RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВОЈНИЧКО РОБОТСКА ЉУБОВ
Понеделник, 29 Ноември 2010
Слика
КОНТРОЛА НА ЕМОЦИИТЕ
Вторник, 19 Март 2013
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ТЕНИСОТ
Петок, 25 Март 2011
Слика
ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПО ЖЕЛБА
Вторник, 09 Август 2011
Слика
ГЕНЕТСКА ДЕПРЕСИЈА
Недела, 09 Јануари 2011
Слика
ДО 2030 СИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ ТЕЛЕПАТИ
Четврток, 11 Ноември 2010
Слика
ДЕХИДРАЦИЈАТА ОПАСНА ПРИ СЕКС
Среда, 05 Октомври 2011
Слика
СМИСЛЕНА УЧТИВОСТ
Среда, 06 Април 2011

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј



ПРЕИСТОРИСКО СМЕЕЊЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2168 пати
Вторник, 21 Декември 2010 20:25

Пред 10 до 16 милиони години, последниот заеднички предок на луѓето и мајмуните исто така се смеел, најверојатно при скокоткање.

 

дете се смее

Што е тоа што го прават сите човечки суштества, без оглед на расата, културата, јазикот или верувањата? Се смеат, секако. Пред 10 до 16 милиони години, последниот заеднички предок на луѓето и мајмуните исто така се смеел, најверојатно при скокоткање. Тоа е заклучокот од анализата на снимено смеење на млади орангутани, шимпанзи и деца кај човековиот вид.

Чарлс Дарвин и другите научници одамна посочуваа дека мајмуните и останатите видови на цицачи се смеат или произведуваат слични звуци за време на друштвени игри. Но никој систематски не го има споредено смеењето кај разни видови на примати, особено кај големите мајмуни.

човек се смее

Зоологот Марина Давила Рос од Универзитетот во Портсмаут во Велика Британија и нејзините колеги го снимија смеењето на млади горили, шимпанзи, бонобоа, орангутани и еден сиаманг во зоолошките градини и национални паркови. Се испостави дека повеќето од младенчињата мајмуни сакаат да бидат скокоткани: Експлозивно се смееја кога нивните одгледувачи ги скокоткаа со некое гранче или со прстите на стапалата, дланките, вратот или  под пазувите.

Истражувачите потоа го споредија снименото смеење со она кај три деца од човековиот вид. Открија дека луѓето произведуваат повеќе "гласовни" звуци – карактеристичното "Ха! Ха!"- и дека поголемиот дел од човековото смеење се одвива при издишување. "Човечкото смеење е многу карактеристично," вели Давила Рос. Од друга страна пак, сите видови на мајмуни кога се смеат наликуваат едни на други. Повеќето од нив произведуваат еден вид на кратки, бучни гроктања. Но, на нивно изненадување, горилите и бонобоата се смеат подолго и при издишување, како и човекот. Еден бонобо дури и "гласовно" се насмеа, создавајќи звук сличен на "Ха!", изјави научниот тим во "Current Biology". Давила Рос забележува дека другите истражувачи исто така слушнаа слични звуци и од шимпанзите.

мајмун се смее

Овие наоди ја предизвикуваат претставата дека гласовното смеење при издишување е "исклучиво човечка карактеристика," изјави Рос. Тие исто така, вели таа, се противат на идејата дека смеењето како кај човекот е застапено само кај двоножците, како што тврдеше невро-научникот Роберт Провајн од Универзитетот во Мериленд, САД.

И Провајн и Давила Рос велат дека бидејќи луѓето и сите мајмуни се смеат, голема е веројатноста дека далечниот заеднички предок на луѓето и мајмуните по мајмунска линија кој живеел пред 10 до 16 милиони години исто така се смеел. Врз основа на новата анализа, "неговото смеење било веројатно многу гласно и несредено" и било "слично на смеењето на мајмуните", изјави Рос. Нашето смеење се сменило подраматично во изминатите 5 милиони години, кога човечката линија се раздвоила од шимпанзите и бонобоата, а смеењето станало гласовно и се одвивало при издишување. Но тоа е се уште "преувеличување" на смеењето на нашите предци, вели таа. И, забележува Рос, постои уште едно нешто што и мајмуните и ние, луѓето, сме го задржале од нашиот далечен предок: Сакаме да бидеме скокоткани.

девојче и мајмун

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.