RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТРЕТО ОКО
Вторник, 12 Април 2011
Слика
ШЕФОТ ШТЕТЕН ЗА БРАКОТ
Вторник, 10 Јануари 2012
Слика
ЗОШТО СТЕ СЕУШТЕ СИНГЛ?
Среда, 07 Септември 2011
Слика
ИЗБОРЕТЕ СЕ СО ПАНИКАТА
Среда, 30 Март 2011
Слика
ШТО ГИ ПРАВИ ЛУЃЕТО РАЗЛИЧНИ??
Сабота, 08 Октомври 2011
Слика
ПИШТОЛ ЗА ТЕСТОСТЕРОН
Среда, 20 Април 2011
Слика
РАБОТА ИЛИ СЕМЕЈСТВО
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
МАЈМУНСКА ПРОСТИТУЦИЈА
Недела, 23 Јануари 2011

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



10 НАЈДЕСТРУКТИВНИ ОДНЕСУВАЊА 2 ДЕЛ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2848 пати
Четврток, 17 Февруари 2011 20:06

Крадење, лажење, неверство...листата на деструктивни човекови однесувања е навистина долга. Зошто се случува ова?

лажење

Лажење

Никој не знае зошто луѓето толку многу лажат, но, истражувачите сметаат дека ова е општа појава и е тесно поврзана со подлабоки психолошки фактори.

„Лажењето е поврзано со самопочитувањето,“ – вели Роберт Фелдман, психолог на Универзитетот во Масачусетс. „Штом луѓето се почувствуваат загрозени, веднаш почнуваат да лажат.“

Според истражувањето на Фелдман, 60 проценти од луѓето кажуваат најмалку една лага во текот на еден десетминутен разговор.

Лажењето не е лесна работа. Според истражувањето, процесот на лажење трае 30 проценти подолго отколку кажувањето на вистината.

Друго истражување покажува дека во денешно време, луѓето повеќе лажат при пишувањето на имејл пораки отколку порано, кога пораките се пренесувале со писма.

Дали луѓето лажат намерно или не е сосема друга работа. За да го сфатиме тоа ќе треба да измислиме една сложена дефиниција за лажењето.

„Прво, една личност мора да каже нешто и да поверува дека не е точно. Второ, мора да ги натера другите да поверуваат дека тоа што го кажал е точно. Ова е дефиниција за лага.“

И животните знаат да залажат, па дури и роботите научија да лажат во еден експеримент каде беа казнувани или наградени, зависно од тоа како се покажале во споредба со другите роботи.

неверство

Неверство

Иако повеќето би рекле дека искреноста е доблест, скоро еден на секој петти Американец смета дека затајување на данок е морално прифатливо, - покажува едно истражување. Околу 10 проценти пак, сметаат дека неверството е морално прифатливо.

Луѓето кои зборуваат за високиот морал се најчесто најстрашните измамници, покажуваат студиите. Најтешките измамници се тие кои го величаат моралот а од друга страна, го оправдуваат неверството во одредени ситуации. Објаснувањето е едноставно: мажите секогаш бараат секс, и затоа изневеруваат повеќе од жените.

„Луѓето не го практикуваат тоа што го зборуваат,“- вели Лоренс Џосеф, психолог на Универзитетот во Њујорк.

крадење

Крадење

Кражбите најчесто се случуваат поради нужност. Но, клептоманите крадат само поради чувството на возбуда што го добиваат за време на кражбата. Според една студија, 11 проценти од 43 000 луѓе признаваат дека украле нешто.

„Ова се луѓе кои крадат предмети кои не мораат да ги украдат,“ – вели Џон Грант од Универзитетот во Аризона.

Во едно истражување од 2009 година, испитаниците земаа плацебо лекови или пак налтрексон – предизвикувач на зависност од алкохол, дрога и коцкање. Налтрексонот го блокира ефектот на супстанциите наречени ендогени опивки кои, според истражувачите, се ослободуваат при кражба и го поттикнуваат сетилото за задоволство во мозокот.

Можеби потребата за крадење ни е во гените. Сепак, и мајмуните крадат. Мајмуните капуцинери пуштаат звуци за да ги предупредат останатите да се разбегаат и да избегнат опасност. Меѓутоа, другите ги испуштаат истите звуци и ги собираат плодовите откако останатите ќе се разбегаат.

насилство

Нагон за насилство

Насилството е присутно во целата човекова историја, а овој факт ги наведува истражувачите да мислат дека луѓето се склони кон насилство, тоа е во гените и влијае врз центрите за победа во мозокот. Меѓутоа, пред милиони години, доказите покажуваат дека нашите прастари предци биле помирољубиви од денешните луѓе, секако, ако се занемарат доказите за канибализам меѓу најраните праисториски луѓе.

Истражување од 2008 година тврди дека луѓето имаат нагон кон насилство исто како што имаат нагон за секс, храна или дрога.

„Агресијата е заедничка за сите ’рбетници бидејќи за нив е битно да си ги сочуваат партнерите, територијата и храната,“ – вели Крег Кенеди од Универзитетот во Тенеси. „Откривме дека чувството за победа се поттикнува при агресивност и активација на допамин.“

Многу истражувачи сметаат дека насилството кај луѓето се јавило поради потребата за преживување.

„Агресивното однесување прилично еволуирало кај видовите чиј опстанок е загрозен, а ова многу зависи од околината, социјалните, репродуктивните и историските фактори. Во секој случај, луѓето се едни од поагресивните видови,“ – вели биологот Дејвид Кариер од Универзитетот во Јута.

пушење

Склоност кон лоши навики

Можеби сите горенаведени однесувања не би биле толку проблематични ако луѓето брзо се откажуваа од нивните навики. Всушност, истражувањата покажуваат дека и кога се свесни дека имаат лоша навика, луѓето не се откажуваат.

„Не е дека не знаат дека имаат навика која им штети,“ – вели Синди Жардин од Универзитетот во Алберта. „Имаме навика да размислуваме од денес за денес, а не за утре.“

Жардин посочува неколку причини зошто луѓето се склони кон лоши навики:

1. Непочитување на сопствената личност

2. Потреба за чувство на припадност во општеството

3. Неспособност за сфаќање на вистинскиот ризик од лошата навика

4. Индивидуален став кон светот и потребата да се рационализираат нездравите науки

5. Генетски предиспозиции за зависност

Луѓето ги оправдуваат нивните лоши навики преку статистика: „Се уште сум жив“ или пак „Баба ми пушеше цел живот и ја доживеа деведесеттата.“

депресивен маж

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.