RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ГЛАВАТА ГОРЕ Smile
Среда, 08 Декември 2010
Слика
КАКО ДА ГИ НАДМИНЕТЕ ФОБИИТЕ?
Вторник, 29 Ноември 2011
Слика
ТРОШЕЊЕ ЗА ПРЕСТИЖ
Понеделник, 31 Јануари 2011
Слика
АЛТРУИЗАМ ОД ВОЈНА?
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
РАМ МЕМОРИЈАТА ВО НАШИОТ МОЗОК
Четврток, 13 Октомври 2011
Слика
"ПРОЧИТАЈТЕ" ГИ ТУЃИТЕ МИСЛИ
Четврток, 27 Октомври 2011
Слика
ФАТАЛНО УНАПРЕДУВАЊЕ
Петок, 24 Декември 2010
Слика
И НА ПРИВЛЕЧНИТЕ НЕ ИМ Е ЛЕСНО
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
ТАНЦ ТЕРАПИЈА
Вторник, 23 Ноември 2010

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



НАСИЛСТВОТО ГО УНИШТУВА МОЗОКОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 2682 пати
Среда, 23 Март 2011 00:19

Насилството влијае разорно врз генетската активност на мозокот, покажува едно истражување направено врз глувци.

насилни деца

„Исто како што алкохолот влијае врз џигерот, стресот влијае врз мозокот,“ – вели главниот истражувач Јоав Литвин од Рокефелер Универзитетот во Њујорк. Нервозата што се создава при задевање се базира на организмот, вели Литвин, што значи дека може да се појави од физичките промени во мозокот.

Во истражувањето, возрасните машки глувци биле подложни на понижување. (Се смета дека глувците реагираат на стрес многу слично на луѓето).

Истражувачите поставиле мал глушец во кафезот на голем и постар глушец. Поради инстинктивната територија на глувците, секогаш имало борба во која секогаш губел новодојденецот. Борбите не биле многу груби, ама помладиот глушец брзо сфатил дека се наоѓал пониско на социјалната скала. (Експериментот предизвикал повеќе социјален стрес отколку физичка штета.)

глушец

Истиот глушец бил поставен во 10 различни кафези во 10 различни денови – и секој пат бил победен од станарите во кафезите кои постојано го заплашувале. Потоа, истражувачите го анализирале мозокот на глушецот, особено деловите поврзани со емоциите и социјалното однесување како што се амигдалата и латералната преграда која е лоцирана близу средината на предниот мозок.

Кај глушецот, гените за хормонските рецептори одговорни за осетливоста на мозокот кон одредени социјални стимули станале поактивни и довеле до зголемување на дополнителните рецептори. (Рецепторите функционираат како хормонски патишта; кога мозочниот регион има повеќе рецептори, повеќе хормонски молекули се појавуваат истовремено и прават мозокот да стане осетлив на нивото на хормонски молекули во средината.)

Амигдалата и латералната преграда стануваат поосетливи на вазопресин – хормон вклучен во многу различни социјални интеракции кои ја вклучуваат и агресијата меѓу мажите.

глувчиња

Социјална вознемиреност

Преголемата осетливост може да предизвика жртвата да се чувствува исплашена дури и во ситуации кога е безбедна. На крајот на истражувањето, откако поминал сам цел еден ден, глушецот се здрвил и стоел настрана иако бил ставен во друштво на пријателски расположени глувци.

Сеуште не се знае колку долго траел овој ефект, ама податоците покажуваат дека жртвите на насилство имаат проблеми при започнувањето нови пријателства, вели Литвин, и тоа се случува поради постојаната социјална вознемиреност.

Истражувањата со животни и луѓе претходно покажале дека психолошките малтретирања оставаат долготрајни последици, вели тој.

насилство

„Сепак, овие мозочни системи се динамични,“ – вели Литвин. „Ако оди во еден правец, може и да оди и во обратен – иако не значи дека процесот целосно се свртува.“

Истражувачите го смирија вознемирениот глушец со еден специфичен лек што го направи неговиот мозок помалку осетлив на вазопресин. „Меѓутоа, не се лекува само со ваков лек,“ – вели Литвин.

Исто како што негативните врски влијаат врз мозокот, тоа го можат и позитивните, вели тој. Како еден социјален орган, мозокот може физички да се менува и притоа да се лекува со помош на поддршката на пријателите.

Ако социјалната вознемиреност е прилично силна, позитивната врска со терапевт може да е првиот чекор кон подобро, вели Литвин.

насилство

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.