RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МАСАЖА КАКО ЛЕК
Вторник, 26 Април 2011
Слика
ПИШТОЛ ЗА ТЕСТОСТЕРОН
Среда, 20 Април 2011
Слика
СОНУВАЊЕТО ГИ НАМАЛУВА ТРАУМИТЕ
Вторник, 06 Декември 2011
Слика
НАПРЕДНИ НЕАНДЕРТАЛЦИ
Вторник, 30 Ноември 2010
Слика
СЛОБОДНАТА ВОЛЈА Е МОТИВИРАЧКА
Среда, 21 Септември 2011
Слика
ПАРИ ЗА ЖИВОТНИ ЗАДОВОЛСТВА
Вторник, 21 Декември 2010
Слика
НЕМА СРЕДОВЕЧНА КРИЗА
Среда, 09 Март 2011
Слика
ЗИМА ЗА РАСПОЛОЖЕНИЕ
Понеделник, 21 Февруари 2011

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



МУЗИКА И КАРАКТЕР PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 21528 пати
Петок, 21 Јануари 2011 01:00

Што знаеме за психологијата на музичките вкусови? Дали музиката има влијание врз вашите лични карактеристики?

рокер

Во врска со ова прашање, постојат две радикално спротивни мислења: Според едното, нашиот избор на песни е сосема случаен (ова ја вклучува идејата дека произволното субјективно искуство може да не натера да сакаме или да не сакаме една иста песна); според второто, другото е дека нашиот избор за музика е одраз на многу значајни карактерни аспекти.

Како е можно нашиот музички вкус да ги открива нашите внатрешни мисли и чувства? Одговорот е прилично едноставен – музиката извршува три значајни психолошки функции. Едно научно истражување покажува дека луѓето слушаат музика поради следниве причини:

музика

1) За да ја подобрат нивата функција при извршувањето на работните задачи (музиката ни помага да се избориме со здодевноста и да достигнеме оптимално ниво на концентрација при возење, учење или работа);

2) Да ја поттикнат својата љубопитност (со тоа што се концентрираат и ја анализираат музиката што ја слушаат) и

3) За да повлијаат врз сопствената емоционална состојба со цел да го достигнат посакуваното расположение, да почувствуваат среќа, возбуда или пак тага.

Ако земеме во  предвид дека расположението е тесно поврзано со карактерот (всушност, карактерот и расположението се поврзани како што се климата и времето) и ако земеме во предвид дека луѓето слушаат музика за да ги регулираат своите емоции, едно научно сфаќање на музичките вкусови би требало да ни послужи како совршен прозорец кон душата на една личност.

ноти и роза

Досега се откриени неколку силни врски помеѓу карактерот и музичките преференци. Всушност, повеќето заклучоци се далеку од контраинтуитивни (на пример, агресивните луѓе слушаат хеви метал, интелигентните слушаат џез и класична музика, а бунтовниците слушаат хип хоп и рок музика), што покажува дека не треба да бидеме некои стручњаци за карактерот на луѓето за да ја разбереме психологијата на музиката. И да побарате од луѓе што не се разбираат од психологија да направат обичен профил на некоја личност според нивните омилени песни, нивното мислење би било исто точно како и резултатот од најдобриот психометриски тест. Всушност, луѓето и го прават тоа: кога посетуваме некого по прв пат, веднаш донесуваме заклучоци за карактерот на домаќините врз основа на тоа каква музика слушаат или каква литература читаат –  овие заклучоци навистина се покажуваат како точни.

Зошто тогаш науката за музичките вкусови не е посупериорна од здравиот разум? Одговорот го наоѓаме во фактот дека скоро секое истражување досега ги класифицирало музичките преференци според веќе постоечките видови на музика. Меѓутоа, овие категории немаат никаква психолошка вредност. Всушност, видовите на музика постојат само за да ја опишат музиката, а не и самите луѓе. Затоа, три важни нешта треба да се земат во предвид:

хип хоп

1) Повеќето луѓе слушаат различни видови на музички жанрови, особено сега кога музиката е уште подостапна (преку евтино симнување од интернет, споделување со пријателите, преку страници за гледање на музички спотови итн.).

2) Изборот на одреден вид на музика е најчесто поттикнат од нашиот социјален идентитет (на пример, ако се сметаме себеси за интелектуалци, ќе слушаме џез или класична музика, ако се сметаме за бунтовници, ќе слушаме рок или хеви метал, иако, во последно време, оваа музика почесто ја слушаат средновечни компјутерски порграмери отколку револтирани млади луѓе, а пак, идните интелектуалци ќе слушаат Фифти сент или Џеј Зи). Според тоа, кога станува збор за музичките вкусови, може да се каже дека возраста, полот и социоекономскиот статус се порелевантни отколку карактерот.

3) Главната функција на музиката е емоционална, меѓутоа, на психолозите останува да ја разрешат врската помеѓу различни песни и различни емоции. Оваа задача е многу значајна,  особено поради огромното количество на музика што постои денес.

пијано

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  

Коментари  

 
0 #1 Нотка.Господинот во Тегет 22-10-2013 02:00
Што врска има Фифти сент со интелектуалците ?!?!
Цитирај
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.