RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НЕВРОБИОЛОШКИ ОСНОВИ НА ОСАМЕНОСТА
Понеделник, 05 Ноември 2012
Слика
СТАОРЦИ И ДОПИР
Среда, 02 Март 2011
Слика
НАЈДЕПРИМИРАЧКИ ПРОФЕСИИ
Вторник, 27 Декември 2011
Слика
ЦРВЕНОТО Е СЕКСИ
Четврток, 27 Јануари 2011
Слика
ШОПИНГ ТЕРАПИЈА
Петок, 22 Јули 2011
Слика
ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПО ЖЕЛБА
Вторник, 09 Август 2011
Слика
ЦЕНАТА НА ИСКРЕНАТА НАСМЕВКА
Среда, 21 Септември 2011
Слика
ГЛАВАТА ГОРЕ Smile
Среда, 08 Декември 2010

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



ЗАВИСНОСТА ОД КАФЕ ГЕНЕТСКА?! PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3047 пати
Четврток, 14 Јули 2011 18:04

Генетиката може да помогне да се одреди колку кофеин посакува личноста, според ново истражување, според разликите во два специфични гени кои ги водат луѓето да конзумираат повеќе или помалку од најпопуларниот светски стимуланс.

зависник од кафе

Новото истражување укажува дека индивидуите кои носат таканаречена “висококонзумирачка” варијација на еден од гените, се испоставува дека пијат повеќе кафе, за разлика од оние кои носат “нискоконзумирачка” варијанта.
“Ова е навистина неверојатна приказна,” вели коавторот на студијата д-р Нил Капорасо, шеф на филијалата за генетска епидемиологија на Националниот институт за рак. “Луѓето всушност не се сомневаат во тоа, но генетиката игра голема улога во многу однесувања, како пушењето и конзумирањето на алкохол. А сега се испостави дека влијае и врз тоа колку кофеин конзумираме.”
Двата гени за кои станува збор се наречени CYP1A2 и AHR. Првиот порано беше поврзуван со процесот при кој се метаболизира кофеинот, додека AHR ја регулира активноста на CYP1A2.

зависност од кафе

“Сега веќе неколку децении е познато дека овој CYP1A2 ген го метаболизира кофеинот,” вели Капорасо. “Но, користењето на нова технологија, сега за прв пат покажавме дека овој ген е веројатно одговорен за наследните разлики во врска со конзумирањето на кофеин.”
Капорасо се придружи на колеги од Школата за јавно здравство на Харвард, Бригам и Воменс болницата, Универзитетот од Северна Каролина и други, за да ги објави овие наоди во списанието PLoS Genetics.
Студијата, финансирана од Националниот институт за срце, бели дробови и крв, истакна дека од осум во 10 американци кои конзимираат кофеин пијат кафе. Во глобала, кофеинот е најпопуларната психоактивна супстанца, со 90% од светската популација кои ја конзумираат во некоја форма.

капучино

Наодите за генетските основи на кофеинската конзумација потекнуваат од многу сложено преведување на специфичните наследни карактеристики заедно со шаблоните за внесување на кофеин, вклучувајќи повеќе од 47 000 американци со европско потекло во пет различни студии.
Мета анализите на студиите, кои беа спроведени помеѓу 1984 година и 2001 година, ја испитуваа просечната конзумација на кофеин, со секое внесување на кафе, чај, кока кола или други газирани пијалоци и/или чоколадо кај секој учесник.
Собирајќи ги сите податоци, Капорасо и неговите соработници открија дека оние кои носеа генотип со највисока потрошувачка било од CYP1A2 или AHR генот, конзумираа 40 милиграми повеќе кофеин во споредба со оние кои носеа генотип со најниска потрошувачка.
Според авторите, ова е приближно еднакво на количината на кофеин која се содржи во една лименка сода или во една третина од шоља со кафе.

смајли кафе

“Поентата е дека начинот на кој внесуваме кофеин не е случаен,” вели Капорасо, кој како и неговите соработници, не изјави конкурентни интереси. “Поврзано е со генетските карти кои ви се поделени. А тоа значи дека можеме да ги анализираме како брзи метаболитичари и бавни метаболитичари: луѓе кои пијат само едно мало кафе и се чувствуваат доволно “кофеинизирани” за цел ден и луѓе кои пијат две големи кафиња и една кока кола подоцна за да дојдат до истиот ефект.”
“Исто така, во овој случај опсервациите одат над кофеинот,” продолжи тој, “бидејќи еден од гените кој го идентификувавме не служи само за метаболизирање на кофеинот. Врши и многу други работи, како метаболизација на состојките на ракот, како и многу лекови.”
“Значи, сега имаме јасни генетски маркери кои можеме да ги тестираме за да откриеме како тие може да влијаат врз разни метаболички процеси,” вели Капорасо. “Но, во меѓувреме луѓето треба да го сметаат кофеинот како и обично, многу безбеден. Затоа уживајте. Всушност, прочитајте ја оваа статија додека пиете кафе,” одговори тој.

маж зависник од кафе

За својот дел, д-р Џон Џ. Мулвихил, член на Американскиот колеџ за генетика и професор по педијатрија на Универзитетот во Оклахома, го опиша истражувањето на кофеинот како “уште една тула во градењето на сликата на персонализираната медицина.”
“Во основа, тука се работи за единствената осетливост на секоја иднивидуа,” вели тој. “Сите ние сме единствен сплет на гени кои се во интеракција со единствена средина. Ова е фасцинантно, бидејќи кофеинот е доброволна ‘средина’ врз која е навлечен поголем дел од човечката раса.”
“И иако општото мислење за поголема или помала толеранција кон кофеинот не е ново откритие, клиничката корист од овој труд евентуално би можело да биде поврзано со фактот дека гените вклучени во метаболизот на кофеинот се вклучени и во метаболизацијата на други работи,” додава Мулвихил.
“Тоа би можело да значи дека еден ден пациентите или нивните доктори би можеле да го покренат прашањето за невообичаената осетливост на кофеин,” вели тој, “бидејќи тоа може да биде доказ дека постојат медикаменти на кои исто им е препишано невообичаено и непосакувано влијание врз пациентот. Значи, кофеинот може да има добро име. Но, може да се испостави дека е персонализирано знаме кое ги обележува загрижувачките прашања.”

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.