RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
АХ, ТИЕ СЕСТРИ...
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
КОМПЈУТЕР АДВОКАТ
Среда, 20 Април 2011
Слика
ДАЛИ СТЕ ДОСАДНИ?
Четврток, 13 Октомври 2011
Слика
ХИПНОЗА И ЛОКАЛНА АНЕСТЕЗИЈА
Вторник, 20 Септември 2011
Слика
БОРБА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Среда, 04 Мај 2011
Слика
8 НАЧИНИ ДА СЕ РАСПОЛОЖИТЕ НАУТРО
Понеделник, 17 Октомври 2011
Слика
МОМЧЕ ИЛИ ДЕВОЈЧЕ?
Вторник, 06 Декември 2011
Слика
КАКО ДО ПОГОЛЕМО СЕКСУАЛНО ЗАДОВОЛСТВО
Понеделник, 03 Октомври 2011

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно


Сваштарник


НА ДРУГАТА СТРАНА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 7096 пати
Петок, 13 Јануари 2012 18:14

Што им е заедничко на Горан Пандев, Кире Лазаров, Владо Илиевски и Александар Македонски?

Александар Македонски

Но не само ним, туку и голем број познати луѓе денес како и низ историјата ја делат истата особеност. Меѓу попознатите, Микеланџело, Цезар, Јованка Орлеанка, Обама, Опра, Џеј Лено, Роберт де Ниро, Курт кобејн, Марадона, Мартина Навратилова, Индира Кастратовиќ и уште многу други. Имено, сите тие се левораки.

Горан Пандев

Процентот на левораки низ светот се движи од 5 до 25 проценти, но никој не знае зошто левораките луѓе се поретки од деснораките. При разгледувањето на некои понови истражувања, група германски научници ни дава приказ за моменталното стојалиште на науката по ова прашање.

американски претседатели левораки

Како и бојата на очите на пример, така и леворакоста може да биде делумно наследна. Доколку имате барем еден родител што е леворак, тогаш постои поголема можност дека и вие ќе бидете.

Индира Кастратовиќ

Во помал број случаи, леворакоста може да биде и резултат на генетска мутација или пак развоен дефект. На пример, 1,2 до 2 пати поголема е застапеноста на левораки кај шизофреничарите во споредба со нормалната популација. Исто така, луѓето кои страдаат од дислексија, аутизам или епилепсија имаат поголема наклонетост кон леворакоста.

Владо Илиевски

Интересен е фактот дека леворакоста е позастапена кај луѓе кои се родени во пролет или пак рано лето. Според сегашните погледи на научниците, објаснувањето е дека ова може да се случува заради поголемата стапка на вирусни инфекции кои се карактеристични за зимните месеци и влијаат врз развојот на мозокот.

Анџелина Џоли

„едно возможно објаснување за почестата преваленција на одредени болести кај левичарите, се инфекциите, кои влијаат како фактор на пореметување на интраутериниот и перинаталниот развој" – вели Стефан Гутвински, од Берлинскиот Центар за Интегративни Науки за Животот, лидер на тимот. „Развојот на левата церебрална хемисфера – на која веројатно и треба подолго време за да созрее од десната – може да биде засегната и во други фази на развојот на мозокот. Ова може да резултира во трансфер на моторните функции од, во поинаков случај, доминантната лева хемисфера на десната хемисфера, што води кон леворакост."

мозочни хемисфери

Некои истражувачи дури и велат дека левораките може да имаат помал животен век, веројатно заради тоа што се многу посклони на несреќи (на пример повеќето машини или копчиња за итна реакција се прилагодени за десничарите) или пак се посклони кон одредени болести.

девојче леворако

Но, не е се така црно, напротив, левичарите имаат и предности. Тие се поадаптирани кон користење на двете страни на мозокот, па така имаат и поголем корпус калосум (онаа набиена групација на нервни која стои во средината меѓу двете хемисфери и ги поврзува). „Поголемата интерхемисферална конективност кај левораките може да има заслуга за наодите дека левичарите е поверојатно да имаат коефициент на интелигенција над 131 и да располагаат со исклучителна математичка способност," вели Гутвински.

Бил Гејтс Марк Цукерберг

Леваците се подобри во ситуации кога треба да се користат двете раце истовремено, а тоа може да го објасни фактот дека честа појава е да бидат добри музичари или професионални спортисти. Исто така, левичарите, може да бидат покреативни при решавањето на проблеми со оглед дека имаат поголема тенденција на поврзување и комуникација меѓу двете мозочни хемисфери.

Надал

Но, едно прашање сеуште останува неодговорено. Зошто има повеќе деснораки од левораки луѓе? Ако ни деснораките ни левораките немаат некоја јасна еволутивна предност едни пред други, логично е да се очекува дека распределбата ќе биде 50:50. Којзнае, можеби ова е едноставно начин на еволуцијата да спречи повеќето луѓе да си ги чукаат лактите од маса.

 Кире Лазаров

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.