RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
БЕБИЊАТА И НИВНИТЕ ЕМОЦИИ
Среда, 28 Септември 2011
Слика
ГЛЕДАЈ, НО НЕ ДОПИРАЈ
Четврток, 04 Ноември 2010
Слика
КАКО УТВРДУВАМЕ КОЈ Е ГЛАВЕН?
Вторник, 13 Ноември 2012
Слика
КОМПЈУТЕРСКА УБАВИНА
Петок, 17 Декември 2010
Слика
МЕ ПАЛАТ ТВОИТЕ ТОЧКИ
Вторник, 04 Јануари 2011
Слика
ПРОБЛЕМАТИЧНО СЕМЕЈСТВО
Четврток, 17 Март 2011

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд



КОИ СЕ ПРВИТЕ ЖИТЕЛИ НА САД? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2873 пати
Понеделник, 18 Јули 2011 16:19

Луѓето веројатно кампувале покрај потоците во близина на Тексас уште пред општеството на Кловисите, кои се сметаат за први човечки доселеници на американскиот континент, сместени во западот.

фосили

Наоѓалиштето, лоцирано во центален Тексас на крајбрежјето на Батермилк Крик, има произведено речиси 16 000 артефакти, вклучувајќи камени чипови и предмети со облик на сечило, во почва која датира од пред 15 500 години, повеќе од 2000 години пред првиот доказ за културата на Кловисите. Многу од предметите се остатоци од сечењето или острењето на алатите, но истражувачкиот тим откри и околу 50 алатки, вклучувајќи неколку површини за сечење - вклучувајќи острила за копја и ножеви.
“Алатите кои ги откривме таму укажуваат дека тие престојувале околу Батермилк Крик,” вели Мајк Вотерс, од Тексас Универзитетот, за LiveScience. “Ова веројатно било местото каде живееле и ги спроведувале секојдневните активности.”
Сите објекти беа мали и лесни и веројатно укажуваа дека групата водела подвижен живот, движејќи се од едно на друго место, но секогаш се враќале. Од губитоците поради абењето на артефактите, некои веројатно се користеле за сечење на мек материјал, како крзно, додека другите можеби се користеле за поцврсти материјали, како камен.

стрела

Праисториските луѓе веројатно го користеле наоѓалиштето повеќе векови, бидејќи почвата каде беа пронајдени артефактите датира од пред помеѓу 12 800 и 15 500 години. “Тие го напуштале местото и потоа се враќале, а секој пат оставале доказ за нивните активности,” вели Волтерс. “Тие полека, но сигурно ги граделе овие депозити. Нивната проценката покажува дека потекнуваат од пред 15 500 години и продолжуваат се до појавата на материјалите на Кловисите.”
Истражувачите не можеа да го проценат материјалот со стандардниот златен метод користејќи јаглерод-14, бидејќи ниеден од артефактите немаше органски компоненти, како нешто од растителна природа. Тимот користеше друг начин на процена на почвата околу артефактите, а некои од истражувачите го доведоа тој метод во прашање. Понатамошното ископување на наоѓалиштето може да открие предмети кои се проценливи со јаглерод, кои може да ја потврдат староста на наоѓалиштето.

пештера

Доколку процената е точна, оваа група му претходи на Кловичкото општество, за кое долго се сметаше дека го колонизираше американскиот контитент пред 13 000 години и можеби го овозможиле растот на Кловичкото општество. Праисториските човечки општества се обично дефинирани според камените алатки кои ги користеа, големината и обликот кој се менувал со времето. Кловиците користеа поголеми сечила и алатки отколку оние кои се пронајдени во лежиштето во наоѓалиштето кај Батермилк.
Ова наоѓалиште не е прво кое му претходи на Кловисите, иако Вотерс верува дека неговиот доказ е најјасен досега.
Сепак, не секој се сложува со интерпретациите за наодите на Вотерс. Додека другите истражувачи не се сомневаат дека веројатно постоеја човечки популации во Америка пред Кловиците, тие тврдат дека доказот не е толку силен на ова наоѓалиште како кај некои други.

тексашка крава

Том Дајлхеј, истражувач на Вандербилт Универзитетот во Тенеси кој не беше вклучен во студијата, за LiveScience вели дека еколошките услови на наоѓалиштето, вклучувајќи поројни дождови и остатоци од поплавите, може да ги измешале слоевите на седиментите, што значи дека талозите на Кловиците може да биле закопани на врвот од артефактите опишани од Вотерс и поради тоа се сметаат за понови. Највисоките слоеви се многу тенки.
Гери Хејнс, од Универзитетот во Невада, Рено, ги пофали авторите за “потенцијално големотот откритие” но имаа и многу од истите сомнежи за истражувањето.
“Треба да ископаат поголема област од наоѓалиштетот пред да донесат вавки заклучоци,” вели Дајлхеј за LiveScience. “Не ги гледам податоците кои ги подржуваат заклучоците кои тие ги презентираат.”

череп

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.