за кој се смета дека влијае на истите биолошки патишта како и литиумот, лек за кој е познато дека ја намалува стапката на суицидно однесување.
Веќе некое време ни е познато дека литиумот може да го намали ризикот од самоубиствени идеи и обиди и дека одредена субгрупа на индивидуи веројатно поседува и повисок ризик за самоубиство и повисока стапка на реактивност кон литиумот. Истражувачите го истражуваа генетскиот придонес на овие обрасци и оваа студија идентификува одреден ген кој може да биде вклучен во тоа и кој може да биде искористен како маркер.

A14
Би било многу корисно да може да се идентификуваат луѓето со поголем ризик за самоубистви и оние кои ќе имаат корист од литиумот како лек од прв избор. Истражувачите се надеваат дека нивните наоди може да водат до подобрувања во превенцијата од самоубиства преку отворање на нови насоки за истражување и развој - алтернативи за литиумот за луѓето кои не го поднесуваат или можеби дури и поефективни лекови за спречување на суицидното размислување и однесување.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.