RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАКО ЗАБОРАВАМЕ?
Понеделник, 18 Април 2011
Слика
ДА СЕ ВЕРУВА ИЛИ НЕ?
Четврток, 30 Декември 2010
Слика
МЕ ПАЛАТ ТВОИТЕ ТОЧКИ
Вторник, 04 Јануари 2011
Слика
ПОСТОЈАНО ДОКАЖУВАЊЕ НА МАШКОСТА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
ЕМОТИВЕН РОБОТ
Недела, 23 Јануари 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај


Сваштарник


КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ СЕ ПОДОБРИ ЛАЖГОВЦИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5040 пати
Четврток, 01 Декември 2011 09:44

Креативните луѓе имаат поголема веројатност да мамат отколку помалку креативните луѓе...

лажго

...можеби бидејќи овој талент ја зголемува нивната способност да ги рационализираат нивните активности, според истражувањето објавено од американското Здружение на психолози.

"Поголемата креативност им помага на индивидуите да ги решат тешките задачи од повеќе домени, но креативните искри може да ја водат личноста до неетички патишта кога бара решение за проблемите и задачите," вели водечкиот истражувач Франческа Гино од Харвард Универзитетот.

Гино и нејзиниот соработник, Ден Арли од Дјук Универзитетот, спроведоа серија од пет експерименти за да ги тестираат нивните тези дека покреативните луѓе би мамеле под услови каде би можеле да го оправдаат нивното лошо однесување.

креативна жена

Истражувачите користеа серија на познати психолошки тестови и мерки за да ја проценат креативноста на субјектите. Тие ја тестираа и интелигенцијата на учесниците. Во секој од петте експерименти, учесниците добиваа мала сума за покажување. Потоа, им беа презентирани задачи или тестови каде би биле платени повеќе доколку измамат. На пример, во еден од експериментите, учесниците беа дел од квиз за општо знаење во кој ги заокружуваа нивните одговори на лист од хартија. Потоа, експериментаторите им кажаа да ги пренесат нивните одговори во листовите за корекција - но експериментаторот им кажа на групата дека го фотокопирала погрешниот лист и дека точните одговори биле лесно означени. Експериментаторите им кажа на учесниците и дека ќе бидат повеќе платени за повеќе точни одговори и ги натера да веруваат дека би можеле да мамат без да бидат забележани кога ќе ги пренесуваат нивните одговори. Сепак, сите листови имаа уникатни идентификатори.

лажење

Резултатите покажаа дека покреативните учесници имаа значително поголема веројатност да мамат и дека немаше поврзаност помеѓу интелигенцијата и нечесноста - т.е. поинтелигентните но понекретивни луѓе не беа склони кон нечесност.

Во друг експеримент, на тестовните субјекти им беа покажани цртежи со точки од двете страни на дијагонална линија и беа замолени да укажат дали имало повеќе точки на левата или на десната страна. Во половина од 200 обиди, беше виртуелно невозможно да се каже дали имаше повеќе точки на една или на другата страна. Сепак, на учесниците им беше кажано дека ќе бидат 10 пати повеќе платени секој пат кога ќе кажат дека имало повеќе точки на десната страна. Како што беше предвидено, покреативните учесници имаа значително поголема веројатност да го дадат одговорот кој носеше повеќе пари.

креативни лажговци

"Нечесноста и иновативноста се две теми за кои на широко се пишува во популарниот печат," пишуваат авторите. "Сепак, врската помеѓу креативноста и нечесното однесување не е емпириски студирана до денес. Резултатите од тековната студија индицираат дека всушност луѓето кои се покреативни или работат во средина која промовира креативно размислување може да биде на најголем ризик кога се соочува со етички дилеми."

Авторите ги признаваат некои од важните ограничувања во нивната работа, особено дека создаваа ситуации во кои учесниците беа во искушение од парите поради мамење. Тие укажаа дека идните истражувања треба да истражуваат дали креативноста би ги водела луѓето за да ги задоволат себичните, краткотрајни цели наместо нивните високи аспирации кога се соочуваат со дилеми на самоконтрола, како јадењето на парче торта кога се обидувате да ослабите.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.