RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ФИЛМСКО ВЛИЈАНИЕ
Вторник, 22 Февруари 2011
Слика
ХУМАНИСТИЧКИ ПРИСТАП
Понеделник, 02 Мај 2011
Слика
ЉУБОВ, АХ ЉУБОВ
Вторник, 14 Февруари 2012
Слика
АЛКОХОЛ И НИКОТИН
Понеделник, 07 Февруари 2011
Слика
10 ОСОБИНИ НА УСПЕШЕН МАЖ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
СЕЛЕКТИВНА ПЕРЦЕПЦИЈА
Понеделник, 28 Март 2011
Слика
10 ГРЕШКИ ВО ЉУБОВНАТА ВРСКА
Четврток, 29 Септември 2011
Слика
ШТО Е ДЕПРЕСИВЕН РЕАЛИЗАМ?
Четврток, 04 Октомври 2012
Слика
РОДИТЕЛИ, БЕЗ НАСИЛСТВО!
Вторник, 30 Ноември 2010

Каде и да одам, гледам дека некој поет бил таму пред мене.

Зигмунд Фројд



ОД ТРЕВКА ДО ПСИХОЗА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5645 пати
Среда, 16 Март 2011 01:00

Луѓето што конзумираат марихуана во младостa можат драматично да го зголемат ризикот за добивање симптоми на психоза.

лист марихуана

Интензивната конзумација на марихуана во младоста може да го зголеми ризикот за појава на психотични нарушувања во понатамошниот живот, велат научниците.

Резултатите од 10-годишното истражување кое ги поврзува психозата и конзумирањето марухуана покажаа дека употребата на марихуаната двојно го зголемува ризикот за развивање симптоми на психотичност.

Експертите кои ги разгледуваа резултатите велат дека основната цел на здравствените власти е да ги спречат младите луѓе да користат марихуана со што ќе се намали и ризикот од развивање психоза.

мозок и марихуана

„Ова истражување е само уште еден доказ дека конзумирањето на традиционалната марихуана само придонесува кон развивањето психотични состојби како што се шизофренијата,“ – вели Робин Муреј од Институтот за психијатрија на Кингс колеџот во Лондон, кој не беше дел од истражувањето.

Овие резултати се надоврзуваат на претходните податоци од истражувања кои потврдија дека младите луѓе кои пушеле марихуана шест или повеќе години се двојно повеќе склони кон психози и појави на халуцинаци.

Марихуаната е најчесто конзумираната нелегална дрога во светот, особено користена од адолесценти и многу штетна по менталното здравје во натамошниот живот на младите што ја користат.

тревка

Меѓутоа, научниците велат дека сеуште не е јасно дали врската меѓу марихуаната и психозата е случајна, или пак луѓето со психоза намерно користат марихуана како лек за да ги смират симптомите.

За оваа цел, тим на холандски научници на чело со Џим ван Ос од Универзитетот во Мастрихт спроведе истражување врз 1 923 адолесценти од 14 до 24 години кои беа одредени по случаен избор.

Истражувањето се одвивало во Германија, а истражувачите претходно ги поделија испитаниците на две групи: оние кои веќе конзумирале марихуана и оние кои имале симптоми на психоза за да ја откријат врската меѓу новата марихуана и психозата.

психоза

Тие открија дека таканаречениот “инцидент”, односно, новиот вид на употреба на марихуана го зголемува двојно ризикот за нови симптоми на психоза, дури и кога во обзир се земаат факторите како што се возраста, полот, социо-економскиот статус, употребата на други дроги и останати психијатриски проблеми.

Исто така, открија дека кај тие што веќе користеле марихуана на почетокот на истражувањето, зголемената употреба им го зголеми ризикот од појавата на постојани симптоми на психоза. Немаше никакви докази дека ја користат марихуаната за само-лечење бидејќи симптомите на психоза не ја предвидоа употребата на марихуаната, велат тие.

марихуана како лек

Петер Киндерман, професор по клиничка психологија на Универзитетот во Ливерпул, вели дека властите треба да преземат “претпазлив и смислен пристап кон легализацијата на марихуаната.”

„Значајно е да се сфати дека психозата е многу комплексен био-психо-социјален феномен...но овој значаен лист хартија покажува со сигурност дека има силна врска со употребата на марихуана,“ – вели тој.

човек и марихуана

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  

Коментари  

 
+1 #2 RE: ОД ТРЕВКА ДО ПСИХОЗАКој 02-01-2013 02:32
vo sekoj slucaj, ne e merilo za zdravje da se bide dobro priviknat na dlaboko bolno opstestvo
Цитирај
 
 
0 #1 RE: ОД ТРЕВКА ДО ПСИХОЗАКој 02-01-2013 02:30
LOL, dobra e stranava, doktorska so doktori na koi farmacevtskata indusrija im kazuva koi lekovi da gi preporacuvaat na pacientite, redoven pusac na Kanabis veke 20tina godini i kako sto edna druga statija veli deka go namaluva IQ istotaka laga, koga prv pat pravev IQ test (ofisijalen) rezultatot bese 125 na devijacija 15, pred necela godina povtorno go prave istiot test sega rezultat 135, testot e oficijalen i testiraniot nema pristap do odgovorite i otkako ke go resi istiot
Цитирај
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.