RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВИСТИНСКИТЕ СПОРТИСТИ ПЛАЧАТ
Четврток, 06 Октомври 2011
Слика
БЕЗ ПРАВО НА ИЗБОР ДО СРЕЌА
Петок, 11 Ноември 2011
Слика
ИЗБОРЕТЕ СЕ СО АНКСИОЗНОСТА
Вторник, 01 Февруари 2011
Слика
КАКО ДО ПОГОЛЕМО СЕКСУАЛНО ЗАДОВОЛСТВО
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
ЛИЦЕ НА АГРЕСИЈАТА
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
БЕБИЊА И СОЦИЈАЛНА ДОМИНАЦИЈА
Петок, 11 Февруари 2011
Слика
БЕБИЊАТА И НИВНИТЕ ЕМОЦИИ
Среда, 28 Септември 2011
Слика
ПОСТАВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ЖИВОТНИ ЦЕЛИ
Вторник, 01 Ноември 2011
Слика
ЖИВОТНИТЕ ПАМЕТАТ, НО ШТО?
Понеделник, 05 Декември 2011

Каде и да одам, гледам дека некој поет бил таму пред мене.

Зигмунд Фројд



ДАЛИ СТЕ ПЕШТЕРСКИ ЧОВЕК? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 8412 пати
Недела, 09 Јануари 2011 00:29

Според анализите на неандерталски гени кои беа за прв пат секвенцирани во неодамнешно истражување, многумина од нас се делумно пештерски луѓе.

модерен неандерталец

Геномот на неандерталците докажува дека овие древни хоминиди се спарувале и вкрстувале со предците на модерните луѓе, велат научниците.

“Неандерталците не се потполно истребени,” вели лидерот на истражувањето Сванте Пабо од Институтот за еволутивна антропологија Max-Planck во Лајпциг, Германија. “Во некои од нас тие се уште живеат.”

Всушност, помеѓу еден и четири проценти од ДНК-та на модерните луѓе потекнува од неандерталците, кои живееле пред околу 130 000 и 30 000 години, објаснуваат  истражувачите.

На научниците им беа потребни многу години го состават првиот редослед на неандерталскиот геном, кој сега е околу 60 проценти комплетен. Истражувачите  издвоија ДНК од 40 000 години стари коски на три неандерталки пронајдени во пештера во Хрватска. Притоа мораа да користат нови техники за да ја изолираат бактериската контаминација и сегашната човечка ДНК.

ДНК изолирање

Овој подвиг е голем чекор напред во комплетирањето на човековата еволуциона историја, велат експертите.

“Публикацијата на Др. Пабо за целосниот неандерталски геном е големо историско достигнување,” изјави Грегори Хенон од лабараторијата Cold Spring Harbor во Лорел Холоу, Њу Јорк, кој помогна да се анализира новокомпонираниот геном.

Имаше долга контроверзна расправија околу тоа дали луѓето и неандерталците се вкрстувале, но новите анализи нудат цврсти докази дека се спарувале и разменувале гени.

“Способни сме да ја разрешиме контроверзата околу тоа дали имало проток на гени,” вели еден од помошниците во истражувањето Дејвид Рајх од управата на Харвардското медицинско училиште за генетика. “Сметаме дека постојат цврсти докази дека тоа и се случило.”

пештерски човек

Научниците открија доказ дека неандерталски гени се јавуваат во геномот на модерните луѓе во Европа, Азија и Океанија (Папуа, Нова Гвинеја), но не и во Африка, што значи дека вкрстувањето се случило по преселбата на старите народи од Африка, но пред да се разделат во повеќе групи кои заминале во различни правци.

“Тоа се случило пред дивергенцијата, некаде на територијата на Блискиот Исток или северна Африка, на портите на Африка.” вели Рајх. “Се работи за мала, но многу реална пропорција на (неандерталско) потекло кај не-Африканците денес.”

Истражувачите проценија дека вкрстувањето се случило пред околу 60,000 години.

Овие откритија се во согласност со резултатите од друго неодамнешно истражување, предводено од тим на антрополози во Универзитетот од Њу Мексико,  кое исто така посочи дека постоело вкрстување помеѓу неандерталците и луѓето. Овој тим откри поголема разновидност во геномот на денешните не-Африканци, за што веројатно придонеле дамнешните човекови претци.

преселба

Се уште е рано да се знае каков ефект имале овие неандерталски гени врз начинот на однесување или изгледот на древните луѓе, велат истражувачите.

Секвенцираните гени  можат да им помогнат на научниците да откријат и на кој начин луѓето се разликуваат од неандерталците. Истражувачите го споредија неандерталскиот геном со оној на модерните луѓе и шимпанзата за да ги идентификуваат областите каде што постојат најголеми разлики.

Открија некои генетски карактеристики кои се единствени за модерните луѓе (а кои не биле пронајдени кај неандерталците и шимпанзата), вклучувајќи гени кои се инволвирани во когнитивниот развој, структурата на костурот, метаболизмот и кожата.

“Во секој случај, потребно е многу, многу повеќе работа,” вели Пабо. “Ова е патоказ кои гени треба да ги истражуваме и сигурен сум дека ние и многу други научници ќе го сториме токму тоа.”

човечка еволуција

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.