RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА
Понеделник, 21 Март 2011
Слика
ТРОЕН МОЗОК
Четврток, 13 Јуни 2013
Слика
СИЛНИ СОЦИЈАЛНИ ИНТЕРАКЦИИ
Вторник, 22 Февруари 2011
Слика
ОСНОВНИ ОДБРАНБЕНИ МЕХАНИЗМИ
Четврток, 24 Ноември 2011
Слика
БРАКОТ И СРЕЌАТА
Понеделник, 11 Јуни 2012
Слика
ЗОШТО ПЦУЕМЕ?
Понеделник, 15 Ноември 2010

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



АКУПУНКТУРА ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА PDF Печати Е-пошта
(4 гласови, просечно 4.25 од можни 5)
прочитано 8598 пати
Понеделник, 14 Октомври 2013 18:28

Со акупунктура или со психотерапија, како и да решите да и се спротивставите на депресијата, резултатот е приближно ист.

акупунктура

Се смета дека приближно една петтина од луѓето проаѓаат низ период на клинички тип на депресија во својот живот, без оглед дали таа е третирана или не. Се разбира, природно е понекогаш да се чувствувате тажно и онерасположено, особено ако имате непосредна причина за тоа, како загуба на некоја блиска личност. Но, со таквите нешта може да се справиме без некој преголем проблем и ги сметаме како составен дел од животот. Клиничкиот тип на депресија, сепак, е нешто друго. Таа се однесува на долготрајни периоди на интензивна емоционална, физичка и когнитивна состојба која битно влијае врз нашите секојдневни активности. Некои од симптомите вклучуваат:

  • Немање интерес за активности кои вообичаено носат задоволство
  • Негативни мисли (со акцент на грижа за иднината)
  • Иритабилност, вознемиреност и чувство на замор или исцрпеност
  • Нарушување на спиењето (или се спие премалку или премногу)
  • Безнадежност (чувство на заробеност во замка или суицидални идеи)

депресивна девојка 

Покрај овие, кои ги издвојуваме како едни од најочигледните и најкарактеристичните, се разбира постојат и низа други симптоми. Причините за нив се од различна природа, меѓу кои секако треба да се издвојат наследните фактори, биохемиско-физиолошките причинители кои доведуваат до хемиска нерамнотежа, структурата на личноста на индивидуата, нејзините начини на размислување и др.

Вообичаено, депресијата во зависност од типот и степенот на сериозност се третира со антидепресивни медикаменти или психотерапевтски методи, а во најчест случај како комбинација од двете.

 земање антидепресив

Историски гледано, депресијата како отсекогаш да била присутна во човековото општество, но забележлив е порастот на лица погодени од ова психолошко нарушување во денешни услови. Се побројните средства за комуникација како да го постигнуваат спротивниот ефект и наместо зближување доведуваат до отуѓување меѓу луѓето.

Општествата на далечниот исток се познати по своите алтернативни немедикаментозни методи на справување со проблемите кои го мачат и телото и психата на човекот. Меѓу нив една од најпознатите е акупунктурата. Долго време западните лекари ја ставаа под знак прашалник целата кинеска традиционална медицина, вклучително и акупунктурата. Но, денес изгледа работите драстично се менуваат, барем во однос на акупунктурата која започнува рапидно да се интегрира и во западниот свет, односно западната медицина. Таа влегува како признат, легитимен третман за некои нарушувања, како физички така и психолошки, и добива се поголема популарност.

 акупунктурни точки

Акупунктурата е древна форма на традиционална кинеска медицина која функционира врз база на принцип на стимулација на одредени точки во телото сместени на каналите, наречени меридијани, низ кои се смета дека протекува енергијата на животната сила (Ки), при што се коригира евентуалната нерамнотежа.

Во традиционалната кинеска медицина се смета дека телото и умот се интегрирани во единствена целина што носи кон претпоставката дека емоциите имаат силен физиолошки ефект врз телото. Притоа речиси се се случува со интеракцијата помеѓу петте елементи (вода, оган, земја, метал и дрво) кои имаат темелни ефекти врз нашите внатрешни органи кои се или јин или јанг. Овие пет елементи репрезентираат и пет основни емоции:

  • Вода – Страв
  • Оган – Среќа
  • Земја – Грижа
  • Метал – Тага
  • Дрво – Лутина

петте елементи 

Во однос на депресијата, се смета дека таа е проблем на циркулација на Ки енергијата во телото. Главниот орган кој е одговорен за циркулацијата на оваа енергија е црниот дроб, а срцето и панкреасот ја играат улогата на поддршка. Најпознатиот акупунктурен третман за зголемување на протокот на Ки енергијата е т.н. Четири Порти. Овој третман се состои од стимулирање на изворните точки на двете раце меѓу палецот и показалецот и на двете нозе меѓу палецот и прстот до него.

Овие постапки со оглед на нивната древност и докажана успешност за источните општества не се предмет на проверка, но за западот тие се нешто ново, па оттаму направени се и редица истражувања со цел да се тестира успешноста на методите на традиционалната кинеска медицина, со акцент на акупунктурата.

Хега точка 

Во едно такво, неодамна направено во Велика Британија, покажано е дека акупунктурата е речиси исто толку, ако не и поефикасна во справувањето со депресијата, во споредба со вообичаените третмани со медикаменти и психотерапија.

На Универзитетот во Јорк, група истражувачи предводени од Др. Хју Мекферсон, испитувале 755 пациенти со клиничка депресија поделени во три групи во сооднос 2:2:1 соодветно за третман со акупунктура, втората група со психотерапија (поточно хуманистичка или Роџерсова психотерапија) и третата група со само вообичаен третман придружен со медикаменти.

 роџерсова психотерапија

По 3 месеци процентот на оние чија состојба значително се поправила, односно постигнале подобрување над 50% во нивниот скор за депресија, за групата со акупунктура наспроти вообичаен третман изнесувал 33%, а за оние во групата со психотерапија 29%. Истражувачите продолжиле со испитувањето и мерењата и забележале дека по една година, овие проценти се приближно исти, без некои позначителни разлики.

мозок под стетоскоп 

За дефинирање на најуспешен третман за депресија потребни се уште истражувања, но важно е да се напомене дека над 60% од луѓето со депресија кои добиваат вообичаен третман со антидепресиви имаат неадекватен одговор на ваквата терапија, а дури 30% не се придржуваат до зацртаниот режим на примање на лекарствата. Овие бројки јасно укажуваат на потребата која се наметнува за нефармаколошки третман на депресивните пациенти.

Како и да е, и акупунктурата и психотерапијата се покажале како подобри методи за справување со депресијата отколку вообичаените методи придружени со медикаменти. Па така, доколку сте депресивни, акупунктура или психотерапија, оставаме изборот да биде ваш.

акупунктура 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.