RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТРОШЕЊЕ ЗА ПРЕСТИЖ
Понеделник, 31 Јануари 2011
Слика
ПЕРЦЕПЦИЈАТА ВЛИЈАЕ ВРЗ УЧЕЊЕТО!
Понеделник, 25 Јули 2011
Слика
ШТО Е ЕРОТСКИ КАПИТАЛ?
Вторник, 08 Февруари 2011
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
ЗАБРАНЕТО СОЦИЈАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ
Вторник, 06 Септември 2011
Слика
МАЛ, НО ОПАСЕН СТРЕС
Понеделник, 11 Април 2011
Слика
ХИПНОЗАТА РЕАЛНО
Среда, 21 Септември 2011

Каде и да одам, гледам дека некој поет бил таму пред мене.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


ДАЛИ ТЕЛЕСНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ ВЛИЈААТ ВРЗ МИСЛЕЊЕТО? PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 4.67 од можни 5)
прочитано 11149 пати
Понеделник, 20 Февруари 2012 10:36

Понекогаш, колку повеќе учиме, толку повеќе имаме потреба да знаеме.

испреплетеност тело мозок 

Во текот на изминатите неколку децении, научниците открија дека постојат многу различни внатрешни и надворешни фактори кои влијаат врз тоа како мислиме, чувствуваме, комуницираме и носиме одлуки во некој даден момент.

Една нова студија истражува како нашите сопствени тела влијаат на начинот на кој размислуваме.

тело и мозок

Когнитивниот научник д-р Даниел Касасанто во истражувањето објавено во журналот Тековни Насоки во Психолошката Наука, опишува како посебностите на нашето тело влијаат врз нашето размислување на предвидлив начин, и тоа се однесува на многу различни области од животот, од јазикот до менталното замислување и емоциите.

необична телесна уметност

Според Касасанто, луѓето се пројавуваат во сите различни форми и големини, а луѓе со различни видови на тела мислат поинаку. Касасанто го нарекува овој концепт "Хипотеза на телесна специфичност."

телесни облици

Како тест за оваа хипотеза, Касасанто и неговите колеги ја испитувале разликата во тоа како носат одлуки поединците со доминантна десна рака наспроти оние со лева. Разгледувале дали да се биде деснак или левак може да влијае врз расудувањето за апстрактните идеи како вредност, интелигенција и чесност.

лева и десна доминантна страна

Преку серија на експерименти, научниците откриле дека, општо земено, луѓето имаат тенденција да ги претпочитаат нештата кои ги среќаваат на иста страна како и нивната доминантна рака.

самсунг галаксија

Кога учесниците биле запрашани кој од дадени два производи би го купиле, кој од двајца кандидати за работа би вработиле, или кое од две вонземски суштества им изгледа побезопасно, деснаците рутински го одбрале производот, лицето или суштеството чија слика ја виделе на десната страна на страницата а леваците го претпочитале она кое го виделе на левата.

кандидати за работа

Овие видови на преференции се пронајдени дури и кај децата на возраст од 5 години па натаму.

Но, зошто нашата доминантна страна е битна кога станува збор за правење вакви апстрактни оценки? Сето тоа се сведува на флуентноста, според Касасанто.

лево десно цртеж

На луѓето повеќе им се допаѓаат работите кои им се полесни за забележување и интеракција. Деснаците имаат полесна интеракција со нештата во нивната околина кои им се оддесно отколку оние кои им се од лева страна, па така ти обично „добро" го асоцираат со „десно" а „лошо" со „лево".

бебе со тетоважи љубов и омраза

Како и да е, оваа преференција за работите на нашата доминантна страна не е дадена еднаш засекогаш.

Деснаците чија десна рака завршила со траен хендикеп почнале да асоцираат „добро" со „лево". Касасанто и колегите пронашле слична промена и помеѓу деснаците чија „добра" рака била привремено хендикепирана во лабораториски услови.

телесни сили врз мозокот

„После само неколку минути откако десната рака им била онеспособена, деснаците почнаа да размислуваат како леваци. Ако им го смените телото на луѓето, ќе им го смените и умот." – изјави Касасанто.

палец нагоре надолу

Ако се покаже како точна, импликацијата на овие сознанија за врската помеѓу доминантната страна и однесувањето би била значајна. Всушност, хипотезата за телесна специфичност може дури да игра улога и во однесувањето при изборите – резултатот да зависи од тоа дали кандидатот е на десна или лева страна од гласачкото ливче.

 обама и меккејн

„Со оглед на тоа што околу 90 проценти од општата популација има доминантна десна страна, луѓето кои сакаат да привлечат клиенти, да продадат нешто, или да добијат гласови, треба да водат сметка дека десната страна на страницата или компјутерскиот екран може да биде „вистинската" страна."

 мозок тело

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.