RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПРЕЦЕНЕТА СРЕЌА
Среда, 23 Март 2011
Слика
ТРОШЕЊЕ ЗА ПРЕСТИЖ
Понеделник, 31 Јануари 2011
Слика
ИНТЕРПЕРСОНАЛНА ПРОЕКЦИЈА
Понеделник, 18 Април 2011
Слика
ШТО Е "НОРМАЛНО"?
Недела, 13 Ноември 2011
Слика
ДОКТОРИТЕ БЕЗ ЧУВСТВА?
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
СО ЕМОЦИИ ДО ЗДРАВА ИСХРАНА
Вторник, 09 Ноември 2010
Слика
ПРЕКРШЕНИ ВЕТУВАЊА
Понеделник, 20 Декември 2010

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс


Сваштарник


ЕГО - ПОТЦЕНЕТО, НАДУЕНО ИЛИ РЕАЛНО PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 8872 пати
Понеделник, 28 Ноември 2011 10:32

 Денешната култура става голема вредност на сликата за себе. Сакате да се проектирате во најдобро можно светло, но и сите други го сакаат тоа...

его

Ова доведува до неизбежна конкуренција. Ние често се грижиме за тоа што другите луѓе го мислат за нас или привремено глумиме во ситуациите кога сакаме да изгледаме убаво. Обично овој вид на самонабљудување се јавува во форма на негативни мисли како, “не сакам да изгледам премногу нестрплив,” “да изгледам како да немам поим,” “да реагирам нервозно” и тн. Пополнете ги сите празнини. Кога се јавуваат вакви мисли може да се чувствуваме претпазливо, несигурно, па дури и исплашено.

девојка во скапа кола
Чувството дека не можеме да се споредуваме е стресно. Непријатноста автоматски создава психички трикови кои ја штитат индивидуата од анксиозност и ги држат внатрешните и надворешните закани настрана од свесноста. Луѓето често се несвесни за одбранбените механизми на нивното его кои се јавуваат во позадина, но кога се свесни тоа е болно за нив. Одбранбените механизми ни помагаат да се справиме со анксиозноста кога е загрозена сликата за себе, што покренува интересна смисла за човековата природа која ние во суштина ја криеме од самите себе.

човек со маски
Нашата слика за себе никогаш не се совпаѓа со начинот на кој другите не гледаат бидејќи сите носат маска. Истражувањето покажува дека доброто момче во огледалото не ги исполнува очекувањата кога се споредува со процените на другите бидејќи ние ја гледаме нашата маска наместо личноста која стварно сме. Размислете за тоа. Кога се соочуваме со други луѓе, ние постојано правиме низа на процени: тој е беден, таа е самобендисана, овој е конкурентен, оној е изолиран.

девојка со маска

Некои луѓе се прозирни, како да поминале под рендген, додека другите се потешки за читање. Но, ние сепак си ствараме мислење. Кога ќе го запалиме светлото на прегледот врз себе, сепак ние сме непрозирни. Не можеме да ја надминеме маската и поради тоа не ги разбираме судовите на другите за нас. Античката мудрост, “Запознајте се себеси,” сеуште е гласен совет особено поради човечката природна тенденција за непрозирност. Како што рекол Карл Јунг, “Потребен е напор низ целиот живот за да го препознаеме кај себе тоа што другите го забележуваат со еден поглед.”

гнев
Одбранбените механизми на егото функционираат на неколку нивоа кои се рангираат од здрави до патолошки. На многу адаптивно ниво се среќаваме со пример како сублимација или канализирање на потенцијално растројувачките чувства во социјално прифатливо однесување (на пример, боксирање или играње тенис за да се надмине гневот). Хуморот ја нагласува иронијата на ситуацијата, лесно признавајќи ги тажните аспекти од една страна и заобиколувајќи ги со духовитост од друга.

хумор

Компартментализацијата ги изолира непријатните конфликти и последици, заштитувајќи од чувства на поразеност кога чинијата е преполна. На адаптивно ниво може да завршите со планираното навреме, потоа да поминете време со семејството и да се справите со финансиите фокусирајќи се само на една работа во даден момент. На помалку адаптивно ниво може да ги компартментализирате неверните афери од раководењето во училиштата или перењето пари од вашата позиција во црквата.

боксирање
На ниво на акции одбранбените механизми се справуваат со непријатните чувства преку одигрување на улоги наместо со нивно справување и осврнување на нивното значење. На пример: можете да одолговлекувате, да го свртите грбот или буквално да избегате. Кај пасивната агресија, маската на површна кооперативност ги крие лутината и непријателството. На нивото на акции функционираат сите одбрани, но не за долго.

пар се кара

Постојаното потпирање на нив ве прави да изгледате како тешка, незрела и како личност која е најдобро да се избегнува. Кога емоционалните конфликти се одигруваат тие често се изразуваат преку злоупотреба на алкохол или дрога, деликвенција или антисоцијално однесување. Одбивање на помош илустрира како мудрото пасивно изразување на агресијата индиректно се справува со стесот. Ова се нарекува “Да, но..” одбранбен механизам бидејќи индивидуите го маскираат нивното скриено непријателство преку жалење и постојано барање помош, но потоа одбивајќи ги сите понудени решенија.

девојка лута на пријателката
Одбранбените механизми на нивото на одрекнување го инхибираат мислењето. Рационализацијата и оправдувањето прават изговори со елаборирани, логични, себични но грешни објаснувања. Не бевте отпуштени поради слабите перформанси, туку бидејќи не му се улижувавте на шефот; или беше во ред да се укради бидејќи имав добра причина. Интелектуелизацијата  е особено изолирачка. На пример, другите може да го ценат начинот на кој се справувате со кризи бидејќи никогаш не си дозволувате да се растроите или емоцијата да ви застане на пат, или пак се зафаќате со “тоа што треба да се направи” на погреб наместо да се запознаете со тагата која сите други ја чувствуваат.

стрес

Но, со прибегнување кон апстракции, ја разделувате емоцијата од мислата. Слични механизми на одбрана се магичното размислување и фантазирањето. При заменувањето, ги прегрлувате неприфатливите чувства на нешто понезагразовачко: удирање на вратата наместо на брачниот другар, празнење врз децата после расправата на работното место или клоцање на кучето наместо да му речете на брачниот другар да се губи.

човек со сомничав поглед
Кога се друго е неуспешно, секогаш можете да се потпрете на негирањето. Барате второ мислење наместо да се соочите со медицинската дијагноза или ги проектирате неприфатливите мисли или импулси врз некој друг. Хомофобијата е класичен пример на овој одбранбен механизам. Исти така и нарекувањето некога “глупав идиот” кога ја сте поразени на дискусија. Негирањето одбива да ја признае заканувачката реалност која другите очиегледно ја гледаат.

его
Обратете внимание на тоа што го велите и правите и обидете се да ги забележите вообичаените одбранбени механизми кои ги користиите. Потребни се само желба и волја за да се добие поточно мислење за дечкото во огледалото. Може прво да не ви се допадне ликот кој го гледате, но напорот се исплатува бидејќи со пракса ќе ја замените таа слика со ликот кој сакате да бидите.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.