RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВАШЕТО СЕДИШТЕ И ВИЕ
Петок, 28 Јануари 2011
Слика
ПОРНО ЗАВИСНИЦИ
Сабота, 08 Октомври 2011
Слика
ГЛАДЕН МОЗОК
Четврток, 24 Ноември 2011
Слика
НЕ СЕ ВОЗДРЖУВАЈТЕ
Четврток, 21 Април 2011
Слика
БИНГО ЗА СИРОМАСИ
Сабота, 18 Декември 2010

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер


Сваштарник


6 СОВЕТИ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ СЕМЕЈНИ РАСПРАВИИ НА ПРАЗНИЦИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5689 пати
Петок, 30 Декември 2011 20:40

Еден од најдобрите начини како да се справите со стресот за време на претстојните празници е да го погледнете вашето семејство со различни, помудри и повнимателни очи.

фамилија 

Овој совет всушност е нешто што треба да го применувате секогаш, не само за подобрување на празничната атмосфера.

„Семејните недоразбирања се горчливи работи. Таму нема правила. Тие не се како болка или рана. Тие се повеќе како расцеп во кожата кој не сака да зарасне затоа што едноставно нема доволно материјал" – Скот Фицџералд.

Еден од најдобрите начини за справување со токсичните роднини е да ги прифатите онакви какви што се. Престанете да посакувате да бидат поинакви. Тие се такви какви што се, исто како што сте и вие сте она што сте.

Еве неколку конкретни совети што да правите за време на многубројните празници што ги имаме во месец јануари, кога има многу можности за фамилијарни собирања и бесцелни кавги.

фамилија се расправа

Размислете што е она што го очекувате од вашето семејство за празниците

Пред да се случат големите фамилијарни собири, како она за Божиќ, направете си листа на вашите очекувања. Размислувајте подлабоко, запишете си барем пет очекувања кои ги имате од вашето семејство но и од себе. Што би сакале да се случи, а што не би сакале да се случи? Каква атмосфера би сакале да имате за празниците и што вие може да сторите за тоа, а што очекувате од другите?

семејство вечера

На пример: Би сакал/а да имаме реални, мирни и суштински разговори со членовите на моето семејство за нашите животи, цели, соништа и разочарувања. Да се поврземе суштински и го дознаеме за нас она што досега можеби сме го криеле еден од друг (ова е нешто што ретко се случува во денешно време). Би сакал/а тие да бидат што помалку негативни а што повеќе оптимистични. За да не се доведете во состојба на стрес и разочарување, обидете се вашите очекувања да ги сведете во рамки на реалното.

Ослободете се од нереалните очекувања

Некои од вашите очекувања веројатно се разумни, но некои веројатно и не се. На пример, многу пореално е да очекувате да остварите подлабоки, суштински разговори со еден од членовите на семејството отколку да очекувате дека сите наеднаш ќе станат оптимистички расположени луѓе кои скокаат од среќа.

семејство и момче со гитара

Можеби вашите очекувања за празниците се токму тоа, да нема расправии и сите учтиво да се однесуваат во кругот на семејството. Во тој случај проценете дали е тоа реално да го очекувате од нив. Ако сметате дека е, бидете вие онаа погонска сила која ќе дава енергија и поттик тоа да се случува.

Не очекувајте членовите на вашето семејство да се променат

Ако вашето очекување е дека ќе се сменат вашите роднини. Едноставно заборавете на тоа. Не очекувајте дека сега наеднаш сите ќе почнат да ги гледаат работите од ваша перспектива. Доколку тоа е главната причина за расправиите при секој семеен собир, бидете попаметни овој пат, прескокнете го тој дел.

 татко и ќерка

Не е многу веројатно да се очекува дека било кој од вашето семејство, вклучувајќи ве и вас, ќе направи некоја голема промена во личноста или општо во животот токму за празниците. Понекогаш самата желба работите да бидат поинакви е коренот на сите проблеми во семејството. Наместо да се оптеретувате со она што не се, обидете се да ги прифатите вашите роднини за она што се, сега.

Тргнете се од масата кога ќе се затегне атмосферата

И да нема некоја голема расправија, за време на заедничките оброци, може да се створи тензија. Разговорот да има негативна тенденција, преполна со цинизам, поплаки, осуди за некоја работа или однесување. Најефективниот начин кој што може да го направите во таа ситуација најчесто е да се тргнете од масата. Одете на друго место, гледајте телевизија, слушајте музика или подизлезете да прошетате. Страстите честопати како што се палат, така и се гасат, затоа не бидете оној што ќе фрла дрва во огинот.

семејство божиќ

Фокусирајте се на она што може да го контролирате

Може да ги контролирате вашите мисли, вашите зборови и вашето однесување, а не нечие туѓо. Ако се обидувате да смените нешто, сменете го она врз кое имате контрола, како на пример времето кое го посветувате во разговор со некој од членовите на семејството. Дури и самиот факт што ќе бидете свесни дека имате контрола врз некоја работа, може да ве направи да се чувствувате подобро со себеси и помоќни да се справите со стресните ситуации. Затоа што проблемите во вашето семејство може и никогаш да не се сменат, но вие може да го смените начинот на кој реагирате на нив.

 расправија

Секогаш ставајте се во туѓа кожа

За да очекувате да ве разберат, треба да знаете и како да разберете некого. Не сте само вие со проблеми, секој ги има, само што обично се различни и тешко ни е да ги видиме од перспектива на оној што ги доживува. Понудете разбирање, но и реално направете го тоа (глумењето добар слушател лесно се открива). Ќе се изненадите од реакцијата на другите, оние што сакате да ве разберат. Кога ќе го погледнете нивното однесување со нивни очи, ќе видите друго човечко суштество, некој што се обидува да стори нешто за подобро да се справи со проблематичните ситуации, и се разбира, неретко може и да погреши. Некоја од тие грешки е можеби токму кон вас, но ако го погледнете другиот со сите слабости кои и вие ги имате, едноставно, како човек, полесно ќе го разберете и него и себеси.

семејна расправија

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.