RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПАРАДОКС НА ИСКУШЕНИЕТО
Понеделник, 13 Декември 2010
Слика
СТРЕСОТ ФАТАЛЕН И ЗА ДЕЦАТА
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
ШИЗОФРЕНИЈА, 100 ГОДИНИ ПОДОЦНА
Понеделник, 07 Ноември 2011
Слика
БЛИСКИ, А СТРАНЦИ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
ГРУПИТЕ ВЕ ОГЛУПУВААТ!?
Вторник, 21 Февруари 2012

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај


Сваштарник


КАКО ПРОТИВ КРЕАТИВНАТА БЛОКАДА? PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 8184 пати
Четврток, 02 Февруари 2012 18:40

Потребна ви е вашата креативност, но никако да го поминете невидливиот ѕид во главата. Како да ја надминете креативната блокада?

дете со обоени раце 

Едно ново истражување направено од Џефри Санџез-Буркс и Сунтае Ким од Универзитетот во Мичиген, покажува дека впуштањето во физичка активност ја зголемува способноста за креативно решавање на проблеми.

девојка со чадор

„Метафори на креативното размислување кружат во секојдневна употреба," – објаснува Санџез-Буркс, вонреден професор за менаџмент и организации на споменатиот универзитет - „Размислувајте надвор од рамките, разгледувајте го проблемот од една па од друга страна, спојте два со два, па креативноста веројатно ќе следи. Вакви совети се препишуваат многу често во рамки на истражувачките лаборатории, маркетинг тимовите, амфитеатрите во високото образование или во некој друг контекст во кој новиот пристап кон дадениот проблем се цени. Обично метафорите прават врска помеѓу конкретни телесни искуства и креативната когниција."

цртање кутија

Санџез-Буркс, заедно со докторантот Ким составиле тим на интернационални истражувачи кои спровеле пет студии со речиси 400 студенти за да ја испитаат психолошката потенција на креативните метафори преку проучување дали креативното решавање на проблеми се зголемува ако луѓето буквално ги следат метафорите.

креативен ум

Студиите се протегале од таква која на испитаниците им задавала задача да генерираат идеи прво држејќи ја испружена десната па левата рака („размислувајте од една па од друга страна"), преку таква која им задавала задачи со зборови кои требало да ги решаваат седејќи во кутија или да решаваат проблеми одејќи по патека која е правоаголна наспроти слободното одење („размислување надвор од рамките") па се до студии во кои спојувале повеќе идеи за да дојдат до решенија додека комбинираат два објекти („спојте два со два").

жена покрај рамка

Во сите 5 студии, наодите покажале дека физичкото и психолошкото отелотворување на креативните метафори допринело за поголема флуентност, флексибилност и оригиналност во решавањето на проблеми.

креативност во мозокот

„Актите на наизменично гестикулирање со секоја од рацете и спојувањето на објекти може да ја зајакнат креативната перформанса. Буквалното мислење вон или без некое физичко ограничување, како што може да се направи при разодувањето надвор или шетањето, може да помогне да се елиминираат несвесните ментални бариери кои ја ограничуваат когницијата." – велат истражувачите.

шетање

„Фрламе ново светло врз проблематиката на генерирање креативни решенија со оваа демонстрација дека отелотворувањето на метафорите потенцијално може да го зголеми, а не само активира, репертоарот на знаења, преку предизвикување на нови когнитивни процеси кои се погодни за создавање на креативни солуции. Со други зборови, нашите врски ум-тело сведочат не само за процесите на активација на знаењата, туку и за генерирање на знаења. Отелотворувањето на креативните метафори изгледа дека помага во стартувањето на моторот на креативност" – завршуваат истражувачите.

кутија со идеи

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.