RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

„Чудовиштето кое најмногу го познава и од кое најмногу се плаши едно дете е чудовиштето кое чувствува дека самото е или се плаши дека може да биде“

Бруно Бетелхајм



ВИНОВНИК ЗА ЖЕНСКАТА ДЕПРЕСИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5543 пати
Петок, 01 Април 2011 00:00

Немањето на соодветен партнер кој ќе им пружи поддршка е најголемата причина за појавата на депресија кај идните мајки.

бремена жена

Една вознемирувачка вест за бремените жени – особено за тие кои ненамерно забремениле или пак забремениле за да ја спасат врската – едно истражување открива дека грижите на жената за идниот татко можат да се штетни не само за нејзиното ментално здравје туку и за нероденото дете.

Мајчинското чувство на стрес е всушност депресија кај бремените жени. Тука станува збор за вистинска депресија, а не онаа при која трудниците се жалат дека се здебелиле. Овој вид на депресија се поврзува со раѓање на недоносено дете, раѓање дете со мала тежина и останати последици кои влијаат врз здравјето на детето.

депресија

Сега едно ново истражување покажува дека најдобриот показател за депресијата кај жената е нејзината врска со партнерот. Истражувањето било спроведено врз 50 000 бремени жени во Норвешка.

Проблемите на работа, болестите и проблемите со алкохолот исто така се поврзани со депресијата кај мајките.

поддршка од партнерот

Меѓутоа, немањето на партнер за поддршка е најголемата причина за појавата на депресија кај идните мајки. Исто така важи и обратниот случај – жените кои имале поддршка од партнерот, многу добро се справувале со стресот за време на бременоста што може да е поврзан со земањето слободен период од работа за време на бременоста, нередовните работни часови, слабите примања и честото движење. Надвор од оваа конкуренција беа постарите мајки кои многу добро се справувале со тешкотиите на бременоста.

Истражувањето спроведено од научници од Универзитетот во Колумбија пак, открија дека фетусите кај депресивните жени покажувале знаци на стрес кога мајките требало да извршат потешка ментална задача, што не било случај кај мајките кои немале проблем со депресијата, иако станувало збор за иста задача.

тажна жена

Ефектите од предвременото раѓање и депресијата оставаат последици и во поширокото семејство, и затоа истражувачите предлагаат овој проблем да стане тема за јавна дискусија. „Неуспехот да се препознае и да се лекува овој емоционален стрес за време на бременоста остава последици врз мајката и врз детето, но и врз поширокото семејство.“ – вели Гун-Мете Росанд од норвешкиот институт за јавно здравство. „Многу е значајно да се обрне внимание на жените кои немаат поддршка во нивната врска.“

депресивна бремена жена

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.