RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НЕ СТОЈ ТОЛКУ БЛИСКУ
Четврток, 30 Декември 2010
Слика
СЕКС И ТЕЛЕВИЗИЈА, МАЈКИ И ДЕЦА
Вторник, 25 Октомври 2011
Слика
БИДЕТЕ ЖРТВА
Среда, 02 Март 2011
Слика
НАСИЛСТВО НА РАБОТНОТО МЕСТО
Вторник, 25 Октомври 2011
Слика
СРАМОТ И СОЦИЈАЛНОТО ИЗБЕГНУВАЊЕ
Понеделник, 31 Октомври 2011
Слика
КОМПЈУТЕР АДВОКАТ
Среда, 20 Април 2011
Слика
БОГАТИТЕ СЛЕПИ ЗА ЕМОЦИИ
Понеделник, 03 Јануари 2011

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо


Сваштарник


ЕСЕНСКО - ЗИМСКА ТАГА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 6720 пати
Петок, 25 Ноември 2011 09:47

Го вративте часовникот еден час поназад, гледате многу малку дневна светлина и си одите од работа во мрак. Дали чувствувате дека имате помалку енергија? Потребни ви се повеќе јаглехидрати и чоколадо? Ви се спие?...

есенска депресија

Ако вашите одговори се потврдни, тогаш треба да знаете дека есента почнува да влијае врз природниот ритам на вашето тело. Ова е период кога некои животни се спремаат за хибернација, и не треба да се обвинувате себеси што и самите вие сакате да спиете подолго.
Токму вака се чувствуват секој петти човек во Велика Британија во периодот од септември до април, а ова расположение е особено интензивно во декември, јануари и февруари. Овие луѓе страдаат од таканаречената „зимска тага“ која се појавува поради недостиг на дневна светлина.
Доктор Ароха Десаи Гупта, психијатар на кралскиот колеџ за психијатрија, вели дека дневната светлина е клучна за нашето расположение.
„Колку повеќе сме изложени на сонце, толку подолго останува позитивното чувство во нас - имаме повеќе енергија и сме посреќни и покреативни. И не е чудно што во зима се случува обратен процес. “

депресивен дечко во темница

Промени во расположението

Истражувачите од Универзитетот во Саутемптон открија дека со промената на годишното време, околу 90% од луѓето чувствуваат промени во расположението.
Луѓето кои ја чувствуваат промената на времето имаат потреба од 4 часа дневна светлина и 10 пати поинтензивна обична светлина.
Според пресметките, околу еден милион работни часоци се губат во британската индустрија за време на зимата поради оваа зимска тага.
Ако сметате дека страдате од овој синдром и имате недостиг на мотицација и енергија, треба да знаете дека тоа лесно доведува до депресија.
SAD (Seasonal Affective Disorder) - нарушувањата кои се јавуваат поради промената на годишното време ги чувствуваат околу 7% од луѓето во Велика Британија, и ова нарушување веќе добива статус на депресија.

есенска меланхолија
Ова чувство може да има многу лошо влијание - ги спречува луѓето нормално да фунцкионираат и ги изолира од околината.
Доктор Наташа Билјани вели дека главна причина за ова е темнината.
„Сите знаеме дека зимите се темни, и ова тажно чувство се појавува најчесто во зима, но не толку многу кога има снег. Снегот го прави денот посветол и им помага на луѓето да се справат со темнината.“
Нарушувањето кое се јавува под влијание на промената на времето го нема во земјите од екваторот. Ова е проблем во деловите на светот каде што се менува циклусот на денот и ноќта.
Но, нема потреба од страв, не се сите луѓе подложни на ова влијание.

забава на снег и сонце

Контрола на мислите

Постојат луѓе кои се особено чувствителни на светлина и ако не ја добиваат, стануваат склони кон стрес.
Една жлезда во мозокот која произведува мелатонин ја контролира нашата свесност - во темница не успива, а наутро, со помош на дневната светлина, полесно не буди. Но, кај некои луѓе оваа жлезда не функционира добро.
Хелен Хенсон е сликарка што ја сака светлината. Таа веќе 20 години живее со ова нарушување. Прв пат станала свесна за влијанието на промената на 13-годишна возраст. „Се преселив во темна куќа и таму паднав во депресија. Тоа беше физичко доживување. Имав болки и напади на паника.“
Во годините понатаму, таа ги имала истите чувства околу септември.
„Мислев дека ќе полудам. И кога слушнав за SAD, се ми беше јасно. Барем знаев што ми е.“

депресивни мисли и чувства

Небо како супа од печурки

Хелен вели дека станува збор за болест што сеуште ја изненадува но веќе и се случува во било кое годишно време. „Ако видам небо кое наликува на супа од печурки, знам што ме чека. Но, една здрава и сончева недела во февруари може да ме израдува повеќе отколку три недели дожд во август - и тоа што во јули е лето, не ми гарантира дека ќе се чувствувам добро.“

облачно небо

Хелен се справува со болеста со помош на нејзинара светлосна кутија - ја поставува до нејзиниот кревет, и ја пушта сијалицата па така полека се буди наутро.
Ваквата светлосна терапија се смета за ефикасна кај околу 85% од случаите, вели доктор Билјани.
„Луѓето кои ја чувствуваат промената на времето имаат потреба од 4 часа дневна светлина и 10 пати поинтензивна обична светлина. Ако терапијата се применува правилно, секако дека ќе даде позитивни резултати. “
Хелен вели дека неа и е најтешко во ноември и декември кога и се чини дека бавно пропаѓа.
„Едвај собирам сила да станам и да прошеам покрај брегот наутро. Телото ми е уморно, но морам да се борам.“

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.