RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
10 СЕКС ФАКТИ
Среда, 23 Март 2011
Слика
КУЛТУРАТА Е САМО ЗА МАЖИТЕ
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
И НИЕ СМЕ ВОНЗЕМЈАНИ
Среда, 10 Август 2011
Слика
ИСТОРИЈА НА ЧОВЕКОВАТА АГРЕСИЈА
Понеделник, 10 Јануари 2011
Слика
БИДЕТЕ ВРВЕН СПОРТИСТ
Понеделник, 02 Мај 2011
Слика
ОНЛАЈН РАСПУШТЕНОСТ
Сабота, 29 Јануари 2011
Слика
КАРАКТЕР И СЛИКИ
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
КОМПЈУТЕР АДВОКАТ
Среда, 20 Април 2011

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс



ЕВОЛУЦИЈА НА ЧОВЕКОВАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 4.00 од можни 5)
прочитано 10322 пати
Среда, 16 Ноември 2011 09:32

 Природата и потеклото на човековата интелигенција е многу истражувана и дебатирана тема од природен интерес за луѓето како најуспешен и најинтелигентен хоминоиден вид...

неврони
Не постои универзално прифатена дефиниција за интелигенцијата, една дефиниција е “способноста за резонирање, планирање, решавање на проблеми, апстрактно мислење, разбирање на идеите и јазикот и учење.” Еволуцијата на хоминидната интелигенција може да се следи во својот тек низ минатите 10 милиони години и да се припише на специфични предизвици на средината.
Сепак, постои несогласување во еволуционата теорија за ова да се гледа како неопходен процес и уште поголемо несогласување да се гледа како да е насочена кон одреден исход.

развој на интелигенцијата
Постојат видови на примати кои не еволуирале на повисоко ниво на интелигенција  пред 10 милиони години: ова се случува бидејќи нивната сепцифична средина не побарала специфина адаптација од нивна страна.
Интелигенцијата како прилагодување на предизвиците на природната селекција не е подобра или полоша од било која друга адаптација, како брзината на гепардот или отровното гризување на кобрата.
Сепак, тоа е единствената адаптација која им дозволила на видовите да воспостават комплетна доминација над останатиот природен свет.
Дали нашиот вид стекнал доволно интелигенција за да се справи со оваа одговорност е тема за дебата.

научник

Хоминиди

Големите мајмуни покажуваат значајни способности за когниција и емпатија.
Шимпанзата прават алатки и ги користат за да дојдат до храна и за социјални игри; тие имаат софистицирани стратегии за ловење кои бараат соработка, влијание и ранк; тие се свесни за состојбата, манипулативни и способни за измама; може да научат да користат симболи и ги разбираат апектите на човечкиот јазик вклучувајќи одредена релациона синтакса, концептот на броевите и нумеричкиот редослед.
Во една студија, младите шимпанза имаа подобра изведба од човечките студенти во задачите кои бараат запомнување на броеви. Ова тврдење беше подоцна побиено од друга студија која забележа дека шимпанзата имаа подолга пракса со задачата, додека студентите се проценуваа според првот обид. Шимпанзата се способни за емпатија, забележани се како хранат желки во дивината, и покажуваат љубопитност за дивиот свет.

хоминиди

Хоминини

Пред околу 10 милиони години, земјината клима ја зафати постудена и посува фаза, која доведе до ледено доба кое започна пред околу 2,6 милиони години. Една последица на ова беше повлекување на северно Африканските тропски шуми, заменувајќи ги најпрво со отворена зелена површина, а подоцна со пустина (Сахара). Ова ги присили животните кои живеат на дрва да се прилагодат на нивната нова средина или да изумрат. Бидејќи нивната средина се промени од голема шума во делови од шума одвоени со тревни површини, некои примати се прилагодија на привремен или постоја земјен живот. Тука тие беа изложени на предаторите, како големите мачки, од кои претходно беа безбедни.

астралопитекус
Некои Хоминини (Австралопитекус) се прилагодија на овој предизвик такашто развија бипедализам: движење на задните нозе. Ова им овозможи поголема висина и поширока визија, а со тоа и способност да ја забележат опасноста од подалеку. Исто така, ги ослободија предните екстремитети (рацете) од задачата за одење и овозможи рацете да бидат достапни за други задачи како собирање храна. Во одреден момент, бипедалните примати развија спретност во движењата на рацете, со што се отвори можност за развој на способностите како собирњае на стапчиња, коски и камења и нивно користење како оружја или алатки за поуспешно ловење на помали животни, кршење на јаткастите плодови или сечење на месото. Со други зборови, овие примати ја развија употребата на примитивната технологија.

черепи
Пред околи 5 милиони години, мозокот на Хоминините започна побрзо да се развива и во голема и во диференцијација на функциите.
Се покажа дека соработката и комуникацијата меѓу големите мајмуни сериозно е попречена од нивната компетитивност и поради тоа мајмуните би ја револуционизирале нивната способност за развој на културата доколку само би можеле да ја отфрлат својата компетитивност. Исто така, добро познато е дека дури и на раните хоминини им недостигаше големина и острина на нивните заби (канини) кои мајмуните ги користат како знак за опасност, укажувајќи дека предците на луѓето не користеле сигнали за опасност. Тоа значите дека тие веќе ја надминале мајмунската компетентсност и поради тоа разивле супериорна соработка и комуникација.

пештерски цртежи

Хомо хабилис

Пред 2.4 милиони години Homo habilis се појави во источна Африка: првиот човечки вид и првиот познат вид кој правел камени алатки.
На употребата на алати му е доделена клучната еволуциона предност, а за неа е потребен поголем и пософистициран мозок за координирање на фините движења на рацете кои се бараат за оваа задача. Еволуцијата на поголемиот мозок создаде проблем за раните луѓе. Поголемиот мозок бара и поголем череп, а поради тоа потребно е жената да има поширок канал за раѓање за да помине поголемиот череп на новороденчето. Но, доколку каналот за раѓање на женката се прошири повеќе, нејзиниот пелвис би бил толку широк што таа би ја изгубила способноста за трчање: сеуште неопходна вештина во опасниот свет пред 2 милиони години.

хомо хабилис
Решението на овој проблем беше да дојде до раѓање во рана фаза на фетусниот развој, пред черепот да порасне и да  може да помине низ каналот. Оваа адаптација овозможува мозокот да продолжи да расте, но наметна нова дисциплина. Потребата за грижа за беспомошните новороденчиња еден долг временски период, ги присили луѓето да станат помалку подвижни. Племињата остануваат на едно место подолг период, за да можат женките да се грижат за новороденчињата, додека мажите ловеа храна и се бореа со другите племиња кои беа конкуренција за храна. Како резултат на тоа, луѓето станаа дури позависни од алатите за да останат во конкуренција со другите племиња и животни и помалку се потпираа на големината и силата на телото.

хомо хабилис употребува нож
Хомо сапиенс

Пред околу 200 000 години, Homo sapiens за првпат се појави во источна Африка. Нејасно е до кој степен овие рани современи луѓе го развија јазикот, музиката, религијата итн. Тие се проширија низ Африка во наредните 50 000 години.
Според поборниците на Тоба катастрофалната теорија, климата во нетропските делови на земјата доживеа ненадејно замрзнување пред околу 70 000 години, поради голема експлозија на вулканот Тоба која ја исполни атмосферата со вулканска прашина неколку години. Ова ја намали човечката популација на помалку од 10 000 парови во екваторијална Африка, од кои потекнуваат сите современи луѓе. Поради неспремноста за ненадејната промена на климата, преживеани беа само доволно интелигентните кои развија нови алати и начини за одржување на толлината и пронаоѓање на нови извори на храна.

хомо сапиенс

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.