RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НЕМА СРЕДОВЕЧНА КРИЗА
Среда, 09 Март 2011
Слика
ШТО Е СИНЕСТЕЗИЈА?
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
ШТО Е ДВОЈНА ДИЈАГНОЗА???
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
СОЧУВАЈТЕ ДЕЛОВНА ТАЈНА
Понеделник, 03 Јануари 2011
Слика
СПРАВЕТЕ СЕ СО СТРЕСОТ НА РАБОТА
Понеделник, 17 Октомври 2011
Слика
МЕМОРИСКИ КАРТИЧКИ ЗА МОЗОК
Понеделник, 11 Јули 2011
Слика
ОБРАТНА ПСИХОЛОГИЈА
Среда, 10 Август 2011
Слика
ФАЛБАЏИСКИ ТВИТЕР
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
СО ГЕСТОВИ ДО РЕШЕНИЈА
Понеделник, 28 Февруари 2011

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј



СТОКХОЛМСКИ СИНДРОМ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4679 пати
Понеделник, 25 Април 2011 20:29

Дали е можно жртвите да сочувствуваат со нивните киднапери па дури и да им станат лојални?

жртва на киднапирање

Во текот на цели 18 години кои Џејси Ли Дагард наводно ги поминала како заложничка, сигурно се појавила можност таа да побара помош. Таа му помагала на нејзиниот наводен киднапер, Филип Гаридо во неговиот домашен бизнис со телефонските повици и електронската пошта. Имало ситуации кога и сама ги пречекувала гостите на врата. Дури и излегувала во јавност. Меѓутоа, никогаш не се обидела да побегне – секој ден се враќала во домот на човекот што наводно ја киднапирал и ја силувал. „Џејси е вистински приврзана за овој тип,“ – вели Карл Пробин, нејзиниот очув, „Таа се однесува како да е во брак со него.“

Колку и да изгледа збунувачки, реакцијата на Дагард за нејзиниот живот во заробеништво не е многу чудна. Не е возможно прецизно да се објасне, меѓутоа, една од најверојатните теории што се поклопува со ова однесување е онаа за Стокхолмскиот синдром, појавата кога жртвите сочувствуваат со нивните киднапери па дури и им стануваат лојални. Овој синдром името го доби за време на познатата кражба на Шведската банка. Во август 1973 година, крадците Јан-Ерик Олсон и Кларк Олофсон ги заробиле вработените во банката цели 6 дена. После ослободувањето, реакцијата на заложниците го шокира светот: тие ги бакнуваа и прегрнуваа нивните киднапери и им покажуваа лојалност додека киднаперите ги носеа во затвор. Иако потеклото на името Стокхолмски синдром не е сигурно, тоа често се поврзува со коментарите што ги давал шведскиот криминолог и психијатар Нилс Бејерот.

киднапирана жена

Стокхолмскиот синдром, исто така познат како трауматично поврзување, од страна на критичарите се смета како претерана реакција на медиумите. Извештаите на ФБИ  ги нарекуваат ваквите врски „пренагласени, премногу анализирани, премногу психолошки и премногу застапени во медиумите.“ Сепак, научниците продолжиле да ги анализираат реакциите на шведските службеници. Кога наследничката Пети Хеарст беше киднапирана од страна на Симбионеската ослободителна армија во 1974 година, таа стана нивни соучесник, го промени името и учествувала во кражба на банка заедно со оваа радикална политичка група.

Една деценија подоцна, на летот 874 од Атина во 1985 година, двајцата терористи насилно влегле во кабината на пилотите и ги натерале да се спуштат во Либан. Кога се спуштиле, тие ги заробиле патниците, им се заканувале со оружје, убиле еден од заложниците и го фрлиле телото на пистата. Сепак, откако заложниците биле ослободени, еден од нив изјавил: „Тие не беа лоши луѓе, ми дозволуваа да јадам, да спијам и ме оставија да живеам.“

киднапиран маж

Жртвите што биле држени во заробеништво за краток период не се единствените што изразуваат позитивни чувства за нивните киднапери. Шон Хорнбек, едно момче од Мисури што било киднапирано од страна на Михаел Девлин во 2002 година и било држено во заробеништво повеќе од 4 години, себеси се идентификувал како Шон Девлин кога пријавил во полицијата дека велосипедот му бил украден само 10 месеци после киднапирањето – го користел презимето на својот киднапер и не покажал никакви знаци дека е во опасност. Една година откако бил ослободен, на едно интервју на телевизија, неговите родители замолиле да не го прашуваат Шон зошто никогаш не пријавил.

Приказната на Наташа Кампуш е можеби и посериозна. Девојчето од Австрија беше киднапирано на 10-годишна возраст и била држена како заложник цели 8 години во подрум без прозорци. Нејзиниот киднапер бил Волфганг Приклопил. Таа избегала во август 2006 година. Меѓутоа, кога дознала дека тој се фрлил под воз само неколку часа откако избегала, таа не можела да ги задржи солзите: „Се’ што можам да кажам е дека мене ми е многу жал за него.“ – рече Кампуш во документарниот филм во 2007 година, и притоа го нарече Прикопил „кутра, изгубена и залутана душа.“ (експертите сметаат дека децата се особено ранливи и затоа полесно се поврзуваат со нивните киднапери, тоа е еден феномен на Стокхолмскиот синдром што е различен кај децата и возрасните.) Жртвите најчесто имаат големи шанси да се опорават од Стокхолмскиот синдром, велат експертите за ментално здравје, меѓутоа, начинот на опоравување зависи од природата и интензитетот на самата ситуација како и индивидуачниот пристап на жртвите кон целата ситуација.

девојче плаче

Меѓутоа, како што велат и критичарите на Стокхолмскиот синдром, овие жртви биле исклучоци. Според извештаите на ФБИ од 2007 година, 73% од жртвите не покажале никакви знаци на приврзаност кон нивните киднапери. Сепак, преговарачите често намерно се обидуваат да ги оформат овие врски помеѓу жртвите и киднаперите со тоа што им кажуваат на киднаперите за личниот живот на жртвите и нивното семејство. Теоријата вели дека ако жртвата го смета киднаперот за човек, тогаш тоа им е единствениот начин да преживее. Што значи, неволноста на Дагард да избега всушност била нејзината едниствена опција за слобода.

киднапирање

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.