RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МАЈКИТЕ НА БЛИЗНАЦИТЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
БОЛНИ НА ПОЛНА МЕСЕЧИНА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ДЕЛОВНИ ПОДАРОЦИ
Понеделник, 27 Декември 2010
Слика
МЕЧТАЕЊЕ ПРОТИВ ПРОБЛЕМИ
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
И МАЖИТЕ МОЖАТ ДА ДОЈАТ?!?
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
КАКО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ???
Четврток, 15 Септември 2011
Слика
СЕЌАВАЊАТА НА ФРОЈД
Петок, 02 Декември 2011
Слика
НЕСОНИЦА ЗА БОЛЕСТ
Среда, 23 Февруари 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
РОБОТ НА ИДНИНАТА
Вторник, 07 Декември 2010

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс


Сваштарник


ДАЛИ МОБИЛНИТЕ ВЕ ПРАВАТ ПОСЕБИЧНИ? PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4390 пати
Среда, 15 Февруари 2012 18:25

Иако мобилните телефони обично се сметаат за уреди кои ги поврзуваат луѓето, тие може да ги направат корисниците помалку социјално свесни.

 жена со два мобилни

Ова го тврди една нова студија направена од Анастасија Почепцова и Розалина Фераро од Универзитетот во Мериленд, САД. Тие направиле серија експерименти на групи корисници на мобилни телефони. Наодите од оваа студија се објавени во работниот извештај насловен „Ефектите од употребата на мобилните телефони врз просоцијалното однесување".

јапонки со мобилки

Просоцијалното однесување тие во својата студија го дефинираат како намерно поведение кое е насочено да и користи на некоја друга личност или на општеството во целина.

бебе со мобилен

Истражувачите дошле до сознание дека после краток период од употребата на мобилен телефон испитаниците биле помалку расположени да се пријават за доброволна општествена работа кога тоа било побарано од нив, споредено со контролната група на испитаници.

девојка со многу мобилни

„Телефонџиите" исто така биле помалку упорни во решавање на јазични загатки – иако им било кажано дека нивниот точен одговор ќе значи парична донација за добротворна организација.

себична девојка со мобилен

Намалената насоченост кон другите се покажала како факт дури и кога овие испитаници биле замолени само да нацртаат слика од сопствениот мобилен телефон и да размислат како го употребуваат.

тастатура на мобилен

Во студијата биле вклучени посебни групи на студенти – машки и женски главно во нивните дваесетти години од животот. „За очекување се вакви резултати да се покажат и кај луѓе од други возрасни групи. Ако ја имаме во предвид первазивноста на мобилните телефони, оваа појава има потенцијал да има широки општествени импликации." – изјави Фераро.

студенти со мобилки

Авторките цитирале некои претходни истражувања на оваа тема при нивното објаснување на причините за овие наоди: „Мобилниот телефон директно побудува чувство на поврзаност со други луѓе, исполнувајќи ја на тој начин базичната човечка потреба да се припаѓа некаде." Како последица на ова, се намалува потребата за дополнително поврзување со другите во емпатично или просоцијално однесување.

телефонџии од бангладеш

Оваа студија исто така во еден од зададените тестови прави разлика меѓу своите испитаници и корисниците на други социјални медиуми – како Фејсбук на пример. Истражувачите утврдиле дека учесниците се чувствувале повеќе поврзани со другите при употреба на мобилен телефон отколку при употребата на Фејсбук, што дава за право да се заклучи дека оваа разлика во чувството на поврзаност е движечки фактор на набљудуваната појава.

фејсбук на мобилен

Авторките на оваа студија сега ги испитуваат и ефектите на останатите социјални медиуми и технолошки достигнувања врз просоцијалното однесување, а вие размислете како се чувствувате по употребата на вашиот мобилен телефон, поповрзани или пооделени од другите луѓе околу вас.

 мобилни себичњаци

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.