RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
6 ВИДОВИ ШВАЛЕРИ
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
7 ФРАЗИ КОИ ЈА УНИШТУВААТ СРЕЌАТА
Сабота, 22 Октомври 2011
Слика
НОВОГОДИШНИ ОДЛУКИ ЗА УСПЕХ
Недела, 02 Јануари 2011
Слика
„ЗАРАЗНО“ ПРОЅЕВАЊЕ
Четврток, 22 Декември 2011
Слика
ТЕМНА СТРАНА НА САМОКОНТРОЛАТА
Вторник, 22 Февруари 2011
Слика
КАКО ДА ГО ПРЕЖИВЕЕТЕ РАСКИНОТ
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
СО ВЕЖБАЊЕ ДО ПОСИЛЕН МОЗОК
Сабота, 15 Октомври 2011
Слика
РАМ МЕМОРИЈАТА ВО НАШИОТ МОЗОК
Четврток, 13 Октомври 2011

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



СКРИЕНА ИЛИ МАСКИРАНА ДЕПРЕСИЈА PDF Печати Е-пошта
(14 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 11170 пати
Вторник, 03 Септември 2013 13:55

Илјадници луѓе ја кријат својата несреќа зад среќна маска. Дали можеби и вие сте еден од нив?

јаболко маскирана депресија

Не секогаш човек е свесен дека станал депресивен. Ако се појавува силна соматизација, преку главоболки, болки во мускулите, во стомакот или всушност било која друга болка, а лекарите не можат да ви најдат ништо посериозно, ако ја негирате својата психичка состојба, ве „снемува“ од дома, сакате да избегате некаде, обврските ви претставуваат огромна тежина, се приклонувате кон алкохол, дрога или друга зависност, постојано ви се случуваат некои несреќи како да ве „бие малер“, тогаш веројатно страдате од скриена депресија, која може да биде и скриена од вас. Ако пак сте свесни за оваа своја состојба и не сакате другите да знаат за неа, тогаш сте ја направиле маскирана депресија, каде пред другите ја истакнувате својата насмеана маска, а внатре во себе потајно страдате. Резултатот е ист, вие сте во депресија.

маскирана депресија

Можеби познавате некого кој е депресивен а не е свесен за тоа. Луѓето очекуваат од оној кој е депресивен постојано да плаче, да лежи в кревет по цел ден, да се жали и тагува или константно да е мрачен, песимистички ориентиран, или е некој кој ништо не може да му се погоди и е во речиси константно сиво или црно расположение. Но, депресијата не секогаш е толку очигледна.

Некои луѓе можат ве залажат и целосно да одглумат. Може да се насмеани цело време додека се со вас, да се однесуваат како ништо посебно да не им се случува внатрешно, а истовремено да се чувствуваат како болката да им ја раскинува утробата. Не е редок случај вакви луѓе да чуете дека направиле нешто чудно, си наштетиле себеси, се обиделе да се самоубијат а честопати и успеале во тоа, а никој не може да поверува или да си објасни зошто постапиле така.

 обид за самоубиство

Овие луѓе, кои се способни да се однесуваат како да не се депресивни, најчесто не се доверуваат никому, или можеби само на една блиска личност за која сметаат дека може да ги разбере. А во меѓувреме, тивко и бесчујно страдаат во себе. Обично изнајдуваат некаков начин да останат сами и да се исплачат, да ја оттргнат „среќната“ фасада и да се испразнат колку толку, а потоа, маската повторно на лице, и како ништо да не било, се враќаат кон својот вообичаен живот и во комуникацијата дури и со свои блиски луѓе се однесуваат како се да им е во ред. Можеби вие познавате некој што страда во себе секој ден а немате поим дека тоа се случува, а можеби и вие сте еден од овие луѓе.

депресивни пантомимичари 

Тие може да бидат и во вашето најнепосредно семејство. Да се искрадуваат ноќе во бањата, откако сите ќе заспијат, и пригушено плачат. Во остатокот од времето ќе се однесуваат како човек кој ништо не му фали и нема никаква болка во душата. Налет болката што ја чувствуваат и ги раскинува однатре, тоа што се однесуваат како да се среќни знае да биде уште емоционално поистоштувачки. Тајната која ја кријат во себе всушност постепено и се повеќе ги изолира од другите. Па така, да се глуми среќен всушност е контрапродуктивно, депресијата се зголемува од ден на ден.

депресивна девојка 

Други пак, ја канализираат својата болка на поинаков начин. Нив ги обзема бес, гневни се на се, повредуваат, злоупотребуваат, се срамат од себеси, чувствуваат вина или пак постојано се иритирани и се што се случува околу нив им е досадно и ги замара. Тие може но и не мора да се свесни дека се депресивни, но другите скоро сигурно не знаат колку голема и уништувачка е емоционалната болка што ја чувствуваат. Некои се плашат од нив, други не сакаат да се во нивна близина затоа што носат напнатост, трети пак ги презираат и ги нервираат или ги означуваат како злобни и ги избегнуваат. Тешко е навистина да сочувствувате со некого кој повредува други луѓе, да имате разбирање за неговата или нејзината болка, а уште потешко да се види подалеку и да се забележи нивната ранливост, па така депресијата кај овие луѓе речиси редовно поминува незабележано.

скриена депресија 

Некои пак, страдаат од некаква зависност, не е ни толку битно каква, па самата зависност избива во прв план и ја маскира депресијата. Луѓето со некоја зависност во голема мера го трошат своето време и енергија во однос на зависноста наместо да бидат насочени кон вистинскиот проблем. Ја планираат, ја очекуваат, размислуваат за зависноста и сето тоа привремено им го подига расположението. Кога конечно ќе дојдат во допир со што и да е она од кое се зависни, тоа им го крева расположението на високо ниво. Но, потоа возбудата полека се намалува се до моментот кога целосно ќе исчезне а на нејзино место ќе се вгнезди повторно она расположение од кое и бегале на прво место.

биполарно расположение

Дополнително, се чувствуваат потрошено од ефектите кои ги предизвикало средството на зависност и може да почувствуваат жалење или срам, па повторно на нивните плеќи се спушта она темно чувство кое го носи со себе депресијата, небаре е вреќа со цемент која ги влече надолу. Излезот го бараат повторно со влез во кругот кој завршил, повторно планираат и антиципираат и се така по ред. Никако да се најде лек за спас од магичниот круг во кој се затвориле. Целиот нивен живот се состои во мачно бегање од канџите на депресијата, но во овој случај фокусот е на драматичната центрипетална сила на зависноста која ја прави депресијата затскриена и незабележана. Се разбира дека не сите зависници како иницијална сила за употреба на своето средство за „кревање расположение" ја имаат депресијата, патот може да биде и обратен, зависноста да креирала депресија. Но, поентата е во тоа што зависноста може да претставува една форма која ја зазела депресијата која е многу тешко да се идентификува како депресија. Покрај редовните хемикалии на кои се навлекуваме, ваква маскирана депресија обично има и кај нарушувањата поврзани со исхраната, кај работохолиците и слични појави. Депресијата не секогаш е очигледна во овие случаи и премногу време се троши на она што всушност во случајов е само симптом или нејзина манифестација олицетворена во предметот на зависност.

депресивна и пијана 

Депресијата ги изолира луѓето. Било да се кријат од светот лежејќи во својот кревет или пак се обземени од својата зависност, било да ги оттурнуваат луѓето од себеси со нивниот гнев и бес или си ги кријат своите вистински чувства и мисли внатре во себе а преправајќи се дека се е во ред однадвор, луѓето кои се депресивни во најчест случај се чувствуваат ужасно осамено. Самата депресија си има некоја вградена карактеристика која како магла се спушта врз човека и прави тој да се чувствува како постојано да е во неа и многу му е тешко да осети поврзаност со било кого.

скриена депресија

Дури и во ситуација кога луѓето се чувствуваат сигурни дека можат да си кажат точно што им лежи на душа и ќе се решат да го направат тоа, многу е тешко за луѓе кои никогаш не почувствувале длабока депресија да ги сфатат. Да ја почувствуваат нивната болка. Како би можел некој кој не го искусил тоа, да ја разбере болката налик на онаа која би ја почувствувале при операција на отворено срце без анестезија, а потоа де не можете да ги покажете лузните? Како би можел некој кој не го искусил тоа да ја разбере комплексноста на болката, која не само што е неподносливо голема туку е исто толку сложена и способна да го промени од корен нашето однесување. Луѓето обично начинот на кој се однесуваме им го припишуваат на моралните квалитети и карактерот кој го поседуваме, а не на оваа болна состојба.

 скршено срце

Да биде болката уште покомплицирана, депресијата ги напаѓа мислите и чувствата на личноста а не некој нејзин орган како што се бубрезите или црниот дроб на пример. Сигурно знаете за врската помеѓу умот и телото, можеби некогаш и свесно сте ја почувствувале. Во научната терминологија таа се нарекува психосоматика. Вашата психа може да влијае врз вашето тело на разни начини. Депресијата може да ја почувствувате и преку телесна болка. Маскираната депресија се манифестира на безброј начини кои не се забележуваат кај класичната нескриена депресија. Може да ве мачат главоболки, болки во стомакот, во грбот, лицето и вилицата, во некој посебен орган или да чувствувате општа физичка нелагодност и замор.

болка

Како последица на ова личноста оди на лекар но сите испитувања се залудни затоа што ништо сериозно, барем во физичка смисла, не може да се пронајде како причина за овие турбуленции. Во 19 век, лекарите забележале една состојба која се карактеризирала со силна изнемоштеност и за која не можеле да пронајдат физички каузалитет, а заболените не пријавувале никакви психолошки проблеми кои би можеле да ги наведат на други претпоставки, ја нарекле невростенија. Денес се смета дека таа е всушност скриена депресија. Некои дијагностичари заради неможноста да пронајдат физички симптоми скриената депресија може да ја дијагностицираат и како хипохондрија.

 девојка во куфер

Проблемот на дијагностицирање всушност го наметнува и проблемот на терапија за оваа болест на умот. Честопати погрешно дијагностицирана, состојбата кај личноста се влошува. Кога еднаш ќе се открие, тогаш се пристапува кон познатите методи за третирање на депресијата било преку медикаментозна терапија со антидепресиви или психотерапија без нив. Се разбира, не секогаш ако не се пронајде физички причинител за одредена физичка болка треба веднаш да се избрза со помислата за скриена депресија. Ако имаме болка или проблем, не значи дека е само во нашата глава и треба да го игнорираме, па самиот од себе ќе си се среди. Постојат многу болести кои се подмолни и постепено се развиваат и откриваат себеси, па психичкиот знак дека нешто не е во ред со нас, може да биде рано сигнализирање на нашиот ум и тело дека нешто се случува. Затоа, треба внимателно да се разграничат работите и самата личност да биде искрена и кон себеси и кон другите ако веќе се решила да побара помош.

 депресија

Симптоми кои покрај пријавената физичка болка на одреден орган или дел од телото, како и општата нелагодност и замор, најчесто се:

  • Промени во апетитот и тежината, и во двете насоки
  • Промени во спиењето, и во двете насоки
  • Карактеристични физички симптоми како главоболка, болки во грбот, дигестивни проблеми, хронична болка, замор или менструални проблеми.
  • Анксиозност
  • Нервоза и иритабилност
  • Заборавност и тешкотии во концентрацијата
  • Намалено либидо односно намален сексуален нагон
  • Песимистички поглед на светот
  • Чувства на вина
  • Чувства на беспомошност
  • Општа апатија и незаинтересираност за секојдневните активности
  • Чувство на незадоволство
  • Суицидални мисли

 депресија

Некои експерти за депресија сметаат дека и одредени однесувања, особено кај женскиот пол, можат да бидат показатели за скриена депресија. Такви се компусивното купување, работа, јадење и пиење алкохол, особено ако жената без да ги прави овие активности се чувствува празно, неисполнето и анксиозно.

За мажите пак карактеристично е да бидат многу попогодени од скриената депресија отколку од онаа која не е маскирана, во однос на жените. Причините за тоа секако лежат во општествените непишани стандарди, според кои мажите не смеат премногу да демонстираат емоции, а особено не такви кои означуваат слабост од било каков вид, во однос на жените на кои им е „дозволено“ слободно да ги манифестираат овие емоции, всушност тоа и како да се очекува од нив. За едно машко е многу поприфатливо да пријави физичка болка и да ја третира, отколку да се пожали на психичка слабост. Ваквата ситуација води кон компликации при дијагнозата или погрешно означување на хипохондрија. Додека пак внатрешно, води кон психосоматски тенденции со кои реално се проектира подлога за развој на физички проблем кој во нормални услови без депресијата не би се појавил.

 машко во депресија

Депресијата кај децата и тинејџерите може да се замаскира во форма на лутина и непочитување на авторитет и да биде целосно незабележана, припишувајќи им го таквото однесување како нормален дел од растењето, па на тој начин може да прогресира во посериозна состојба во адолесцентното доба.

Депресијата може кај човек да предизвика чувство на омраза и самопрезир кој ќе направи тој или таа да биде несреќна во нејзината врска или во релациите со другите луѓе. Може да предизвика чувство кај личноста дека на сите би им било подобро без неа, или пак би и било подобро ако другите едноставно ги снема. Таа може да предизвика луѓето да се чувствуваат тажни, лути, бесни, гневни, виновни, отапени, безволни, конфузни или било како поинаку од она што би се чувствувале кога не се депресивни.

депресија 

Сите помалку или повеќе сме се нашле во ситуација кога не ни е се погодено но сме морале да одглумиме дека сме среќни и позитивни. Па сепак, скриената депресија е нешто сосема друго, нешто многу подлабоко отколку обично затскривање на емоциите понекогаш или само во одредени прилики. Се поставува прашањето како би можеле да препознаете некого или барем да го зацврстите вашиот сомнеж дека е во скриена депресија? Најмногу по нивниот скриен поглед, кој кога мислат дека никој не ги гледа изгледа апатично, далечно, тажно, изгубено, неодредено, конфузно, тапо и со необоени чувства. Се разбира, не си дозволувајте паушално да дијагностицирате некого само заради еден поглед, но ако сте емоционално блиски со одредена личност или пак ви е драга, ако внимателно се фокусирате, доколку постои скриена депресија, сигурно ќе го забележите тој поглед и ред други показатели во повеќе наврати. Ако сте емоционално осетлива личност со високо развиена способност за емпатија, едноставно ќе го почувствувате тоа, ќе знаете.

разбирање и поддршка
 

Што може вие да направите за луѓе кои се во депресија, особено ако ги сакате а патем и не сте сигурни дека се во депресија заради нивната насмеана маска?

Разговарајте со нив на смирен начин и прашувајте ги добронамерно, па потоа слушајте ги внимателно нивните одговори. Обидете се да сочувствувате со нивната болка, дури и кога не сте сигурни за каква болка се работи и од каде доаѓа. Ставете им до знаење дека сте тука за нив колку и тоа да трае и колку и да им требате, и дека нема да прифатите да ви кажат не. Се разбира, ако не сте баш некоја личност која може да сфати или на која некој може да и се довери, ако постојано ги осудувате или пак им кажувате на други луѓе за нив и она што ќе ви го кажат, ако постојано ги прекинувате додека ви зборуваат, станувате нестрпливи или едноставно не ги разбирате, тогаш подобро е да не разговараат со вас туку да најдат некој кој вистински може да ги разбере и ислуша внимателно. Всушност, да се биде релијабилен, доверлив, трпелив слушател, некој кој што не ги осудува нивните чувства и мисли па било какви и да се, е најдоброто нешто што може да се направи во најголем број од овие случаи на депресија. Прашајте се себеси што би сакале вие, каков однос од другите да сте на нивно место и одговорот сам ќе ви се наметне. Не постои поблагородно нешто од тоа да се ублажи нечија тага и да се предизвика вистинска, од срце, насмевка на нивното лице.

маскирана депресија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.