RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДЛАБОК МАШКИ ГЛАС ЗА МЕМОРИЈА
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
КАКО УТВРДУВАМЕ КОЈ Е ГЛАВЕН?
Вторник, 13 Ноември 2012
Слика
АХ, ТАА КОЦКА...
Понеделник, 22 Ноември 2010
Слика
10 ДЕЛОВНИ ГРЕВОВИ
Вторник, 04 Јануари 2011
Слика
ПОИЗГОВОРЛИВИТЕ ИМИЊА КЛУЧ ЗА УСПЕХ
Четврток, 16 Февруари 2012
Слика
ТИМСКИ ДУХ ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА
Среда, 01 Декември 2010
Слика
ПОБЕДНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ
Четврток, 26 Јануари 2012

„Чудовиштето кое најмногу го познава и од кое најмногу се плаши едно дете е чудовиштето кое чувствува дека самото е или се плаши дека може да биде“

Бруно Бетелхајм



ОПШТ АДАПТАЦИОНЕН СИНДРОМ PDF Печати Е-пошта
(7 гласови, просечно 4.86 од можни 5)
прочитано 9200 пати
Понеделник, 18 Ноември 2013 20:28

Стресот, за жал, стана дел од секојдневието во животот на модерниот човек, но како всушност нашиот организам реагира кога ќе биде подложен на стрес?

 стрес

Во 1936 година Унгарскиот ендокринолог Ханс Селие го создава теоретскиот модел за објаснување на одговорот на телото на стресот давајќи одговор и на прашањето зошто болестите и стареењето се всушност последица на стресот. Овој научен модел тој го базира на физиологијата и психологијата нарекувајќи го Генерален Адаптивен Синдром (ГАС) или Општ Адаптационен Синдром.

Но, пред да го објасниме неговиот научен модел, во кој темелно се опишува општиот одговор на стрес кој го имаат не само луѓето како организми туку е присутен и кај животните, а во поново време во модификувана форма се прифаќа и за растенијата, да го разгледаме накратко стресот и основните поими поврзани со него.

 Ханс Селие со глушец

Под стрес обично се подразбира неспецифичен одговор на организмот на се она што ја пореметува неговата рамнотежна состојба или хомеостаза. Хомеостазата се однесува на стабилните состојби во организмот раководени од разни физиолошки процеси кои се грижат тој да има конзистентност во однос на внатрешната и надворешната средина. Се што има „моќ“ да предизвика промена на хомеостатичките параметри се нарекува стресор.

Стресот не мора секогаш да биде негативна појава, иако како поим така е веќе одамна одомаќинет, туку може да биде и позитивен или т.н. еустрес, кој означува појава при која доаѓа до развој или подобрување на одредена карактеристика или функција на организмот. Него може да го контролираме и ако добро се менаџира е позитивен за организмот. Од друга страна, ако немаме контрола врз стресот, туку тој не преплавува и особено ако е со пролонгирано дејство, тогаш тој е деструктивен и се нарекува негативен стрес или дистрес според терминологијата на Селие.

 стрес збор

Адаптација е промената која настанува како резултат од одговорот кон стресорот. При тоа доаѓа до справување кое претставува акт на урамнотежување помеѓу биолошките, психолошките и социјалните процеси. Има три вида на справување, адаптивно – кое придонесува за разрешување на стресниот одговор, маладаптивно (неприкладно или непожелно) – стратегии за адаптација кои дополнително ги усложнуваат проблемите, активно – кое значи активно барање на одговор кој би го разрешил стресот. Во овој контекст треба уште да ја споменеме и резилиентноста, односно способноста на организмот брзо да се опоравува и напредува и покрај невољите. Тоа се секако организмите кои имаат поголема општа отпорност но и флексибилност во изборот на одговори со кои би се справиле со стресот.

јајца под стрес

Да се вратиме сега на Селие и неговиот научен модел во кој детално го објаснува одговорот на стрес и заради кој некои дури го нарекле и „Ајнштајн на медицината“. При неговите проучувања тој забележал дека телото се прилагодува на надворешните стресори преку биолошки шаблон кој е всушност многу предвидлив, и тоа таков чија основна грижа е реставрација и одржување на внатрешната рамнотежа, односно хомеостазата.

 Во обидот да ја одржи рамнотежата организмот го употребува својот хормонален систем при што доаѓа до познатиот одговор со борба или бегство. Преку овој одговор може да се забележи дека телото сака брзо и лесно разрешување на работите, па затоа и всушност се приклонува кон испуштање на хормони кои би ви овозможиле да се справи со стресот на најитен начин. Оваа борба на организмот со стресот е основната идеја на општиот адаптационен синдром.

Друга опсервација која ја направил Селие во неговите истражувања е тоа што дури и кога телото сака да го контролира или редуцира стресот, тоа си има свои ограничувања. Ресурсите на овој ограничен резервоар на енергија кој на телото му служи за справување со стресот што доаѓа од околината стануваат уште подрагоцени доколку телото е континуирано изложено на стрес.

Општ Адаптационен Синдром 

Три Фази на Одговорот на Стрес

Моделот на Селие за општиот адаптационен синдром го сочинуваат три елементи во кои се опишани три фази во одговорот на организмот кон стресот:

1. Фаза Аларм

Оваа фаза ја сочинува иницијалната реакција на телото на стрес која се состои во означување на стресорот како закана или опасност за рамнотежата на организмот, па затоа доаѓа до итна реакција на системот борба или бегство, при што се испуштаат „стресни“ хормони како што се адреналинот, норадреналинот и кортизолот и се активира симпатичниот нервен систем. Општо кажано, доаѓа до мобилизација на ресурсите на организмот, а овие хормони му овозможуваат на телото да превзема активности кои вообичаено не ги прави.

стрес 

На пример, ако ви гори куќата, вашето тело во прв момент кога ќе го сфатите тоа влегува во фаза на аларм при што се испуштаат хормони карактеристични за стресна состојба (особено адреналин) што ќе ви даде сила да влезете во оган и подигнете некој ваш близок кој можеби се онесвестил од чадот. Ако нема луѓе кои се загрозени, тогаш можеби нешто што вам ви е многу битно а е поприлично тешко (да речеме телевизор од најнов модел) во оваа состојба ќе имате сила да го „спасите“ од огнот. Но, не оди се така мазно кога сте во ваква фаза, за неполна минута вашиот крвен притисок ќе почне да се покачува што ќе создаде предиспозиција за оштетување пред се на срцето или мозокот, односно опасност од излив во мозокот или срцев удар. Мускулите кои сте ги употребиле при вашата акција за спасување може неосетно да ги преоптоварите до степен во кој сериозно може да го оштетите мускулното ткиво.

2. Фаза Отпор

Откако телото ќе одговори на стресорот, нивото на стрес или ќе се редуцира или целосно анулира. Понатаму, одбраната на организмот станува послаба во контекст на одговор од типот борба или бегство намалувајќи го интензитетот на продукција на стресни хормони и прераспоредувајќи ја енергијата онаму каде што е потребна да се поправи штетата како што се оштетените мускули на пример.

стрес 

Иако телото преминало во втора фаза на одговор на стресот, останува на штрек, особено ако стресорот дејствува и понатаму и телото мора континуирано да се бори со ваквата ситуација, но сепак не толку силно како во првичната фаза. Парасиматичниот нервен систем ги враќа многу од функциите во нормала овозможувајќи дел од ресурсите да се насочат за справување со стресорот. Нивото на гликоза кое се покачило во првата фаза останува високо, како и кортизолот и адреналинот, иако на пониско ниво, но надворешно гледано организмот може да изгледа прилично нормално, односно вообичаено.

3. Фаза Исцрпеност

Кога телото се наоѓа во оваа фаза тоа значи дека стресот бил присутен веќе подолг период. Организмот полека ги губи една по една способностите да се бори против стресорот и да го намалува неговиот штетен ефект затоа што адаптивната енергија веќе е речиси потрошена. Фазата на исцрпеност може да се толкува како целосна истоштеност или преоптовареност од стресот и како таква води кон сериозни здравствени проблеми доколку веднаш не се реагира. Ако стресорот и понатаму делува врз организмот, тој веќе ги исцрпува сите ресурси и широко ги отвора портите кон болести па дури и смртен исход.

стрес исцрпеност 

Оваа теорија на Селие имала огромно влијание врз научното проучување на стресот, со оглед на тоа што нуди едно јасно биолошко објаснување за тоа како еден организам реагира и се адаптира на стресот. Стресот е состојба која ја предизвикува некаква промена во средината, а такви ги има многу па самата природа на стресорот може да биде најразновидна. Не секогаш се работи за чисто физички промени, од аспект на психологијата многу позначајни се оние посуптилните, честопати затскриени стресогени фактори. Но, без оглед каква и да е причината, телото реагира на него со свој сопствен одговор кој во крајна линија има за цел адаптација. Овој процес кој се нарекува справување со стресот се постигнува преку низа компензаторни процеси составени од физиолошки и психолошки компоненти.

медитација 

Стресот во генерална смисла е сеприсутна појава. Во таа насока и Селие ќе рече дека единствено организам кој не е жив не е под стрес. Прашањето секогаш е како да се справиме со него. Дали и колку добро сме екипирани за стресот кој нам ни е проблем. Колку што постојат стресогени фактори, толку најмалку постојат и начини за справување со нив, а како ќе се справиме со стресот понекогаш може да биде и од животно значење. Знаејќи ја теоријата на Селие имате посолидна подлога на која ќе го градите вашиот одговор кон стресот.

девојка под стрес 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.