RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ГООООЛ!
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
7 СОВЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СВЕСТА
Понеделник, 05 Декември 2011
Слика
ИСТОЧНИ И ЗАПАДНИ ЕМОЦИИ
Среда, 03 Ноември 2010
Слика
Х-МЕН ЗАБРАНЕТ ЗА МОМЦИТЕ
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
ЖЕНИ И ТАЈНИ
Среда, 12 Јануари 2011
Слика
ВИДОВИ ТЕЛЕКИНЕЗА
Понеделник, 08 Август 2011
Слика
ЦРВЕНОТО Е СЕКСИ
Четврток, 27 Јануари 2011

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд



6 РАБОТИ ЗА ДЕПРЕСИЈАТА НА РОДИТЕЛИТЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2615 пати
Четврток, 21 Јули 2011 17:14

Депресијата никогаш не се случува во вакум. Како бранот во реката, болеста на родителот не може да помогне, туку може да влијае врз нејзиниот исход.

депресија

Разните студии документираа како депресијата кај новата мајка влијаат врз нејзините интеракции со нејзиното бебе или детенце. Депресивните мајки се поповлечени, помалку реагираат на сигналите на нивното новороденче. “Нивните фацијални експресии и изразувања на емоции се попригушени или фиксни, а нивните гласови се монотони,” објаснува Рута Нонакс во “A Deeper Shade of Blue.” “Тие остануваат неповрзани и не се ангажираат многу за да ги поддржат активностите и истражувањата на средината на нивните деца.”
Депресијата на мајката влијае и врз децата на школска возраст и адолесцентите.

депресивна мајка

Кога родителите не излегуваат во пресрет на потребите на луѓето под нивна грижа, некои деца стануваат импулсивни, имаа потешкотии на училиште, стануваат хиперактивни. Голем дел од нив започува да се изолира и, исто така, запаѓа во депресија.
Јас бев еден од оние кои спаѓаат во подоцнежните групи, мојата мајка помина низ тешка депресија кога татко ми го напушти домот. Бев петто одделение. Посакувам некој да седнеше да разговара со мене и да ми објасни што се случува, бидејќи бев потполно збунет.
Затоа составив листа на работи кои посакувам да ми беа објаснети. Можеби вие или некој кој го познавате е родител кој минува низ депресија и не знае како да му го објасни тоа на вашето дете. Се надев дека овие совети ќе ви помогнат.

депресивен маж

1. Вашата мајка или татко се болни.
Тоа е едно искрено, директно објаснување. Не треба да пребарувате по сите делови на мозокот: “Ова тука е хипоталамус. Тој е збунет. Исто така и хипокампусот.” Се што треба да кажете е дека мозокот не функционира правилно. Пораките кои треба да се примат се блокирани - како кога неколку одбранбени играчи не сакаат топката до стигне до целта. А тоа создава многу тага и плачење. Чудно е тоа што не го забележувате, како скршена нога. Но, многу е реално.
2. Вие не сте виновни.
Господе, посакувам некој да ми кажеше дека мајка ми е депресивна. Затоа што јас бев крајно убеден дека јас сум виновен. Мора да сум рекол или направил нешто страшно што ја вознемирило. Со часови се обидував да ја решам мистеријата. И се чувствувам ужасно виновен. Многу е лесно детето да се почувстува виновно за депресијата на родителот кога нема никој кој ќе му објасни зошто тато или мама плаче толку многу . Секое дете најмногу сака да го задоволи својот родител. Знае дека кога ќе направи нешто добро родителот се смее. Тоа значи кога родителот е несреќен мора да е поврзано со нешто што го направило детето.Но, не е така!

дете со солзи во очињата

3. Не го земајте тоа лично
Вообичаено, кога жените се депресивни тие се плачливи и нерасположени. Кога мажите се депресивни, тие се импулсивни и гневни. И едните и другите кажуваат работи кои не ги мислат. Но, детето не го знае тоа. Се што слушаат се зборовите и гневниот тон на зборовите и сето тоа го сфаќаат лично - повторно, како да се тие објектот на тагата во животот на родителот. Детето има поголема шанса да не стане депресивно доколку некој, можеби друг роднина или неговател, може да му објасни на детето дека мајка му или татко му додека се болни кажуваат работи кои не ги мислат, тоа е болеста која зборува, а не родителот.
4. Сеуште сте сакани.
Ова е единственото нешто што детето треба да го слушне. Сеуште си сакан! Апсолутно. Хух, какво олеснување. Бидејќи тоа е најголемиот страв. Знам. Сум бил таму. Не можев да помогнам, но сметам дека доколку јас бев одговорен за несреќата на мајка ми, тогаш таа не би требало да ме сака повеќе. Тоа не е корисно за психата на детето или пак за нервниот систем или кој било друг систем. Самата утеха од дознавањето дека е сакано ќе ја промовира нејезината отпорност и ќе ја заштити од ударот на депресивното проклетство.

родители и дете


5. Депресијата се лечи.
Секое дете треба да слушне дека неговиот родител нема да биде депресивен до крајот на неговиот живот, дека таткото кој го носеше на фудбалски тернинзи ќе се врати наскоро. Адолесцентот треба да знае дека депресиајта, за разлика од другите болести, е многу излечлива и има добра стапка на успех. Не зборуваме за рак во четврт стадиум. Мајката која волонтираше на екскурзиите? Таа може да се врати за наредната.
6. Побарајте помош.
Ова е многу тешко за детето. Тие не би требало да побараат помош; сепак, доколку никој во фамилијата не ја разбира депресијата, ќе мора тие да го направат тоа. Кога јас минував низ нервен слом, имав доволно среќа да имам сопруг и старатели кои можеа да ги прошетаат и да им објаснат на моите деца дека мајка им не се чувствува добро. Сепак, кога мојата мајка беше депресивна, јас не знаев каде да се обратам. Бидејќи луѓето во депресија се слаби комуникатори, најважно е да му се објасни на детето дека има други луѓе на кои може да им се обрати додека родителот не се чувствува подобро - не само да им помогне околу домашната, туку и да ја превземе одговорноста за училишните активности на детето итн. Детето треба да научи една многу важна животна вештина: да ги истакне потребите на другиот додека не ја добие помошта која му е потребна.

ракување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.