RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс



ГЕНЕТСКА ДЕПРЕСИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3346 пати
Недела, 09 Јануари 2011 00:11

Сите депресивци добија алиби со кое ќе може да го правдаат своето расположение: генетска аномалија.

депресија

При генетското истражување на луѓе со силна депресија е откриено дека дупликатот од ДНА на 5-от хромозом е причинител на ова пореметување. Вклучените гени играат важна улога при развивањето на нервните клетки, а како доказ служат пореметувањата во невротрансмисијата кои формираат биолошка основа за депресија.

“Варијациите и промените во бројот на копирани ДНК кои ги откривме беа ексклузивни за луѓето се депресија, а лоцирани беа во генетски регион кој е важен при сигнализацијата меѓу клетките,” вели лидерот на истражувањето Хакон Хаконарсон, директор на Центарот за применета генетика при детската болница во Филаделфија. “Овој наод ја проширува работата на другите истражувачи укажувајќи на тоа дека пореметувањата во мрежата на невротрансмисија во мозокот се основни причинители за поголеми депресивни пореметувања.”

депресивна девојка

Истражувањето е објавено во Public Library of Science One (PLoS One).

Моменталното истражување е прва генетска студија со толку големи размери за проучување на влијанието на варијациите во бројот на копии врз поголемите депресивни растројства, психијатриско и пореметување во однесувањето кое опфаќа 16 проценти од вкупната Америчка популација. Варијациите во бројот на копиите претставува отстранување или дупликат на сегменти од ДНК. Специфичните варијации во бројот на копии се ретки во популацијата, но често имаат силен ефект кај индивидуи кои ги прикриваат варијациите во бројот на копиите во нивните гени.

Групата на Хаконарсон целосно генетско скенирање на ДНК од 1693 пациенти со силно депресивно растројство, претежно од Европа, како и од 4506 контролни субјекти.

ДНК варијации

Истражувачите идентификуваа 12 варијации кои биле карактеристични за депресивните пореметувања. Најзабележителното откритие беше голема дупликација на ДНК сегментите во хромозот 5q35.1, варијација која ја делеле пет пациенти кои не биле роднински поврзани и не биле набљудувани во здравствени контроли. Престојувачка локација е генот SLIT3, кој е вклучен во развојот на аксоните. Аксонот е дел од невронот кој носи нервни импулси надвор од телото на клетката.

Хаконарсон додаде дека планира следни студии со технологија за порафинирано секвенционирање со која очекува да идентификува многу повеќе варијации во бројот на копии и можеби други типови на мутации во SLIT3 генот, како и во други функционално поврзани гени кои може да предизвикаат депресија. Понатамошните истражувања можат да откријат и колку силно варијациите во бројот на копии во SLIT3 и другите поврзани гени придонесуваат за ризикот од депресија.

депресивен маж

“Клиничките примени за нашите откритија сеуште се во иднина, но можно е до некоја точка овие откритија да се инкорпорираат во персоналната медицина,” вели Хаконарсон. “Идентификувајќи ги гените причинители може да укаже на идните цели за пронаоѓање на лекови, а може и да ни помогнат при предвидување на ризикот од развој на депресија,” додаде тој.

жена во депресија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.