RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
10 ВКУСНИ ЗАНИМЛИВОСТИ
Четврток, 10 Март 2011
Слика
ХИПНОЗАТА РЕАЛНО
Среда, 21 Септември 2011
Слика
ДЛАБОК МАШКИ ГЛАС ЗА МЕМОРИЈА
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
МЕ ПАЛАТ ТВОИТЕ ТОЧКИ
Вторник, 04 Јануари 2011
Слика
СОНУВАЊЕТО ГИ НАМАЛУВА ТРАУМИТЕ
Вторник, 06 Декември 2011
Слика
ЖИВОТИНСКИ ЕМОЦИИ
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ШТО ГЛЕДААТ БЕБИЊАТА?
Сабота, 13 Ноември 2010
Слика
СЕЛЕКТИВНИ СПОРТСКИ ФАНОВИ
Четврток, 27 Јануари 2011
Слика
МУНЧХАУЗЕН СИНДРОМ
Петок, 05 Август 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд


Сваштарник


ОСНОВНИ ОДБРАНБЕНИ МЕХАНИЗМИ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 13763 пати
Четврток, 24 Ноември 2011 10:05

Одбранбените механизми се дел од секојдневниот живот. Дури и ако не сте Фројдист по филозофија или обука, мора да признаете дека нешто мора да се спомни за мислата дека барем повремено секој се вклучува во одредена форма на самоизмама...

шема на одбранбени механизми

Прашањето е - дали можете да ја откриете формата на измама која вие, вашите пријатели, колегите и семејството ја користат во одредена ситуација?
Одбранбените механизми прва детално ги дефинира Ана Фројд и ги објави во книгата на нејзиниот татко “Егото и одбранбените механизми.” Тие не се само несвесна одбранбена мерка која ве спречува од поврзување со вашите алчни инстинктивни желби. Тие штитат и од анксиозноста од контролирање на вашите слабости и маани.

негација
1.Негирање. Може да се смета како “генеричен” одбранбен механизам бидејќи е во основа на многу други. Кога користите негирање, едноставно одбивате да ја прифатите вистината или реалноста на одреден факт или искуство. Негирањето луѓето го применуваат во било која лоша навика за да ја заштитат својата самодоверба преку непризнавање на сопственото однесување. Негирањето може да се користи и од страна на жртвите на трауми или незгоди и може да биде корисно почетно однесување. Сепак, долгорочно гледано, негирањето може да го спречи инкорпорирањето на непријатните информации за себе и за вашиот живот и има потенцијално деструктивни последици.

заборавање
2.Репресија. Репресијата вклучува едноставно заборавање на нешто лошо. Може да го заборавите непријатното искуство од минатото. Репресијата може да се користи и кога “заборавате” да направите нешто непријатно како одење на забар или средба со познаник кој не ви се допаѓа. Како и негирањето, репресијата може да биде привремено корисна, особено доколку сте заборавиле некоја лоша случка, но доколку не се соочите со доживувањето тоа може да се врати и да ве прогонува.

маж цица палец
3.Регресија. Кај регресијата се јавува враќање во емоционална состојба како во детството при што повторно се јавуваат несвесните стравови, тешкотии. Според теоријата на Фројд за психосексуалне развој, човекот се развива низ неколку фази познати како орална, анална и фалусна до 5-та или 6-та година кога се јавуваат основните структури на личноста. Сепак, повремено личноста може да се врати во детска состојба на развој, особено при стресни услови. Регресијата може да се јави и кога луѓето се враќаат во состојба на зависност како во детството. Проблемот се регресијата е тоа што може да зажалите што сте дозволиле вашето детско јас да се покаже на самодеструктивен начин.

маж вика на компјутерот
4.Преместување. Кај преместувањето, оригиналните чувства кои би можеле да не доведат во невоља се преместуваат од личноста која е цел на вашиот бес на понесреќна и безопасна жртва. На пример, сте имале лош ден со шефот на работа, но не можете да го искажите бесот кон него или кон неа. Наместо тоа, кога си одите дома ја клоцнувате мачката или кучето. Секогаш кога ги пренесувате вистинските чувства од оригиналниот извор на оној кој го перпцепирате како побезопасен, веројатно се користите со преместување. За жал, преместувањето може да ве заштити од отпуштање или паѓање на испит, но не може да ја заштити вашата рака доколку одлучите да го префрлите гневот од вистинската причина врз прозорец или ѕид.

пријатели
5.Проекција. Проекцијата е нешто посложен одбранбен механизам. Прво, мора да започнете со претпоставката дека препознавањето на одреден квалитет во себе би можело да предизвика физичка болка. На пример, чувствувате дека облеката која скапо сте ја платиле не изгледа баш добро на вас. Носејќи ја облеката, влегувате во собата и вашите пријатели зјапаат во вас предолго (според вашето мислење). Не велат ништо и не прават ништо што реално би можело да се толкува како критика. Сепак, вашата несигурност за облеката води до проекција на вашите чувства врз пријателите и извикувате “Зошто ме гледате така? Не ви се допаѓа облеката?” Забележувате ли колку смешно звучи ова? Во помалку смешен случај, може да ги проектирате вашите општи чувства на вина и несигурност врз пријателите - или полошо - луѓето кои ве сакаат со сите ваши проектирани недостатоци. Да речеме дека сте загрижени бидејќи не сте многу паметни. Правите глупава грешка за која никој не вели ништо и ги обвинувате другите бидејќи ве нарекле глупав или инфериорен. Поентата е дека никој не рече ништо што во реалноста би можело да се толкува како критика. Вие ги проектирате вашите несигурности врз другите отуѓувајќи ги во текот на процесот.

љубов и омраза
6.Реакциона формација. Повеќето луѓе имаат потешкотии при разбирањето на реакционата формација, но всушност е прилично јасна. Да речеме дека потајно негувате сладострасни чувства према некој од кого би требало да се држите понастрана. Вие не сакате да ги признаете тие чувства и затоа ја изразувате спротивноста на тие чувства. Објектот на вашата страст сега станува објект на вашата огорчена омраза. Накратко, реакционата формација значи изразување спротивно од вашите внатрешни чувства во надворешното однесување.

тага
7.Интелектуализација. Можете и да ги неутрализирате вашите чувства на анксиозност, гнев или несигурност на начин кој е со помала веројатност да доведе до засрамувачки моменти отколку некој од горенаведените одбранбени механизми. Кај интелектуализацијата, ја “одмислувате” емоцијата или реакцијата која не уживате да ја чувствувате. На пример, наместо да се соочите со интензивна тага и одбивање кои ги чувствувате откако вашиот цимер ненадејно реши да се исели, вие спроведувате детална финансиска анализа за тоа колку можете да се дозволите да потрошите сега кога сте сами. Иако не негирате дека настанот се случил, не размислувате за емоционалните последици.

обвинување некој друг
8.Рационализација. Кога рационализирате нешто, се обидувате да го објасните. Како одбранбен механизам, рационализацијата е слична на интелектуелизацијата, но вклучува справување со дел од лошо однесување наместо конвертирање на болната или негативна емоција на повеќе неутрални мисли. Луѓето често користат рационализација за да ги поткрепат своите несигурности или каење откако направиле нешто за што зажалуваат. Полесно е да се обвини некој друг отколку да се превземи вината, особено доколку инаку би чувствувале срам или збунетост.

хирурзи
9.Сублимација. Видовме дека луѓето може да ги користат нивните емоции за да дојдат до когнитивно ориентиран одговор. Интелектуелизација е склона да се јавува краткотрајно, но сублимацијата се развива во подолг период на време, можеби и во текот на кариерата на личноста. Класичен пример е хирургот кој непријателските чувства ги конвертира во “сечење” на другите луѓе на начин кој е прифатлив во нашето општество. Сублимацијата се јавува кога луѓето ги трансформираат своите конфликтни емоции во продуктивни исходи.

среќни луѓе
Накратко, одбранбените механизми се најчестиот начин за справување со непријатните емоции. Кој одбранбен механизам е најприлагодлив? “Позрели” одбранбени механизми се интелектуализацијата, сублимацијата и рационализацијата. Според истражувањето на Џорџ Валијант, луѓето кои ги користат овие одбранбени механизми почесто од другите имаат тенденција да доживеат подобри семејни врски и кариера. Можеби никогаш нема да се ослободите од вашите одбранбени механизми, но барем може да пораснете од разбирањето на тоа што може, а што не може, да направат за вас.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.