RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПРАИСТОРИСКО КИНО
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
4 ПСИХОЛОШКИ ЗАБЛУДИ
Понеделник, 14 Март 2011
Слика
ЗОШТО ЛИДЕРИТЕ ПОТФРЛААТ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
СКРИЕНА ИЛИ МАСКИРАНА ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 03 Септември 2013
Слика
ДУШО, СЕ СМРЗНАВ
Четврток, 17 Март 2011
Слика
И ПТИЦИТЕ МОЖАТ ДА ТАНЦУВААТ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
ПАРИТЕ НЕ НОСАТ СРЕЌА
Среда, 12 Јануари 2011

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



ШТО Е ДЕПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА? PDF Печати Е-пошта
(4 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 8997 пати
Вторник, 12 Април 2011 00:00

Дали некогаш сте се набљудувале себеси од надвор, како да сте некоја друга личност а гледате во себеси?

деперсонализација

Не зборуваме за самоанализа кога ги анализирате вашите постапки и одлуки од перспектива на трето лице. Навистина, дали буквално сте се виделе себеси надвор од вашето тело како да сте во некој сон? Сигурно ова звучи смешно за некои од вас, меѓутоа оние кои го доживеале ова, знаат какво е чувството. Епа, многу луѓе го доживеале овој чуден феномен кога биле во екстремно опасна ситуација. Меѓутоа, ако навлезат подлабоко, резултатот може да биде нарушување на деперсонализација, како што би го нарекле во психијатријата и психологијата. Пред да дознаеме нешто повеќе за лекувањето на деперсонализацијата, мора прво да станеме свесни за ова нарушување.

деперсонализираност

Што е деперсонализација?

Овој вид на нарушување се карактеризира со непријатна состојба кога личноста ги чувствува индивидуалните промени како оддалечени и неповрзани со сопственото тело и мисли. Ова се случува кога се нарушува работата на механизмот за самосвесност на човечкиот мозок. Со прости зборови, личноста ја губи самосвесноста но не и контактот со реалност. Тоа е исто како личноста половично да сонува, а другата половина од мозокот е свесна. Ова нарушување предизвикува прикини во меморијата, свесноста, идентитетот, перцепцијата и останатите ментални процеси. Прекинот во една или повеќе функции доведува до нарушена деперсонализација.

Една епизода на депресонализација може да трае неколку минути или пак неколку години. Меѓутоа, ова нарушување генерално се појавува како симптом за други психотични нарушувања или напади и ретко се јавува како посебно нарушување. Причини за појавата на вакво нарушување можат да се некои доживувања кога бил загрозен животот на жртвите, на пример војни, несреќи, природни непогоди, повреди, насилство и сериозни болести и повреди. Примарниот симптом на ова нарушување е појавата на изместена перцепција  за телото кај пациентот кога губи контрола врз сопственото тело и сопствените мисли. Ваквиот страв може да резултира со депресија, вознемиреност и напади на паника бидејчи лицата мислат дека полудуваат. Вавките симптоми можат да имаат големи последици врс личните врски на лицето.

напад на деперсонализација

 

Лекување на ваков вид на нарушување

Генерално, луѓето кои доживеале тешки трауми во животот, најдобро се лекуваат ако имаат соодветна емоционална поддршка. Меѓутоа, ако овие симптоми се повторуваат и траат подолг период, тогаш потребно е ваквото нарушување да се лекува. Постојат посебни тестови за да ова нарушување, но докторите што генерално се психолози, ја анализираат сериозноста на симптомите заедно со менталните и физичките карактеристики на пациентот. Притоа, тие ја проверуваат и медицинската историја на пациентот и потоа даваат дијагноза.

Бидејќи симптомите на деперсонализација се јавуваат поради трауми, главната терапија е всушност психотерапија проследена со психо социјална и психо фармаколошка терапија. Покрај ова, се препорачува когнитивна терапија, фамилијарна и креативна терапија која вклучува музика или друга уметност, како и клиничка хипноза. Ако  деперсонализацијата е симптом за друга ментална болест како на пример депресија или вознемиреност, тогаш се препорачуваат и медикаменти и други терапии што го лечат ова нарушување. Во некои случаи, докторите користат и посебни методи за да го намалат менталниот стрес на пациентот и да ја подобрат неговата психолошка состојба. Станува збор за разговори кои се водат во специјализирани центри.

Терапијата за деперсонализација трае се’ додека пациентот не е целосно излечен и кога симптомот не се појавува веќе. Сепак, генериката и околината играат голема улога во тоа колку брзо пациентот се опоравува. Можеби не е возможно да се спречи деперсонализацијата меѓутоа може да се спречи раната фаза на депресија и да се подобри менталното здравје со правилна терапија.

нарушување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.