RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
РОБОКОПТЕР САМ УЧИ ДА ЛЕТА
Среда, 15 Декември 2010
Слика
10 НЕВЕРОЈАТНИ ФОБИИ
Четврток, 27 Октомври 2011
Слика
ДОКТОРИТЕ БЕЗ ЧУВСТВА?
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
БЕЗ МНОГУ ШАРЕНИЛО
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
КАКВИ СМЕ ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИТЕ
Понеделник, 07 Ноември 2011
Слика
СКРИЕНА ИЛИ МАСКИРАНА ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 03 Септември 2013

„Чудовиштето кое најмногу го познава и од кое најмногу се плаши едно дете е чудовиштето кое чувствува дека самото е или се плаши дека може да биде“

Бруно Бетелхајм



7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 18950 пати
Среда, 19 Јануари 2011 17:28

Ви се чини дека вашата креативност пресушила? Еве неколку техники со кои ќе го обновите замрениот креативен потенцијал.

пресушена креативност

Сите ние можеме да бидеме иновативни доколку имаме време, слобода, доволно искуство, соодветен модел на однесување и мотивација.

Но, има моменти кога и на најкреативната личност и се здосадува, или едноставно се соочува со креативен ќорсокак, односно недостиг од идеи. Еве ги седумте најинтересни и најневообичаени техники со кои ќе ја повратите вашата:

1. Психолошка дистанца

Психолошката дистанца може да биде мошне корисна алатка за интензивирање на креативноста.

Учесниците во едно истражување кои беа подготвени изворот на задачата да го сметаат за оддалечен, решија двојно повеќе внатрешни проблеми од оние кои поаѓаа од непосредната близина на задачата.

За увид: Обидете се да ја замислите вашата креативна задача како да е оддалечена и неповрзана со вашата моментална локација. Тоа би требало да ве поттикне да размислувате на повисоко ниво.

дистанца

2. Понапред во времето

Како психолошката дистанца, така и хронолошката дистанца може да ја поттикне креативноста.

Фостер и неговите колеги ги замолија учесниците во истражувањето да размислуваат како би изгледал нивниот живот една година подоцна. Како резултат на тоа, тие се покажаа како оостроумни и дојдоа до покреатвини решенија за проблемите, за разлика од оние кои размислуваа како би изгледал нивниот живот наредниот ден.

Размислувањето за дистанцата во времето и просторот веројатно го поттикнува мозокот да размислува апстрактно и соодветно на тоа, покреативно.

За увид: Проектирајте се себеси понапред во времето; гледајте на своите креативни задачи како да се една, десет или сто години оддалечени.

време

3. Апсурдистичка стимулација

Мозокот секогаш се стреми да учи преку искуството. Колку повеќе апсурдност искусува притоа, толку повеќе се труди да изнајде решение за проблемот со кој се соочува.

Учесниците во едно истражување прочитаа апсурдна, бесмислена приказна од Франц Кафка пред да пополнат образец со задача за препознавање. Споредени со контролната група на учесници, оние кои ја прочитаа приказната покажаа подобрена потсвесна способност за препознавање на скриените шаблони.

За увид: Прочитајте ја "Алиса од земјата на чудата", "Метаморфоза" од Кафка, или било кое апсурдно ремек дело. Апсурдноста е “закана за смислата” која ја подобрува креативноста.

креативна Алиса

4. Искористете го лошото расположение

Позитивните емоционални состојби го подобруваат решавањето на проблемите и флексибилното размислување, а генерално земено се повеќе придонесуваат во креативноста. Но, и негативните емоции имаат моќ да ја поттикнат креативноста.

Едно истражување спроведено над 161 вработен откри дека креативноста се зголемила кога и позитивните и негативните емоции беа на високо ниво (Џорџ и Зоу, 2007). Се испостави дека испитаниците позитивно ги искористија драматичните ситуации на работното место.

За увид: Негативните расположенија може да ја убијат креативноста, но сепак обидете се да пронајдете начин да ги искористите на позитивен начин - може да се изненадите од тоа што ќе се случи.

креативност

5. Комбинирање на спротивностите

Интервјуата со 22 Нобелови лауреати во физиологија, хемија, медицина и физика, како и писатели добитници на Пулицеровата награда и други уметници, открија изненадувачка сличност во нивните креативни процеси (Ротенберг, 1996).

“Јанусовото размислување”, така наречено според Јанус - римскиот бог со повеќе лица, вклучува смислување на повеќе истовремени спротивности. Интегративните идеи потекнуваат од спротивставените страни, кои вообичаено не се очигледни во крајниот производ, теорија или уметничко дело.

Физичарот Нилс Бор можеби го употребил Јанусовото размислување за да дојде до принципот на комплементаноста во квантната теорија (дека светлото може да се анализира како бран или како честичка, но никогаш како двете истовремено).

За увид: Поставете невозможни спротивности, испробајте смешни комбинации. Ако се друго пропадне, помолете му се на Јанус.

спротивности

6. Линија на најголем отпор

Кога луѓето се обидуваат да бидат креативни, тие обично одат по патот на најмал отпор преку создавање на веќе постоечки идеи. Тоа не е проблем, се додека не ви пречат  варијациите на една иста тема.

Доколку сакате нешто поневообичаено, тоа може да ве ограничи да се задржите на она што веќе постои. Линијата на најголем отпор води до покреативни решенија.

За увид: Повеќето луѓе одат по патот на најмал отпор, бидејќи тоа е најлесно да се направи. За промена, обидете се со потешката опција. Не се плашете од предизвиците.

креативен крстопат

7. Реконцептуализација

Луѓето често пребрзо одговараат, често дури и пред да размислат убаво за одговорот на поставеното прашање. Истражувањата укажуваат дека времето кое го минувате во реконцептуализирање на одреден проблем може да биде навистина делотворно.

Мамфорд и неговите колеги открија дека учесниците во екперимент дојдоа до поквалитетни идеи кога беа принудени повторно да го замислат проблемот на разни начини, пред да се обидат да го решат. Слична класична студија на уметници откри дека оние кои се фокусираа на откритието во периодот на формулирање на проблемот, создадоа подобри уметнички дела (Чикшентмихалиј и Гетцелс, 1971).

За увид: Засега заборавете го решението, концентрирајте се на проблемот. Дали го поставувате вистинското прашање?

креативни идеи

Секојдневна креативност

Сите овие методи може да се применат во секојдневниот живот.

Комбинирањето на спротивностите, одбирањето на патот на најголем отпор, апсурдноста и останатите може да ви помогнат да изберете подарок, да размислувате за својата кариера на поинаков начин или да одлучите што да правите за викендот. Креативноста “без обврски” е исто така важна, а можеби дури и поважна, од “сериозната” креативност.

секојдневна креативност

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.