RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПЛАТА И СТРЕС
Сабота, 12 Март 2011
Слика
СО АПЧИЊА ЗА СПИЕЊЕ ВО СМРТ
Вторник, 22 Март 2011
Слика
ЗАВИСНОСТА ОД КАФЕ ГЕНЕТСКА?!
Четврток, 14 Јули 2011
Слика
4 ПСИХОЛОШКИ ЗАБЛУДИ
Понеделник, 14 Март 2011
Слика
И НА ПРИВЛЕЧНИТЕ НЕ ИМ Е ЛЕСНО
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
ГЕМ, СЕТ И МЕЧ ЗА СУДИЈАТА
Недела, 09 Јануари 2011
Слика
ИСТОРИЈА НА ЧОВЕКОВАТА АГРЕСИЈА
Понеделник, 10 Јануари 2011
Слика
СЕРОТОНИНСКА ПРОЦЕНКА
Понеделник, 21 Март 2011
Слика
7 ФРАЗИ КОИ ЈА УНИШТУВААТ СРЕЌАТА
Сабота, 22 Октомври 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



НАРУШУВАЊА ВО ИСХРАНАТА И ЗАБЛУДИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 11202 пати
Среда, 21 Март 2012 17:01

Нарушувањата во исхраната се честа појава, но колку навистина знаете за нив?

 

жена со хамбургер 

Што се нарушувања во исхраната?

Нарушувањата во исхраната се сложени и индивидуализирани и може да се манифестираат во различни комбинации од симптоми. Според АПА постојат три главни видови на нарушувања во исхраната: анорексиа нервоза, булимија нервоза и болна ненаситност.

ненаситна плавуша

Дијагностичкиот и статистички прирачник (DSM-IV-TR) во своето четврто издание ги признава првите две и дава уште една категорија која е неодредено нарушување (EDNOS) за оние кои имаат некои од симптомите но не спаѓаат во една од првите две одредени категории. Болната ненаситност се наведува во додатокот како дијагноза за која е потребно понатамошно истражување.

девојка јади пред фрижидер 

Анорексија нервоза

Анорексија нервоза е тип на нарушување кој вклучува нагласено губење на тежината и само-изгладнување. Основните симптоми вклучуваат голем страв од тоа да се биде „дебел" или страв дека се добива на тежина (дури и во моменти кога пациентот е клинички под нормалната тежина), искривена самоперцепција заради замислата дека пациентот се бори со зголемена тежина, губење на менструацијата и отпор кон тоа да се дојде до и да се одржува нормална тежина на телото.

 анорексична девојка

Еден податок е најалармантен, анорексијата има највисока стапка на смртност меѓу сите психолошки нарушувања. Во споредба со своите врсници во општата популација, дури 18 пати е поверојатно луѓето со анорексија да умрат порано.

анорексија 

Булимија нервоза

Булимија нервоза се карактеризира со тајни циклуси на прејадувања и повраќања, во кои едно лице јаде голема количина на храна, а потоа превзема компензаторни мерки за „да се ослободи" од она кое штотуку го конзумирал/а. Симптомите вклучуваат губење на контрола во навиките на исхрана и редовна практика на самоиндуцирано повраќање, злоупотреба на лаксативи или диуретици, прекумерно вежбање и/или постење, заедно со екстремна загриженост во врска со неговата или нејзината тежина.

 Булимија нервоза

Булимијата може сериозно да му наштети на телото и да предизвика оштетување на дигестивниот систем. Електролитската нерамнотежа која ја предизвикува повраќањето може да придонесе за појава на срцева слабост. Луѓето со булимија обично одржуваат она што би се нарекло „нормална" или „здрава" тежина или пак се за нијанса над таа граница.

булимична девојка 

Болна ненаситност - EDNOS

Болната ненаситност е таков тип на нарушување кое се карактеризира со периоди на неконтролирано или импулсивно јадење проследено со чувства на омраза кон себеси или срам. За разлика од луѓето со булимија, оние со нарушувањето болна ненаситност не повраќаат, но тие држат диети или постат повремено. Болно ненаситните може да бидат со „нормална" тежина, благо до умерено или сериозно над границата за прекумерна тежина, како и патолошки гојазни.

 патолошки гојазна девојка

EDNOS се карактеризира со нарушена исхрана и однесување кои не ги исполнува во целост критериумите за анорексија или булимија. Ова не значи дека EDNOS е помалку сериозно нарушување. На пример, некој може да ги исполни повеќето од критериумите за анорексија, но тој или таа се уште да се технички во нормалниот опсег на тежина.

 вага покажува дебелина

Вообичаени заблуди

Кони Квин, сајт директор на Њујоршкиот Ренфру Центар, клиника за третман на нарушувања во исхраната, постојано повторува дека нарушувањата во исхраната се однесуваат на многу подлабоки нешта отколку на храната. „Нарушувањата во исхраната се комплексни болести со биолошки, генетски, психолошки, социјални и развојни корени. Со текот на времето, нарушувањето во исхраната често може да стане начин да се помогне во управувањето со чувствата."

булимичен маж 

Уште еден мит кој преовладува е дека некој, особено тинејџерка, одбира да има нарушување во исхраната со суетна цел или за да привлече внимание на себе. Според Националната Асоцијација за Нарушувања во Исхраната (NEDA), нарушувањата во исхраната може да се појават како кај жени така и кај мажи и тоа независно од возраста, расата, сексуалната ориентација и социоекономскиот статус. Нарушувањето во исхраната е ментална болест, која обично е многу поповрзана со ниското ниво на самопочит и контролата отколу со убавина или изглед.

 анорексична манекенка

Не мора да го оставите вашето нарушување во исхраната да дојде до точка кога сте „доволно болни" или хоспитализирани за да побарате помош. Сите видови и степени на нарушената исхрана може да имаат долготрајни последици, па што порано побарате терапија, подобри се вашите шанси за физичко и емоционално опоравување.

 хоспитализирана анорексичарка

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.