RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СО ПОДОБРИ ОЦЕНИ ДО ПОДОЛГ ЖИВОТ
Понеделник, 22 Август 2011
Слика
ПОДОБРЕТЕ ЈА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА
Недела, 30 Октомври 2011
Слика
РОБОТИТЕ ПРОЗБОРЕА
Сабота, 25 Декември 2010
Слика
СТРАДАТЕ ЛИ ОД СЕКСОМНИЈА?
Понеделник, 28 Февруари 2011
Слика
СО ВЕЖБАЊЕ ДО ПОДОБАР СЕКС
Среда, 06 Април 2011
Слика
СТРЕСОТ ЌЕ ВЕ НАПРАВИ ЛОШ РОДИТЕЛ
Четврток, 13 Октомври 2011
Слика
АСТРАЛНА ПРОЕКЦИЈА
Среда, 09 Февруари 2011

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј


Сваштарник


СО ПОЗИТИВНИ МИСЛИ ДО ЗДРАВЈЕ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 3.00 од можни 5)
прочитано 14587 пати
Четврток, 01 Декември 2011 10:02

Верувањето дека здравиот дух води до здраво тело, доби научна потврда...

смајли

Научна потврда за „позитивната" филозофија

Веќе е познато дека нервозата го поттикнува лачењето на желудочните киселини, но сега сè повеќе се верува дека нашите мисли влијаат врз работата на целиот организам. Многуте спроведени истражувања покажале јасна врска помеѓу негативните мисли и разни нарушувања во телото, како и влијанието на позитивните врз уредната работа на сите телесни функции.

позитивни мисли

Доказ дека сè повеќе научници се занимаваат со оваа тема е и новата научна дисциплина наречена психоневроимунологија, која се темели врз голем број истражувања. Студиите покажуваат дека позитивните мисли верувања, животни ставови и расположение, како оптимизам, благодарност, внатрешен мир и радост предизвикуваат позитивни физиолошки реакции. Од друга страна, песимизмот, замерувањето, лутината и стравот докажано влијаат негативно врз човечкиот организам.

среќни пријатели

Како мислите влијаат врз телото?

Иако принципот врз кој мислите влијаат врз физиологијата сè уште целосно не е разјаснет, познато е како позитивното размислување делува врз невроните во мозокот, предизвикувајќи хемиски промени кои резултираат со намалување на нивото на стресниот хормон, додека негативните мисли имаат спротивно дејство. Намалената количина на стресните хормони последователно води до зајакнување на имунолошкиот систем и зголемување на способноста за борба со слободните радикали кои можат да предизвикаат оштетувања на клетките и ткивото.

тажна девојка

Сепак, ова не значи дека треба целосно да ги потиснувате негативните мисли и емоции, бидејќи нивното долгорочно игнорирање може да резултира со болест. Краткотрајното негативно расположение не го загрозува здравјето, бидејќи претходно споменатите реакции се однесуваат на емоциите на испитаниците кај кои негативните мисли биле присутни подолго време.

Сите позитивни последици на оптимизмот

Покрај зајакнатиот имунитет, некои од останатите бенефиции на позитивното размислување се и намален ризик од срцеви заболувања, проблеми со дигестивниот, дишниот, ендокриниот и други телесни системи.

Покрај влијанието на физиологијата, емоциите делуваат и врз интелектуалните способности. Доколку сме задоволни, благодарни, сочувствителни и расположени, тогаш сме покреативни, поинтелигентни и концентрирани.

доктор и пациент

Според ова, треба да се трудите да ги „исчистите" вашите мисли и да размислувате позитивно. Истражувањата потврдиле дека примената на некои техники за опуштање и самоспознавање, како на пример јога или медитација, позитивно делуваат врз расположението и го спречуваат непосакуваниот и потенцијално штетен тек на мисли, а со тоа го подобруваат нашето здравје и продолжуваат животот.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.