RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МОЗОК ИСТО ШТО И КОМПЈУТЕР
Вторник, 09 Август 2011
Слика
ЗОШТО ЛИДЕРИТЕ ПОТФРЛААТ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
ИСПИТНА ТРЕМА
Понеделник, 07 Март 2011
Слика
КАКО ДА ГИ ОТКРИЕТЕ "ЛАЖГОВЦИТЕ"?
Сабота, 08 Октомври 2011
Слика
ТУЃИТЕ ПРЕГРАТКИ ИСТО КАКО НАШИ
Вторник, 25 Октомври 2011
Слика
ОСТРАКИЗАМ
Вторник, 13 Март 2012
Слика
МАЖИТЕ И НИВНАТА ОПСЕСИЈА - ГЕЏЕТИ
Понеделник, 14 Ноември 2011

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг



ДОБРИТЕ МОМЦИ СЕ "ИН" PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3457 пати
Вторник, 07 Декември 2010 00:53

Меѓународен тим на антрополози кои работеа во Еквадор со племето Ваорани покажаа дека понекогаш мачо момците немаат никаков успех.

племе Ваорани

Досега се сметаше дека агресивното однесување на некои припадници на Јужноамерикански племиња е позитивно во одредена смисла – им овозможува на подоминантните припадници на племето да имаат поголем број жени и деца. Но, во овој случај, научниците го докажаа спротивното.

"Во 1988 година, Наполеон Шањон објави докази дека во рамките на агресивното и воинствено племе Јаномамо во Венецуела, оние мажи кои беа поагресивни имаа значително поголем број на жени и деца отколку нивните помирољубиви соплеменици," изјави Стивен Бекерман, помошник професор по антропологија, на Пен Стејт Универзитетот. "Нашето истражување на Ваорани племето укажува дека поагресивните воини имаат помал репродуктивен успех од оние кои не се толку воинствени."

Ваораните живеат во дождовните шуми во Јужна Америка. Ловат со цел да се прехранат и одгледуваат тапиока. При воспоставувањето на првиот мирољубив контакт со нив во 1958 година, тие броеја вкупно 500 луѓе кои живееја на територија голема колку Њу Џерси во САД (помеѓу реките Напо и Курарај во Амазонскиот базен источно од Андите). Природните ресурси кои ги имаа во изобилство често привлекуваа несакани посетители, кои беа убивани на лице место. Вооружените судири и убиствата не беа ништо необично за Ваораните. Познат е фактот дека тие се повоинствени и од племето Јаномамо. Често вршеа насилство како врз самите себеси, така и врз останатите, кои не беа припадници на нивното племе. На крајот, по 14 години, мисионерите воспоставија мир во рамките на Ваорани популацијата. Агресивното однесување и војните денес скоро и да не постојат.

маж од племето Ваорани

"Доколку го земеме во предвид евидентираното изобилство на природни ресурси, тогаш ограниченоста на ресурсите никако не може да биде сметана како причина за војна меѓу Ваораните," вели Бекерман.

Историскиот Проект за Животот на Ваораните се обиде да истражи како машкото учество во војувањето е поврзано со неговиот опстанок и опстанокот на неговите жени, бројот на жените и децата кои ги има и нивните шанси за преживување. Истражувачите интервјуираа мажи од 23 населби. Разговараа и со еден човек кој ги искусил војните пред да дојдат мисионерите. Научниците собираа податоци за генеалогијата на мажите, репродуктивната историја, воената историја и личните приказни на мажите кои војувале. Воинствената  датотека опфаќаше податоци за 95 мажи. Бекерман и неговите колеги ги објавија своите наоди на интернет, на сајтот на  Proceedings of the National Academy of Science.

племе Јаномами

"Нашиот војнички примерок опфаќаше и мртви и живи мажи," изјави Бекерман. "Ја рангиравме агресијата според бројот на напади во кои што учествувале. Нашата анализа е ослободена од проблемот предизвикан од инхерентната корелација на возраста на воинот со учеството во битките и репродуктивниот успех."

Истражувачите открија дека поагресивните мажи немаат повеќе жени од помирољубивите. Доминантните воини немаат поголем број на деца и нивните жени и деца не живеат подолго. Всушност, воинствените мажи имаат помал број на деца кои живеат доволно долго да ја достигнат репродуктивната зрелост.

Зошто овие резултати се разликуваат од оние на Шањон и зошто мажите од племето Ваорани се толку воинствени кога се чини дека тоа не им носи никакви придобивки? Истражувачите укажуваат на фактот дека и Ваорани и Јаномамо племињата се агресивни кога треба да се одмаздат, но воинствените циклуси кај Јаномамите се придружени со мирни прекини за време на кои воините ги добиваат потребните почести и признанија и можат да оформат семејство. Од друга страна пак, кај Ваораните по агресијата не следуваат мирни периоди. Таму мажите можат да започнат вооружен судир меѓусебе за најбанална ситница или за нешто што се случило пред неколку генерации. Општо земено, целта кај Ваораните е да се елиминира другата страна.

жена од племето Ваорани

Уште една битна разлика помеѓу Јаномамите и Ваораните е тоа дека популацијата на Јаномамо племето се зголемила два века пред истражувањето на Шањон.

"Ваораните, како што можеме да кажеме, биле презафаени со меѓусебно истребување и убивање во времето кога е воспоставен првиот мирољубив контакт со нив," изјавија истражувачите.

Културните ралики помеѓу Јаномамите и Ваораните можат да укажат зошто агресијата и воинственото однесување се покажале како позитивни за мажите Јаномами, но не и за Ваораните.

Јаномами семејство

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.