RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДАЛИ СТЕ ДОСАДНИ?
Четврток, 13 Октомври 2011
Слика
5 ЧЕКОРИ ДО ЦВРСТА ВРСКА
Петок, 16 Декември 2011
Слика
РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО УМ И ТЕЛО
Вторник, 27 Септември 2011
Слика
ПРЕДНОСТИ НА ЕМПАТИЈАТА
Среда, 23 Јануари 2013
Слика
СРЕЌАТА НИЗ СВЕТОТ
Петок, 29 Јули 2011
Слика
КАКО ДА БИДЕТЕ ШАРМАНТНИ
Понеделник, 17 Октомври 2011
Слика
САДИЗАМ И МАЗОХИЗАМ
Среда, 06 Март 2013

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



ХУМАНИСТИЧКO ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНО-ИСКУСТВЕН ПРИСТАП PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2661 пати
Понеделник, 25 Јули 2011 12:04

 Бидејќи човечките суштества се толку сложени постојат многу филозофии и перспективи кои се обидоа да ја објаснат нивната суштина и нивното однесување. Еден од овие пристапи доаѓа од општото хуманистичко движење кое е специјализирано во една посебна област: психологија...

freedom
Психолозите од оваа област ги сметаат човечките суштества за личности кое се добри или неутрални во нивната срж. Тие велат дека психичките болести се јавуваат само кога животните услови се променети.
Тргнувајќи од оваа претпоставка, хуманистите развија низа на терапии кои се фокусираат на различни проблематични аспекти. Најпозната терапија е Роџерсовата терапија, наречена и индирективна терапија или терапија насочена кон клиентот.

rougier-michael-dr-carl-rogers-during-group-therapy-session

Психодрамата е процедура развиена од Морено кој вели дека позитивната суштина на човековата природа лежи во спонтаноста и таа е спречена, се јавува психопатологијата. Гешталт терапијата, развиена од Пир вели дека психолошките проблеми се резултат на “незавршен гешталт”. Други слични методи се Логотерапијата, Трансакционата анализа, позитивната психотерапија и Ериксоновиот пристап.

gestalt
 Исто така, Роџерсовата терапија се уште ја користат голем број психолози во оваа ориентација и водечката теорија на процедурата е следната: личноста потполно ја развива својата личност и целосниот потенцијал преку актуелизација. Овој процес на крајот ќе доведе до вистинското ”себе”. Психичките болести се јавуваат кога општеството се меша и го попречува постигнувањето на целосниот потенцијал. Ова се случува кога вредноста на личноста е условена. Бидејќи личноста треба да се однесува на одреден начин, изразувајќи едни емоции и потиснувајќи други, таа личност престанува да биде своја и разива идеално ‘себе’. Невротичните симптоми се јавуваат кога постои голема бездна помеѓу двата концепти, која понатаму води до чувство на загрозеност, потоа до анксиозност и на крајот до одбранбени механизми, зголемувајќи ја неконзистентноста помеѓу двете ‘себе’.

frustrated seeker

Психолозите кои го користат овој пристап веруваат дека клучно во лекувањето на психичките болести е терапевтската врска. За разлика од другите терапии, во оваа терапевтот не поставува дијагнози бидејќи верува дека секоја личност е единствена и неповторлива и поради тоа не може да биде сместена во одредена категорија.

1905057657-arabella-richard-strauss-frankfurter-oper-ohne-kitsch-tief-ergruendet.9

Тие прават листа на проблеми, особено фокусирајќи се на емоционалните проблеми. Откако ќе ја завршат листата, психолозите започнуваат да поставуваат прашања, потоа слушаат и започнуваат конверзација со клиентот се цел да му овозможат да се почувствува слободен за да споделува. Целта на терапевтската врска е да му се даде можност на клиентот да доживее друг вид на врска отколку оние кои ги има во општеството и кои го блокираат развојот на неговото вистинско себе. Оваа врска помеѓу психологот и клиентот има три нивоа. На првото ниво терапевтот користи многу важен инструмент, безусловното прифаќање. Бидејќи не постојат критериуми поставени да се процени клиентот, тој ќе започне да се чувствува безусловно прифатен и може да започне да го изразува своето вистинско себе без страв и без да му се суди. Ако ова не функционира, проблемот може да биде во терапевтот. Може да постои недостаток на недоследност помеѓу тоа што го чувствува психологот и она што го изразува. Овој недостаток на недоследност се перцепира од клиентот како бариера во процесот на неговата целокупна експресија. Откако проблемот е решен, врската напредува на повисоко ниво каде фокусот е на довербата.

obese-girls-psychotherapy

 Кога клиентот започнува да му верува на терапевтот, врската го достигнува наредното ниво кое се нарекува “заедништво” или “трансформирачка терапија со доверба”. Во оваа фаза, клиентот има потполна доверба во терапевтот и може да зборува и да споделува се. Хуманистите сметаат дека клиентот е излечен во овој момент. Тие сметаат дека емпатијата на психологот, конзистентноста и безусловното прифаќање се неопходни и доволни за да му овозможат на клиентот да сфати дека е вреден без било какви наметнати услови и дека може да го развие своето вистинско себе, иако општеството не е од голема помош, туку повеќе е перепрека.

184720748 9d4d9e2a12

Како заклучок, хуманистичкиот егзистенцијално-искуствен пристап смета дека луѓето се родени со позитивна или неутрална природа. Со цел да ја развијат личноста, поединецот мора да го актуелизира својот потенцијал. Условите кои водат до постигнувањето на целосниот потенцијал на личноста се емпатија, конзистентност и безусловно прифаќање. Општеството има недостаток при овозможувањето на овие услови и поради ова некои личности развиваат психички болести. Клучот во лечењето лежи во терапевтската врска која цели кон постигнување на овие 3 неопходни и доволни услови.

chaise

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.