RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
И НА ПРИВЛЕЧНИТЕ НЕ ИМ Е ЛЕСНО
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
АХ, ТИЕ СЕСТРИ...
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
ЗОШТО ЖЕНИТЕ САКААТ РОЗЕВО
Вторник, 18 Јануари 2011
Слика
ПРЕИСТОРИСКО СМЕЕЊЕ
Вторник, 21 Декември 2010
Слика
МИТОВИ ЗА ЧОВЕЧКИОТ МОЗОК
Сабота, 22 Октомври 2011
Слика
МАЛ, НО ОПАСЕН СТРЕС
Понеделник, 11 Април 2011
Слика
10 МЕТОДИ НА КОНТРОЛА НА УМОТ
Понеделник, 07 Февруари 2011
Слика
ПЛАЦЕБО ЕФЕКТ
Петок, 02 Септември 2011
Слика
АВАТАР ВО ЖИВО
Вторник, 01 Март 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс


Сваштарник


ПОТЕКЛОТО НА МОРАЛНОСТА PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 2.00 од можни 5)
прочитано 7691 пати
Среда, 18 Јануари 2012 18:01

За колку пари би му врзале шамар на вашиот најдобар пријател или пријателка (со негова или нејзина дозвола) како дел од некоја шега?

тед го шамара барни

Со вакво и слични прашања Џонатан Хеит , професор на Универзитетот во Вирџинија, се обидува да влезе во длабочините на прашањето за моралноста. Се чини дека е на добар пат. За да го открие потеклото и механизмите на моралноста тој ги поставил и овие прашања:

  • За колку пари би го удриле вашиот татко (со негова дозвола) како дел од шега?
  • За колку пари би си забоделе игла во вашата дланка?
  • За колку пари би се сложиле да забодите игла во дланката на дете кое не го познавате?

игла рака

Според Хеит, начинот на кој ги одговарате овие прашања може да открие некои работи за вашата моралност, но и за политичката ориентација. Според неговите истражувања, конзервативците имаат тенденција да се грижат повеќе за прашања од типот на хиерархија и респект, додека либералите се концентрираат на грижата и праведноста.

конзервативна кока кола

Огледите на Хеит овозможуваат да се направи увид во синтезата на еволуциони, невролошки и социјално-психолошки фактори за поддршка на три принципи:

  1. Интуитивна примарност – човековите емоции и внатрешните претчувства се главен двигател на нашите морални судови
  2. Морално резонирање ако е за социјална употреба – ние се подложуваме на морално размислување не за да дојдеме до вистината, туку за да ги убедиме другите луѓе во нашата доблест или да извршиме влијание да не подржат
  3. Моралноста врзува и гради – моралноста и озборувањето биле клучни за еволуцијата на човековата ултрасоцијалност, дозволувајќи им на луѓето – и на ниедни други примати – да живеат во големи, висококооперативни групи.

божји заповеди

„Ставањето на овие три принципи на иста маса, не поттикнува да ги преиспитаме некои од најподржуваните идеи кои ги гаиме за нас" – вели Хеит. Неговите испитувања покажале дека, воглавно, луѓето ги следат внатрешните претчувства а дури потоа ги прават моралните резонирања.

морални дилеми

„Од времето на просветителството па до денес, многу филозофи со пиетет зборувале за моќта на ладнокрвното, бесчувствително расудување. За несреќа, малкумина покрај филозофите може да се впуштат во едно вакво ладно, чесно расудување кога се работи за моралните прашања. Остатокот од нас се однесува повеќе како адвокати, употребувајќи било какви аргументи што може да ни се најдат за нашиот случај, отколку да се однесуваме како судии или пак научници при доаѓање до вистината.

conflict-in-recruitment

Ова не значи дека ние сме проколнати да бидеме неморални; едноставно значи дека треба да ги побараме корените на моралноста на друго место – во емоциите и интуицијата кои обично не прават чесни и подготвени за соработка, а истовремено подготвени и да повредиме или убиеме некого или нешто во одбрана на некој принцип."– изјавува Хеит.

корени на моралот

Според Хеит, човековата моралност е „културна конструкција" која е изградена врз и е ограничена од мало множество на еволуирани психолошки системи.

барт либерал

Хеит смета дека политиката на либералите се базира на главно два од овие системи, вклучувајќи ја емоционалната осетливост на повреди и праведноста. Конзервативците пак, од друга страна, ги употребуваат и овие два системи но имаат и уште три, вклучувајќи емоционална осетливост за :

  • Интрагрупни граници
  • Авторитет
  • Спиритуална чистотија

конзервативци и либерали

„Сите започнуваме со истиот морален капацитет кој еволуирал со текот на времето, но потоа секој од нас учи само подмножество на можните човекови доблести и вредности. Честопати ги демонизираме луѓето кои имаат различни политички идеологии од нашата заради нашата неспособност да ги цениме моралните мотиви кои оперираат од другата страна на тој конфликт. Опкружени сме од морални судири, на лично , национално и интернационално ниво.

Obama vs Ahmadinejad

Неодамнешните научни достигнувања во психологијата на моралот може да ни помогнат да објасниме зошто овие конфликти се толку страсни и непомирливи. Но, разбирањето на психологијата на моралот може и да укаже на некои нови начини како да се премостат овие поделби, да отвори канал кон срцата и умовите на двете страни на конфликтот." – објаснува Хеит.

 подадена рака

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.