RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СЕ СМРЗНАВ ОД СТРАВ
Понеделник, 10 Јануари 2011
Слика
ВИСТИНАТА ВО СОНОВИТЕ
Вторник, 12 Јули 2011
Слика
ДВОЈНИОТ ЖИВОТ НА ЖЕНИТЕ
Понеделник, 21 Март 2011
Слика
ПАРИ ИЛИ МОТИВАЦИЈА?
Сабота, 22 Јануари 2011
Слика
КОМПЈУТЕРСКА УБАВИНА
Петок, 17 Декември 2010
Слика
ПОВЕЌЕ ПАРИ, ПОНЕСРЕЌЕН БРАК
Среда, 26 Октомври 2011

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно



ИСТОРИЈА НА ЧОВЕКОВАТА АГРЕСИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4720 пати
Понеделник, 10 Јануари 2011 23:35

Кој би рекол дека пронаоѓањето на радиото или работата на инженерите го промени текот на војувањето низ историјата?

борба

Употребата на оружја можеби датира од пред почетокот на човештвото. Како доказ за тоа служи фактот што дури и нашите најблиски роднини, шимпанзата, можат да користат копја за да ги ловат другите примати. За да видиме како агресијата и борбата еволуирале од битки еден-на-еден до светски војни, ќе ги разгледаме 10-те најголеми иновации кои ја револуционизираа историјата на борбата.

10. Стрела

Најрано пронајдените остатоци од стрели - коска пронајдена во пештерата Сибуду во Јужна Африка - укажува дека ова оружје датира од пред 60,000 години. Лакот и стрелата го револуционизираа војувањето така што овозможија напад од дистанца со многу помал ризик за напаѓачот. Иако, самострелот често ги заменувал рачните стрели кај средновековните армии, бидејќи е потребен помал тренинг за употреба и може да има поголема сила на пенетрација, долгиот лак во вистински раце може да постигне поголема брзина на стрелата со разорувачки ефекти, како што ни откриваат битките за Креси во 1346 година и Агинкорт во 1415 година. После долготрајна употреба, стрелата беше истисната со појавата на огненото оружје.

стрела

9. Коњи

Многупати,  коњите го променија текот на светската историја. Силниот грб им овозможи на коњите да ги носат средновековните витези со тешки оклопи, додека нивните брзи нозе му помогнаа на Александар Македонски да го освое поголемиот дел од тогаш познатиот свет, а на Монголите да ја изградат најголемата империја во историјата на светот. Нивните извонредни способности за формирање на коњаница доведоа до еволуција на долгите копја кои можеа да ги заштитат, како на пример сарисата кај Македонците или копјата на Швајцарците и Шкотите.

коњ

8. Брод

Во митовите, бродовите ги поттикнаа илјадниците грчки војници да се борат против Тројанците. Тие не служеа само за пренесување на војниците до далечните брегови за војување. Морските битки беа клучни за менување на текот на најзначајните светски настани, како битката за Саламис, каде Грците ја поразија многу поголемата персиска флота, како и неуспешните инвазии врз Јапонија од две монголски флоти, кои беа уништени од бурата наречена камиказе или “божествен ветер”. Ерата на бродовите и морепловството ги разреши жестоките конфликти помеѓу империите, како и помеѓу пиратите кои ги пустошеа морињата во потрага по профит. Историјата на поморското војување продолжува и денес со воените бродови и подморниците.

брод

7. Оклоп

Во битката за Термопили, заштитните оклопи им помогнаа на грчките фаланги да ја задржат повеќе од три дена побројната, но лесно наоружана персиска пешадија. Низ текот на еволуцијата на војната често се водела борба за превласт помеѓу оружјето и заштитниот оклоп. Тоа довело до до исклучителни достигнувања, како што е челичниот оклоп за целото тело, изработен во Европа. Денес, оклопот може да запре куршум, а идните усовршувања во нанотехнологијата може да водат до создавање на штит кој ќе ја апсорбира енергијата од експлозивните бранови.

челичен оклоп

6. Професионалци

Низ милениумите, појавата на градови-држави, а потоа империи, создаде вишок на луѓе, доволен за појава на војници кои го посветуваат цело време на војната, овозможувајќи развој на формации способни за извршување на извежбани маневри и напади, како и развој на софистицирани тактики, стратегии, лидерски структури и организација на материјали и опрема. Граѓаните на Спарта уште во детството се обучувале единствено за војна, за да станат едни од најстрашните војници на древниот свет, а сето тоа за да ги задржат бројните кметови или робови под контрола. Професионалните армии на царскиот Рим имаа војници кариеристи познати по својата дисциплина и обука која помогна при проширувањето на империјата и нејзиното задржување како целина.

Спартанци

5. Инженери

Според митот, градот Троја беше прочуен по своите непробојни ѕидишта кои како и замоците, рововите, подвижните мостови пред замоците, големите порти и другите тврдини беа изработени од воените инженери. Без нив не би постоеле ни  катапултите, ни тунелите. Воените инженери од древен Рим, создадоа многу патишта кои преживеаја до денес, како и Кинескиот ѕид, изграден за да ја заштити северната граница на империјата, а постои веќе со векови. Денес, воените инженери помеѓу останатото,  поставуваат и чистат мински полиња и конструираат и уништуваат мостови.

Кинески ѕид

4. Барут

Појавата на барутот ги промени правилата на војната. Топовите и експлозиите беа многу поефикасни од претходните оружја за опсада. Огненото оружје ги исфрли старите оклопи надвор од употреба. Артилеријата му помогна на Наполеон да ја освои половина Европа и да го промени текот на поморското војување. Митралезите внесоа разорно висока стапка на огнена сила, разбивајќи ја масовната пешадија. Во старите времиња, Кинезите го користеа барутот во “огнените стрели” против хордите на Монголците, што би можело да се смета за најрано позната употреба на ракети во битка. Сега се развиваат уште посмртоносни огнени оружја.

барут

3. Мотор

Моторот го промени војувањето, уште од почетниот транспорт на трупите со парната локомотива, до идните електрични или хибридни мотори кои би им помогнале на невидливите летечки роботи да полетаат. Моторите го овозможија создавањето на тенкови, подморници, авиони, хеликоптери и роботи, притоа драстично менувајќи ги воените тактики и стратегии. Сето тоа доведе до создавање на камиони, џипови и блиндирани возила за превоз на пешадијата, залихите и опремата. Пронаоѓањето на авионот ја овозможи и појавата на падобранци кои може да бидат истоварени зад непријателските линии, што беше клучно за време на инвазијата во Нормандија и за современото тајно инфилтрирање на специјалните оперативни сили.

тенк

2. Радио

Радиото комплетно го промени војувањето, овозможувајќи контрола над голем персонал, возила - како и на проектили и роботи - на големо растојание. Радиото им помогна на војниците - подоцна и на сателитите и роботите - да ги пренесат забелешките за непријателот. Овозможи и емитување на пропаганда за да се доведе поддршка при воените подвизи, а кога силите на Алијансата го пробија системот на Енигма кодот, радиото им овозможи да ги прислушкуваат нацистичките воени комуникации. Исто така, радиото доведе до појава на радарот, кој помогна при детектирањето на далечните непријатели и цели, а заслуже е и за победата на Британија против многу побројната германска авијација во Втората светска војна. Оваа моќ на радарот доведе до усовршување и појава на невидлив (стелт) авион и елктронско војување.

радио

1. Нуклеарно оружје

После првата атомска бомба во историјата, позната како “алатката”, детонирана во Тринити Сајт во близина на Аламагордо, Њу Мексико, физичарот Џ. Роберт Опенхајмер се сети на изрека од светото индиско писмо Бхагавад Гита: “Станав Смрт, уништувач на световите.” Нуклеарното оружје подоцна ја заврши Втората светска војна. Иако овој вид на оружје постои само нешто повеќе од половина век, стравот од нуклеарно истребување засекогаш ги промени воените текови низ целиот свет.

атомска бомба

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.