RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПОЗИТИВНО ПРОТИВ БОЛКА
Четврток, 03 Март 2011
Слика
МАРКЕТИНГ И СЕ Е МОЖНО
Понеделник, 19 Декември 2011
Слика
МОЗОКОТ СУДИ И КАЗНУВА
Среда, 19 Октомври 2011
Слика
СОЦИЈАЛНА ВОЗНЕМИРЕНОСТ
Понеделник, 15 Август 2011
Слика
БЕЗ БЛАГО ЗА ЕВРОПЈАНИТЕ
Среда, 22 Декември 2010
Слика
ЗАРАЗНО СМЕЕЊЕ
Среда, 30 Март 2011
Слика
ПОПУЛАРНИ АГРЕСИВЦИ
Среда, 23 Февруари 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг



БОРДЕРЛАЈН PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5507 пати
Среда, 16 Јануари 2013 22:53

Бордерлајн или граничното нарушување на личноста денес попознато како емоционално нестабилно нарушување на личноста во минатото било многу нејасно дефинирано.

бордерлајн дуалитет 

Имено, психијатрите кои први го откриле, го сместувале некаде на границата меѓу неврозите и психозите, односно помеѓу невротичниот степен на интеграција и психотичниот степан на организација на личноста.

Главната карактеристика на бордерлајн нарушувањето е неговата силна и константна шема на нестабилност, која широко се протега врз интерперсоналните релации, сликата за себе и емоциите. Исто така, како важна карактеристика на луѓето со ова нарушување е нивната силна импулсивност.

бордерлајн 

Појасната симптоматологија се манифестира во тек на раното возрасно доба. Обрасците на нестабилност во интеракцијата со другите луѓе веќе опстојувале повеќе години и се обично тесно поврзани со сликата за себе која ја има личноста, а не помалку битен фактор се и нејзините рани социјални интеракции.

Шаблонот на однесување се манифестира во различни околности (не само дома или на работа) и честопати го придружува слична лабилност (осцилации напред наназад, понекогаш и доста брзи) во доменот на емоциите на личноста. Врските и емоциите на ваквите личности обично се карактеризираат како плитки во најмала рака.

 Анџелина Џоли и Винона Рајдер

Личноста која страда од ова нарушување честопати ќе манифестира импулсивно однесување и поголем дел (не нужно сите) од следниве симптоми:

  • Френетичен напор да се избегне реално или имагинарно напуштање.
  • Шаблон на нестабилност и напнатост во интерперсоналните релации со наизменично осцилирање меѓу идеализација и девалуација (или демонизација).
  • Пореметеност на идентитетот, значително и константно нестабилна слика за себе и чувството за себство.
  • Импулсивност во најмалку две од областите кои се потенцијално штетни за себе (шопинг, прејадување, промискуитетност, злоупотреба на дрога алкохол и слично, лудо возење, итн.).
  • Можно суицидално однесување кое се манифестира преку автодеструктивни постапки како на пример одредени гестови, закани или само-унаказувачки постапки.
  • Емоционална нестабилност заради значителна реактивност во однос на расположението (интензивни дисфорични епизоди, иритабилност или анксиозност која трае од неколку часа до неколку дена).
  • Хронично чувство на празнотија
  • Несоодветен, интензивен гнев или потешкотија да се контролира гневот (чести изливи на лутина, постојано присуство на гнев, рекурентни физички или вербални пресметки).
  • Повремени параноидни мисли поврзани со стресна состојба или појава на јаки дисоцијативни симптоми.

 бордерлајн

Како всушност и со сите нарушувања на личноста, личноста мора да е полнолетна за да биде дијагностицирана.

Бордерлајнот покажува поголема превалентност кај женската популација во однос на мажите (околу 75 проценти од вкупниот број личности дијагностицирани со ова нарушување се жени). Во општата популација застапено е со околу 2 проценти.

Како и кај другите нарушувања на личноста, и кај граничното нарушување доаѓа до повлекување на интензивноста со зголемување на возраста, така што до околу педесеттата година од животот симптоматологијата спласнува и почесто се појавуваат само поекстремните симптоми.

бордерлајн девојка 

Некои карактеристики на манифестација на граничното нарушување

Френетичен напор да се избегне реално или имагинарно напуштање

Перцепцијата дека следува некаква сепарација или одбивање, или загуба на некаква надворешна структура, може да одведе до темелни промени во сликата за себе, емоциите, размислувањето и однесувањето. Луѓето што страдаат од ова нарушување обично се многу осетливи за нештата кои се случуваат околу нив во нивната околина. Тие доживуваат силни стравови од напуштање и несоодветен гнев, дури и кога се соочени со реалистична сепарација или кога мора да има неизбежна промена во одреден план. На пример, стануваат ужасно лути ако некој задоцни неколку минути или, ако е приморан да го откаже закажаниот ручек да речеме. Луѓето со бордерлајн можат да помислат дека ваквото „напуштање“ имплицира дека тие се „лоши“. Овие стравови од напуштање се поврзани во голема мера и со намалената толеранција за бидување сами и потребата да се имаат други луѓе покрај себе. Нивните френетични напори да го избегнат напуштањето може да вклучуваат импулсивни реакции дури и од тип на само-унаказувачки или суицидални поведенија.

не ме оставај 

Нестабилни и напнати интерперсонални релации

Луѓето со гранично нарушување на личноста се склони да ги идеализираат своите потенцијални љубовници или луѓе кои би се грижеле за нив на првиот или вториот состанок, бараат обично потоа и да поминуваат подолго време заедно притоа споделувајќи интимни детали уште во многу раната фаза од врската. Но, потоа може набрзина да го променат идеализирањето на другите луѓе сменувајќи го со понижувње или демонизација, сметајќи дека другата личност не се грии доволно, не дава доволно или не е доволно „присутна“. Овие индивидуи се склони кон драматични промени во нивниот поглед кон другите, кои може да бидат посматрани како некој кој сесрдно им помага или како некој што сурово ги казнува. Ваквите промени го рефлектираат односот кон другата личност чии квалитети да се грижи за нив или се идеализираат или пак се очекува нивно одбивање или напуштање.

бордерлајн врска 

Пореметувања во идентитетот

Кај личностите со бордерлајн се случуваат ненадејни и драматични промени во сликата за себе, кои се карактеризираат со промена во целите, вредностите или професионалните амбиции. Може да се случат ненадејни промени во мислењата и плановите околу кариерата, сексуалниот идентитет, вредностите и типовите на пријатели. Овие индивидуи може одеднаш да ја сменат улогата од некој кој имал потреба и барал помош до самоповикан осветник за некакви „неправди“ од минатото. Иако тие обично имаат слика за себе која се базира на тоа дека се лоши или зли, индивидуите со гранично нарушување на личноста може понекогаш да имаат и такви чувства за себе дека воопшто да не постојат. Ваквите искуства обично се појавуваат во ситуации кога индивидуата чувствува недостаток од значајна релација, грижа или пак поддршка. Овие индивидуи обично покажуваат најслаби резултати во работата која е неструктурирана или во одредени школски ситуации.

 раскршен идентитет

Дијагностицирањето на ова нарушување го вршат обучени психијатри или психолози, а не семеен лекар или некој кој не е доволно обучен да ја направи диференцијалната дијагноза. Затоа, доколку се сомневате дека го имате ова нарушување, консултирајте се со професионалци кои ќе го спроведат тестирањето и дијагностицирањето.

Терапијата за ова нарушување обично се состои од долготрајна психотерапија со терапевт кој пожелно е да има подолго искуство со ова нарушување и одредени медикаменти во кризни ситуации или на почетокот ако се има проблем на воспоставување однос со психотерапевтот.

 психотерапија

Што се однесува до причините за ова нарушување, тие сеуште не се познати. Има голем број теории, но ниедна не дава целосно објаснување. Најприфатено е гледиштето дека се работи за нарушување со биопсихосоцијална каузација, што упатува на мислење дека не постои единствен фактор кој е одговорен за предизвикувањето на бордерлајн нарушувањето, туку дека се работи за сложена испреплетена природа на причинителот која е комбинација од трите фактори. Истражувањата покажале дека постои и одреден процент на наследност.

 бордерлајн

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.