RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
Е, ТОА БОЛЕШЕ!
Понеделник, 08 Ноември 2010
Слика
УЧИТЕЛКА РОБОТ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ДРОГА ПРОТИВ КРАЖБИ
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
РОБОТИТЕ МАМАТ И ЛАЖАТ
Вторник, 16 Ноември 2010
Слика
ДЕПРЕСИВЕН ФЕЈСБУК
Понеделник, 07 Февруари 2011
Слика
АГРЕСИЈАТА КАЈ ЖЕНИТЕ Е ГЕНЕТСКА
Вторник, 09 Ноември 2010
Слика
И ПТИЦИТЕ МОЖАТ ДА ТАНЦУВААТ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
И МАЖИТЕ МОЖАТ ДА ДОЈАТ?!?
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
7 МИТОВИ ЗА БРАКОТ
Петок, 26 Август 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



ГЕНЕТСКО РАСТРОЈСТВО PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3896 пати
Петок, 25 Март 2011 01:00

Варијација на генот неурокан ги прави луѓето поподложни на биполарно растројство.

биполарна жена

Една нова студија овозможува фасцинантен поглед во генетската основа на биполарното растројство, наследно растројство кое се карактеризира со рекурентни епизоди на манија и депресија. Истражувањето, објавено во American Journal of Human Genetics, го идентификува претходно непознатиот фактор на осетливост за биполарното растројство.

биполарен маж

Студиите на Асоцијацијата за геноми (GWAS) овозможија систематско одвојување на сета ДНК од многу индивидуи со цел да се идентификуваат генетските промени поврзани со одредена болест. Сепак, доесга овие студии не се покажаа подеднакво успешни како кај неколку други слични заболувања, како дијабетес од типот II, Кронова болест и шизофренија. Д-р Свен Сихон, од Универзитетот од Бон во Германија, заедно со неговите колеги д-р Маркус М. Нојтен (Универзитетот од Бон) и д-р Марсела Рајчел (Централен институт за психичко здравје, Манхејм), ги водеа GWAS и критичката паралелна студија. Истражувањето беше спроведено во две фази, врз примероци  од голем број на клинички добро карактеризирани европски, американски и австралиски индивидуи со биполарно растројство.

Д-р Сихон и колегите открија дека генетската промена во генот неурокан (NCAN) покажа значајна поврзаност со биполарното растројство кај илјадници пациенти. Важно е што во паралелната студија, овие наоди беа пресликани во десетици илјади индивидуални примероци од биполарно растројство. Истражувачите покажаа дека верзија од овој ген кај глувците, која е опишана како Ncan и за која се смета дека е вклучена во невронската адхезија и миграција, е високо изразена во мозочните области кои се поврзани со когницијата и регулацијата на емоциите.

растројство

Иако глувците без функционална Ncan не манифестираа очигледни дефекти во мозочната стуктура или во основната клеточна комуникација, сепак се испостави дека постои одредена пречка во механизмите поврзани со учењето и меморијата – а кои се поврзани со когнитивниот недостаток забележан кај биполарното растројство. Сепак, авторите предупредија дека глувците со деифицит на Ncan треба да бидат повторно испитани за посуптилни мозочни промени и бихејвиорални абнормалности.

мозок

“Нашите резултати овозможуваат силни докази дека генетската варијација во генот NCAN е чест ризичен фактор за биполарно растројство,” заклучи д-р Сихон. “Сега е потребна понатамошна работа за да дознаеме повеќе за биолошките процеси во кои е вклучен NCAN и како неговите варијации на NCAN ги пореметуваат невронските процеси кај пациентите со биполарно растројство.”

биполарност

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.