RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд



ОБЛЕКАТА ГО ПРАВИ ЧОВЕКОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 15133 пати
Сабота, 22 Јануари 2011 23:20

Истражувачи од Универзитетот во Флорида тврдат дека луѓето носеле облека пред 170 000 години.

праисториска облека

Едно ново истражување на Универзитетот во Флорида што ја анализира еволуцијата на вошките покажува дека луѓето почнале да носат облека пред 170 000 години што им овозможило успешно да емигрираат надвор од Африка. Главниот истражувач, Дејвид Рид, кустос во природнонаучниот музеј во Флорида, ги истражува вошките кај луѓето за да ја разбере нивната еволуција и шемата на нивното мигрирање. Во неговото последно истражување што трае пет години, тој користи низи на ДНК за да открие кога вошките од облеката на луѓето прв пат почнале генетски да мутираат од првобитните вошки на човечката глава.

Финансирано од Националната научна фондација, ова истражување е достапно на интернет и во печатената верзија на Молекуларна биологија и еволуција.

„Баравме друг метод за да утврдиме кога прв пат луѓето почнале да носат облека“ – вели Рид. „Знаеме дека вошките од човечкото тело скоро сигурно не постоеле се’ додека луѓето не почнале се облекуваат бидејќи тие многу брзо се приспособуваат на облеката.“

вошка

Податоците покажуваат дека луѓето почнале да носат облека околу 70 000 години пред да почнат да се движат кон постудени средини и поголеми височини – појава што започнала пред околу 100 000 години. Овој период не може да се утврди според археолошки податоци бидејќи облеката од тоа време не може да опстои на археолошки локалитети.

Истражувањето исто така покажува дека луѓето почнале да се облекуваат многу подоцна откако ги изгубиле влакната по телото, што, според едно истражување за генетската обоеност на кожата, се случило пред околу 1 милион години - значи човештвото поминало еден долг период без облека, изјави Рид.

‘Интересно е што луѓето успеале да преживеат стотици и илјадници години во Африка без да носат било каква облека и без влакна на телото. Но, започнале да мигрираат од Африка кон другите страни на светот дури кога почнале да се облекуваат.’ – рече Рид.

миграција

Вошките се добри за анализа бидејќи, за разлика од другите паразити, нивното потомство може долго време да живее врз телото на домаќинот. Врската меѓу потомствата им овозможува на научниците да научат повеќе за еволутивните промени кај домаќините врз основа на промените кај паразитите.

Поврзувањето на еволуцијата на вошките и луѓето може да даде информации што ќе се искористат во медицината, еволутивната биологија, екологијата и голем број на други науки, вели Рид.

„Истражувањето ни дава можност да го испитаме процесот на менување на домаќини и напаѓањето на новите – појави што ги има и кај инфективните болести од кои страдаат луѓето“ – изјави Рид.

глава со вошки

Истражувањето за вошките во облеката од 2003 година на Марк Стоункинг, генетичар на Институтот Макс Планк во Лајпциг, Германија, процени дека луѓето прв пат почнале да носат облека пред 107 000 години. Сепак, истражувачите од Универзитетот во Флорида користат нови податоци и попрецезни методи за пресметување.

„Резултатите од анализата посочуваат еден неочекувано ран период за облеката што е многу поназад од најраните цврсти археолошки докази, меѓутоа, се си има смисла,“ – рече Иан Гилиган, предавач на Факултетот за археологија и антропологија на Меѓународниот Австралиски Универзитет. „Ова значи дека современиот човек веројатно почнал редовно да се облекува за да се стопли во леденото доба кога прв пат бил изложен на такви услови.“

облека од крзно

Последното ледено доба беше пред околу 120 000 години, но истражувањето покажува дека луѓето носеле облека во претходното ледено доба што било пред 180 000 години според пресметките на истражувањата за ледената кора, тврди Гилиган. Современиот човек прв пат се појавил пред околу 200 000 години.

Бидејќи прастарите хоминиди не оставиле никакви остатоци од вошки на облеката, истражувањето не ја прифаќа можноста дека прастарите хоминиди надвор од Африка носеле некаква облека пред 800 000 години. Иако се смета дека прастарите луѓе живееле со генерации надвор од Африка, само современите успеале таму да преживеат до денес.

„Веројатно употребата на оган, носењето облека, новите стратегии за лов и новите алати направени од камен им помогнале на луѓето да опстојат стотици илјадници години,“ – вели Рид.

алатка

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.