RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
РАЗЛИКИ МЕЃУ ЗАВИСТ И ЉУБОМОРА
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
ЗДРАВО УЧЕЊЕ
Четврток, 10 Февруари 2011
Слика
ШТО Е ДВОЈНА ДИЈАГНОЗА???
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
БЕЗ БЛАГО ЗА ЕВРОПЈАНИТЕ
Среда, 22 Декември 2010
Слика
ГЕНЕТСКА ДЕПРЕСИЈА
Недела, 09 Јануари 2011
Слика
СИНДРОМ НА РОДИТЕЛСКА ОДБИВНОСТ
Вторник, 18 Октомври 2011
Слика
НАМИРИСАЈТЕ ГО СТРАВОТ
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
СО ЖЕНСКИ МУАБЕТ ДО ДЕПРЕСИЈА
Среда, 23 Февруари 2011

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


ШТО ЖЕНИТЕ МОРА ДА ЗНААТ ЗА МАШКОТО ЕГО PDF Печати Е-пошта
(6 гласови, просечно 4.83 од можни 5)
прочитано 27319 пати
Петок, 10 Февруари 2012 16:33

Научете ги трите работи придвижувани од егото кои најмногу ги мотивираат мажите и како тие да се синтетизираат и интегрираат со потребите на жените.

замислен маж и жена в кревет 

Психологот Џеј Картер во една пригода рекол: „Повеќето жени не се свесни за нивната моќ да го повредат мажот". Независно од нивната возраст, малкумина мажи еволуираат над своите его потреби. Затоа, од голема важност е да се знаат его-мотиваторите што го придвижуваат секој маж.

амбиција

Мажите ги почитуваат визиите и соништата

Традиционално, за девојките се суди според нивниот изглед и личносни особини, додека момчињата се ценат според нивните дела и достигнувања. Нашите херои се оние кои направиле моќни и херојски дела. За да направи некое херојско дело, мажот мора да се насочи кон некаква цел. Накратко, еден маж мора да има своја мисија или сон. Мажот без мисија е изгубена душа. И додека мажите мора да го поминуваат своето време следејќи го својот сон или својата визија, жените се повеќе насочени кон живеење во светот овде и сега. Кога една жена нема да покаже почит кон соништата на мажот, тој се чувствува повредено.

супермен

Мажите се учени да ги разбираат работите буквално, и да ги отфрлаат чувствата

Мажите се воспитувани во духот дека следењето на својата цел е нешто многу важно и дека вистински маж ќе ги пренебрегне сите чувства на страв, лутина, депресија или осаменост за да ја постигне својата вредна мисија. Сите чувства кои ќе се најдат на патот, мора да бидат игнорирани. Кога едно момче ќе падне и ќе си го изгребе коленото, го учат да стане, да стави малку земја на местото и да продолжи. Други прифатливи одговори на таа ситуација се да се насмее или пак да се освети доколку некој го турнал.

изгребано колено

Сигурно дека не било воспитувано да ги искаже своите чувства. Кога маж ќе слушне жена како зборува за нејзините чувства, неговата прва, практично инстиктивна реакција е да и каже да ги игнорира, да премине преку тоа, и да направи нешто што ќе и помогне да ја оствари целта. Но, жените вообичаено не се толку суштества придвижени кон цел како што се мажите.

двојка во разговор

Мажите сакаат прифаќање

Една од најценетите карактеристики во машките пријателства е целосното прифаќање. Ова е и една од причините зошто на мажите им се потребни другари од ист пол и честопати сакаат кучиња. Жените ги проценуваат мажите според нивните потенцијали и во доста реална смисла на зборот ги сфаќаат како проекти за подобрување. Жените честопати ја искажуваат својата љубов кон мажите со тоа што се трудат да му помогнат да стане подобра личност.

другари

Но, да бидеме искрени, најголемиот дел од мажите не сакаат да бидат подобри личности, туку сакаат целосна прифатеност. Кога еден маж ќе реши да се промени, тоа е обично во согласност со исполнувањето на неговите соништа. Тој воопшто не е многу мотивиран да направи некоја долготрајна промена со цел да стане она што жената го перципира како подобра личност, особено пак ако нејзината идеја е некако настрана или не се совпаѓа со она што тој си го има зацртано како мисија во животот.

девојка се расправа со момчето

Напорите на жената да го промени мажот тој ги чувствува како удар врз неговата самопочит и дејствуваат повредувачки. По константните обиди на жената да го охрабри мажот да продолжи да се подобрува, тој во најчест случај ќе заклучи дека не постои ништо што може да направи а што би ја задоволило неа. Кога ќе дојде до една таква констатација, тој обично одбира да го девалвира мислењето на жената се до момент кога веќе нема да биде важно. Но, парадоксално, мажите имаат потреба од одобрувањето на жените. Па така, еден маж кој ја намалил вредноста на мислењето на една жена обично ќе почне да бара друга која го гледа во поинаква, поубава светлина. Токму овде е коренот на причините на најголем број раскинати врски.

двојка во кавга на кауч

Кога една жена ќе разбере дека мажот има потреба да го следи својот сон, дека не е нешто особено поврзан со своите чувства и дека чезнее за целосно прифаќање и одобрување, таа може да го употреби ова знаење да си помогне да ги порамни нејзините потреби и неговите цели на похармоничен начин.

среќна двојка

За жената потребно е да разбере дека сонот на мажот е неговата суштина и дека таа нема да може да создаде успешна врска со некој маж чиј сон не го подржува. Мора да изнајде начин да ги порамни своите потреби со неговата цел учејќи го буквалниот јазик на постигнувањата а не со постојано зборување на нејзиниот јазик на чувствата. Иако мажот секако дека може да го научи и да го почитува јазикот на чувствата на жената, сепак, ако нејзината намера е да го мотивира на промена, употреба на тој јазик нема речиси воопшто да и помогне за таа цел.

пар на паркет

Графички кажано, жената треба да сфати дека еволуцијата на мажот каква што таа ја посакува, нема да биде како еден граф каде што линијата постојано се качува нагоре, туку мора да ги предвиди рамните делови на прифаќање.

граф на напредок

Мора да постојат периоди во кои мажот се чувствува како успешно се искачил по карпата на подобрувањето и достигнав висорамнина на прифатеност и сигурност.

 млада двојка во разговор за проблеми

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.