RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЛАЖНИТЕ СЕЌАВАЊА СЕ КОРИСНИ
Недела, 23 Октомври 2011
Слика
ПАРАДОКС НА ИСКУШЕНИЕТО
Понеделник, 13 Декември 2010
Слика
ДУШО, СЕ СМРЗНАВ
Четврток, 17 Март 2011
Слика
ЛУЃЕ, ЕМОЦИИ И КОМПЈУТЕРИ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СЛАТКА ХРАНА - "СЛАДОК" КАРАКТЕР
Вторник, 25 Октомври 2011

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


КАКО ДА ГИ ОТКРИЕТЕ ВИРТУЕЛНИТЕ ЛАЖГОВЦИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 10501 пати
Петок, 24 Февруари 2012 17:34

Луѓето кои лажат на сајтовите за запознавање имаат голема предност затоа што повеќето луѓе не знаат како да го откријат лажгото.

 вистината онлајн

Но, истражувачите открија начини како може да се дознае кој лаже во својот профил. Употребувајќи описи на личности напишани за профили на интернет сајтовите за запознавање, д-р Каталина Тома, професор за комуникациски науки на Универзитетот во Висконсин и д-р Џефри Ханкок негов колега од Корнел Универзитетот, идентификувале знаци според кои може да се заклучува дали личноста е измамник.

човек низ екран

Истражувачите ја споредувале реалната висина, тежина и возраст на 78 испитаници, членови на сајтови за запознавање, со информациите и фотографиите кои ги поставиле на 4 сајтови за изнаоѓање партнери. Лингвистичката анализа која ја направиле понатаму открила шаблони во пишувањето на „лажговците".

 сајт за запознавање

На пример, колку поизмамнички бил профилот на членот, толку помалку ја користеле заменката за прво лице „Јас".

„Лажговците ова го прават затоа што сакаат да се дистанцираат себеси од нивните лажни изјави," вели Тома. Лажговците употребувале негација, форма на јазикот која на пример го заменува „среќен" со „нетажен" или „возбудлив" со „недосаден". Тие исто така имале тенденција кон пишување пократки описи за себеси во нивните профили – мерка на претпазливост, вели Тома, против заплеткување на мрежата на лаги.

 онлајн атрибути

„Тие не би сакале да кажат премногу," - објаснува Тома. „Лажговците носат голема когнитивна тежина. Тие имаат многу работи за размислување. Што помалку ќе напишат, тоа помалку неточни работи имаат за паметење и објаснување или одржување на лагите подоцна."

интернет и реални половини

Оние кои лажеле за својата возраст, висина или тежина исто така биле повеќе склони кон тоа да раскажуваат за својата работа или достигнувањата во животот, отколку за надворешниот изглед, забележале истражувачите.

Кога еднаш се здобиле со овие алатки, истражувачите можеле да ги идентификуваат лажговците во 65% од случаите, обзнанила Тома.

лажго

Во вториот дел од студијата, Тома и Хенкок замолиле група на доброволци да ја оценува веродостојноста на одредена личност базирана единствено на пишаните описи за себеси објавени на нивните онлајн профили.

„Како и што претпоставивме, луѓето не ги бидува многу за ова," рече Тома. „Дури некои ќе имаа поголем успех ако фрлаа паричка. Тие едноставно обрнуваа внимание на погрешни нешта."

девојка на интернет

Околу 80% од оние 78 профили кои учествувале во студијата, која била подржана од Националната Фондација за Наука, застраниле од вистината на некој начин и на некое ниво. Речиси секој лажел за нешто, но обично магнитудата била мала.

Тежината била „најпопуларна за лажење", при што жените лажеле просечно за околу 5 килограми а мажите околу 1 килограм. Половината излагале за висината, а околу 20% си поиграле со возраста.

онлајн лаги

Според Тома, резултатите не се многу поразлични за она што се знае за лажговците во ситуации лице-в-лице.

„Оние кои лажат онлајн, ја имаат истата мотивација како и во традиционални околности. Не значи дека лагите на онлајн профилите се некое ново животно што го откривме, па затоа ова истражување ни помага да ги примениме резултатите и на другите форми на комуникација" - рече таа.

пинокио девојка

Во меѓувреме, не се замарајте со барање на сајтови за запознавање кои го имаат вградено детекторот на лаги на Тома.

„Еден ден ќе се појави софтвер кој ќе ви каже колку е веројатно дека профилот на слатката личноста која ја „проверувате" е лажлив, а дури и таков софтвер кој ќе детектира измамнички емаили. Но, тоа може и долго да потрае додека се направи" – изјави Тома.

дебела жена пред компјутер

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.