RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВАКЦИНА ПРОТИВ ПРЕДРАСУДИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
6 СОВЕТИ ЗА ЛЕСЕН СОН
Среда, 03 Август 2011
Слика
ХУМАНИСТИЧКИ ПРИСТАП
Понеделник, 02 Мај 2011
Слика
ОПТИМИСТИТЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО
Четврток, 31 Мај 2012
Слика
НИКОЈ НЕ СЕ РАЃА УЧЕН
Четврток, 17 Март 2011

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо



НАСИЛСТВО ВО ВРСКАТА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3459 пати
Четврток, 28 Април 2011 20:45

Девојки, дали некогаш сте биле во врска во која партнерот не самo што ве контролирал туку и се однесувал насилно кон вас?

насилство

Знаете како е да се живее со дечко кој сака да контролира се’? Знаете – оној кој диктира се’ што треба да направите, да знае со кого излегувате, до колку можете да останете и се’ друго во вашиот живот. Повеќето жени знаат како е тоа, вели едно ново истражување што откри дека скоро 7 од 10 жени имале искуство со ваков тип на дечко и вакво однесување.

Исто така, една од три жени признале дека не само што биле во врска со дечко кој сака да контролира, туку и биле во врска каде што биле малтретирани, физички и сексуално.

Истражувањето ја анализираше поврзаноста меѓу врските и сексуалното насилство како и однесувањата на ваквите машки преку анонимно и компјутерско интервју во здравствениот центар за репродукција.

тажна девојка

Од 603 жени (на возраст од 15 до 24 години) кои ја направија анкетата, 411 жени – цели 68% од жените признале дека имале искуство со мажи кои сакале да ги контролираат.

Повеќето од нив пријавиле само контролирачко однесување, а околу 38% пријавиле и дополнителни проблеми во нивните врски.

Меѓутоа, скоро 30% признале уште нешто повознемирувачко – тие биле жртви на физичко и сексуално насилство. Скоро 9% биле жртви на двата вида на насилство.

Авторите откриле дека има неколку фактори кои се поврзуваат со самото останување во ваква врска: девојките или биле тинејџерки (помеѓу 15 и 18 години), биле со мексиканско потекло, биле жртви на семејно насилство, имале повеќе бремености, биле сексуално злоупотребени, и се чувствувале непријатно да побараат од партнерот да стави кондом.

маж тепа жена

Од жените кои потврдиле дека се соочиле со вакви искуства, една од 10 жени ги доживеале сите форми на виктимизација – сексуална и физичка агресија како и контролирачко однесување од страната на партнерот.

На пример, 3,7% од жените пријавиле дека нивниот партнер барал од нив да побараат дозвола пред да одат на лекар, а 6,3% ги спречувале да контактираат со нивните пријатели и семејства.

Исто така, скоро 25% од жените пријавиле дека нивниот партнер ги игнорирал и бил индиферентен спрема нив. Дополнителни 26,5 проценти пријавиле дека нивните партнери ги спречиле да контактираат со пријателите.

жртва на насилство

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.