RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗАКОН НА ПРИВЛЕЧНОСТА
Среда, 13 Април 2011
Слика
ПАРИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ БРАКОТ
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
ЛЕКОВИ - ДА ИЛИ НЕ?
Среда, 20 Април 2011
Слика
ЗДРАВ ШОПИНГ
Вторник, 03 Мај 2011
Слика
4 ЧЕКОРИ ДО БЛАГОДАРНОСТА
Петок, 11 Ноември 2011
Слика
ПРЕДНОСТИ НА ЕМПАТИЈАТА
Среда, 23 Јануари 2013
Слика
БОЛЕСТ ВО НАСЛЕДСТВО
Вторник, 16 Ноември 2010

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг


Сваштарник


ПОИЗГОВОРЛИВИТЕ ИМИЊА КЛУЧ ЗА УСПЕХ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 3.00 од можни 5)
прочитано 10788 пати
Четврток, 16 Февруари 2012 18:00

Имињата кои полесно се изговараат си носат суптилна предност во животот.

моето име е 

Имено, според една студија која ја анализирала изговорливоста на имињата и како таа влијае врз формирањето на впечатоци и носењето одлуки, колку поизговорливо име имате, толку е поверојатно дека ќе напредувате на работа, ќе имате успешна кариера во политиката или ќе бидете успешен професионалец во областа со која се занимавате.

 интервју за работа

Австралискиот психолог Др. Сајмон Лахам од Универзитетот од Мелбурн, заедно со своите колеги под негово водство ги соопшти резултатите од нивната студија објавена во Журналот за Експериментална Социјална Психологија, според кои луѓето не секогаш се свесни за суптилната пристрасност која им ја даваат на оние со поизговорливи имиња.

 ланче со име

Оваа студија всушност се надоградува на онаа на Адам Алтер од Њујоршкиот Универзитет за Бизнис, кој патем е и коавтор на студијата направена во Австралија. Во неговата, Алтер пронашол интересни наоди дека финансиските акции со поедноставни имиња имале поголем успех на берзата веднаш по нивното појавување отколку акциите со посложени имиња.

берза

За новава студија, истражувачите работеле како во лабораторија така и на терен, во природни околности, употребувајќи имиња од Англо, Азиско, Западно Европско и Источно Европско потекло.

имиња

Дошле до сознание дека суптилниот ефект кој го има името „не е заради неговата должина или дали на некого му звучи како странско име или необично, туку колку лесно е за изговарање," изјави Лахам.

обама

Од нивните испитувања јасно се покажало дека:

  • Кандидатите кои имале поизговорливи имиња биле многу пофаворизирани за добивање на унапредување во работата или политичко место.
  • Во симулирани избори, политичките кандидати чии имиња биле полесни за изговарање се покажало дека имаат поголеми шанси за победа отколку нивните соперници чии имиња било потешко да се изговорат.
  • Адвокатите со имиња полесни за изговарање напредувале многу побрзо до главните позиции во нивните фирми.

фирма

Алтер направил анализа на адвокатски фирми, која опфатила 500 имиња и презимиња на Американски адвокати. Тој вели дека ефектот веројатно важи и за сите други области, но и во други околности од секојдневието.

 адвокати

„Луѓето едноставно не се свесни за суптилното влијание кое имињата може да го имаат врз нивното расудување" – рече Алтер.

„Оваа студија ја демонстрира потенцијата на процесирањето на флуентноста во контекст богат со информации врз формацијата на импресии" – напишаа авторите во својот извештај.

речи Македонија

Лахам смета дека ова истражување, иако прво од ваков вид, е важно бидејќи покажува дека постои суптилна пристрасност и дискриминација на работа и во општеството. Важно е да се сфати како ова ни ги обликува изборите и расудувањата за другите.

„Ако го имаме ова во предвид тогаш тоа ќе ни помогне да ја оттргнеме пристрасноста во нашето размислување, што ќе води до пофер, пообјективно однесување кон другите" – апелира Лахам.

 бебе се буни за име

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.