RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЉУБОВТА Е ПОМОЌНА ОД СЕКСОТ
Понеделник, 08 Ноември 2010
Слика
САМОСВЕСНИ РОБОТИ
Понеделник, 07 Март 2011
Слика
КАЛЕНДАР НА ТАЖНИ ДЕНОВИ!
Четврток, 17 Ноември 2011
Слика
4 ПСИХОЛОШКИ ЗАБЛУДИ
Понеделник, 14 Март 2011
Слика
ДАЛИ СТЕ ЕМОЦИОНАЛНИ ПРЕЉУБНИЦИ?
Четврток, 18 Ноември 2010
Слика
СИМПТОМИ НА ПАНИЧНИОТ НАПАД
Петок, 26 Август 2011
Слика
СКАПО ИЛИ ЕФТИНО ВИНО - НЕМА РАЗЛИКА!
Понеделник, 15 Август 2011
Слика
КАКО СЕ СПРИЈАТЕЛУВАМЕ?
Вторник, 30 Ноември 2010
Слика
7 МИТОВИ ЗА БРАКОТ
Петок, 26 Август 2011

'Крикот' е секогаш само тоа - бука, а не музика.

Карл Густав Јунг



КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ? PDF Печати Е-пошта
(11 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 48690 пати
Петок, 14 Октомври 2011 18:51

Да ги запознаеме креативните луѓе...

акварел

Денес, повеќе од било кога на светот му требаат луѓе кои се живи и полни со инспирација, кои имаат нови визии и идеи како да ги имплементираат тие идеи со нова енергија. Сепак, колку и да тврдат институциите дека сакаат да ја поддржат креативноста, тие многу често ја убиваат.

Една работа е јасна – креативните луѓе често не се разбрани од светот и не се дисциплинирани, исто така, на креативците често им се припишуваат нарушувања на личноста во моменти кога тие се целосно здрави во рамките на една креативна норма и се способни за одлична работа.

креативност

Во Креативност: Бранот на креативност и психологија на откривањето и смислувањето, професорот кој се занимава со креативноста, Михали Чикцентмихали разви едно генеричко објаснување за креативната личност. На сите учители, терапевти, тренери и менаџери им дава една претстава за тоа како функционираат луѓето кои се придвижени од внатрешни страсти, визии и вредности.

Чикцентмихали напиша: „Ако постои збор што ги прави креативните луѓе различни од другите, тоа е зборот комплексност. Наместо да бидат една личност, тие се мноштво на личности. Исто како што белата боја ги вклучува сите бои, креативците се стремат да ги спојат сите човечки можности во себе. Креативноста дозволува парадокси, светлина, темнина, недоследност па дури и хаос – а креативците ги искусуваат сите овие екстремности со еднаков интензитет."

уметност

Карактеристики на креативните личности

1. Располагаат со голема физичка енергија за која им е потребна тишина и мир.

2. Полни со сексуалност, но поради потребите на работата, често се во целибат.

3. Можат да одат до екстреми, но можат да се и целосно повлечени.

4. Истовремено се и паметни и наивни. Во нив се споени мудроста и детското однесување. На моменти се емоционално незрели, а сепак размислуваат длабоко.

5. Конвергентни (рационални и носители на правилни одлуки) а сепак дивергентни (се водат по интуиција и се визионери).

макари во боја

6. Истовремено се екстровертни и интровертни, исто им е потребна и самотијата и луѓето.

7. И скромни и горди, на моменти полни со самодоверба, на моменти плашливи.

8. Тие се главни носители на силните страни на нивниот пол но и добро се снаоѓаат и со карактерите на другиот пол.

9. Од една страна можат да се бунтовни и независни, но исто така можат да се конзервативни и да се водат според интуицијата.

10. Отворени за да искусат најголеми страдања и болки, но знаат и да уживаат.

скулптура од весници

Најзначајната карактеристика на креативните, според Чикцентмихали е нивната способност да уживаат во креативноста во целост.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.