RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
БЕЗ РЕПРИЗИ, МОЛАМ
Четврток, 16 Декември 2010
Слика
СО АПЧИЊА ЗА СПИЕЊЕ ВО СМРТ
Вторник, 22 Март 2011
Слика
ДАЛИ СТЕ СЕКС ЗАВИСНИК?
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
СИТЕ СМЕ ПАРАНОИЦИ
Среда, 08 Декември 2010
Слика
ТЕОРИЈА ЗА ЖЕНИТЕ ВОЗАЧИ
Четврток, 08 Декември 2011
Слика
ШТЕТНИ АНТИДЕПРЕСИВИ
Вторник, 26 Април 2011
Слика
ТЕРОРИСТИТЕ НЕ СЕ ЛОШИ ЛУЃЕ
Среда, 10 Август 2011
Слика
ФЕНОМЕН НА СТРАВОТ
Петок, 17 Декември 2010

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд



ЛИЦЕ НА АГРЕСИЈАТА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3098 пати
Сабота, 15 Јануари 2011 00:06

Релативно големата диспропорција помеѓу ширината и висината на лицето може да ја објасни агресијата кај некои мажи.

маж со широко лице

Наредниот пат кога ќе избие тепачка на еден хокеј натпревар, обвинете го типот со широко лице. Иако наодите не се толку категорични, ново истражување укажува дека мажите со поголем ширина-висина на лицето се поагресивни, како на теренот, така и вон него.

Кога момчињата влегуваат во пубертет, тестостеронот често ги издолжува и зголемува нивните вилици и го истакнува делот околу веѓите. Исто така, овој хормон го зголемува и односот ширина-висина на лицето, во споредба со растојанието помеѓу јаболкниците со растојанието помеѓу горната усна и веѓите. Минатата година, палеонтологот Еленор Вестон од Музејот за национална историја во Лондон, од анализите на черепите заклучи дека овој однос е поголем кај мажите и дека разликата не зависи од нееднаквоста во големината на телото кај мажите и жените. Заинтригирана од овој наод, бихејвиоралниот невролог Шерил Меккормик и психологот Џастин Каре од Универзитетот Брок во ст. Катарини, Канада, одлучија да откријат дали овој однос е поврзан со агресивноста, која исто така зависи од нивото на тестостерон.

тастер

За го откријат тоа, истражувачите најпрвин го измерија фацијалниот однос ширина-висина кај 88 машки и женски доброволци. Тогаш на субјектите има дадоа тест кој вклучуваше притиснување на тастери за стекнување поени, потоа одбрана на поените од противниците или пак одземање на поени од противникот. Во последниот случај, играчот не го добива поенот, но барем се здобива со задоволството на крадење од противникот. Машките испитаници почесто краделе поени од противниците, во споредба со жените. Ова однесување психолозите го сметаат како соодветна мерка за агресивните тенденции. Резултатите од тестот не дадоа никакви претпоставки за лицето на жените, но мажите со релативно пошироко лице имаа тенденција да покажуваат повеќе агресија; 15% од индивидуалните разлики во агресивното однесување би можеле да се објаснат со индивидуалните разлики во односите на лицето, изјавува тимот за Proceedings of the Royal Society B.

Пренесувајќи ги експериментите во реалниот свет, истражувачите графички ги претставија односите на лицето на своите колеги и професионалните хокеари од нивните слики на Интернет. Бараа врска помеѓу овие наоди и индикаторот за агресија во хокејот: времето поминато во казнениот простор, казна за неадекватно однесување, како удирање со лакт или удирање на противникот со хокеарскиот стап. Овој пат, истражувачите открија дека 30% од од агресивното однесување изложено од мажите може да се припише на морфологијата на нивните лица.

агресивен маж

Научниот тим заклучи дека овој аспект на структурата на лицето кај мажите може да биде јасен сигнал за наклонетоста кон агресивно однесување. Авторите истакнуваат дека заканувачните изрази вклучуваат спуштање на веѓите и подигнување на горната усна, што го зголемува соодносот на лицето, укажувајќи дека природната селекција ги направила луѓето особено чувствителни на тоа.

Истражувањето е “навистина добар чекор напред со цел да го сфатиме биолошкото влијание врз социјалните перцепции,” вели психологот Јан Пентон-Воак од Универзитетот во Бристол, Велика Британија. Вестон има одредени сомнежи за веродостојноста на мерењата направени врз слики од Интернет.

Покрај тоа, таа вели: “Импликациите од ова се многу возбудливи во поглед на разбирањето како еволуирало човековото однесување” во однос на обликот на телото.

непријателско однесување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.