RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПАУНИТЕ И НИВНИТЕ СКАПИ АВТОМОБИЛИ
Понеделник, 29 Август 2011
Слика
ОБРАТНА ПСИХОЛОГИЈА
Среда, 10 Август 2011
Слика
БЕЗ РЕПРИЗИ, МОЛАМ
Четврток, 16 Декември 2010
Слика
ПОТЕКЛО НА МОРАЛОТ
Петок, 17 Декември 2010
Слика
ЗНАЕШ ЛИ ШТО СЛУШНАВ?
Петок, 17 Декември 2010
Слика
ДЕХИДРАЦИЈАТА ОПАСНА ПРИ СЕКС
Среда, 05 Октомври 2011
Слика
ЦВРСТО МАШКО ПРИЈАТЕЛСТВО
Вторник, 14 Декември 2010
Слика
ШЕФОТ ШТЕТЕН ЗА БРАКОТ
Вторник, 10 Јануари 2012

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс



ТАЛЕНТОТ ЗА МУЗИКА Е 50% ГЕНЕТСКИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4255 пати
Среда, 03 Ноември 2010 19:50

Дали музичкиот талент е однапред детерминиран во гените, или пак се јавува сам по себе? Најновото истражување во Финска дава одговор на ова прашање.

музицирање

Таткото и вујковците на Јохан Себастијан Бах беа признаени музичари, таткото на Чарли Паркер пијанист во во водвиљ, оној на Пол Мaкартни  трубач во бенд, а  Принц го добил своето име по истоименото џез трио на татка си. Од овие и безброј други примери, луѓето често заклучуваа дека музичкиот талент се наследува во семејството. Најновото истражување на 15 фински семејства, објавено во  “Журнал за Медицинска Генетика“  навистина потврдува дека талентот за музика е поврзан со гените.

Медицинскиот генетичар Ирма Јавела од Универзитетот во Хелсинки и нејзините колеги анализираа 224 членови на 15 семејства кои или беа самите музичари, или беа во некаква врска со професионални музичари или аматери. На испитаниците им беа дадени стандардни тестови за музички талент, како на пример способноста да се забележат различните тонови или разликите во времетраењето на тоновите. Јарвела утврди дека генетското наследство е одговорно за тоа што речиси 50% од испитаниците ги забележаа разликите, иако немаа никакво професионално музичко образование.

музички тон

Исто така, таа лоцираше неколку ДНА секвенци кои се во врска со музичкиот талент. Еден од гените се користи за да се пронајде протеин кој вибрирањето на влакнестите ќелии во внатрешното уво го претвора во мозочни сигнали. Другиот ген кој го идентификуваше е претходно поврзуван со дислексијата, што сугерира дека развојот на говорот и музичкиот талент можеби имаат исто потекло.

“Сега се стремиме кон тоа да ги идентификуваме молекулите кои можат да ни помогнат да ја разбереме еволуцијата на музиката и како музиката посредува кај биолошките ефекти“, изјави Јарвела.

ДНК

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.