RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПЛАТА И СТРЕС
Сабота, 12 Март 2011
Слика
НОВ НАЧИН НА АНКЕТИРАЊЕ
Четврток, 11 Август 2011
Слика
СЛОБОДНАТА ВОЛЈА Е МОТИВИРАЧКА
Среда, 21 Септември 2011
Слика
ЧУДНИ МОЗОЧНИ ФЕНОМЕНИ
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ИНТЕРПЕРСОНАЛНА ПРОЕКЦИЈА
Понеделник, 18 Април 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај


Сваштарник


30 ЗАДОВОЛСТВА ДА ГО ЗАБОРАВИТЕ БИВШИОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 11079 пати
Четврток, 24 Ноември 2011 09:56

За да ги избегнете потезите кои се често непромислени после раскинување, а животот ќе ви го направат само потежок и покомплициран, Робин Горман, љубовна советничка, ви предлага 30 начини како подобро да се снајдете и да се „излечите“...

скршено срце

1. Дадете си себеси доволно време, потребно за процесот на жалење.

2. Избегнувајте започнување нова врска, бидејќи клин со клин не се избива. Не само што не се избива, туку може и да се дозакова претходниот.

3. Почестете се со квалитетно количество на алкохол кога ќе излезете со другарките, но сведете го тоа на една вечер.

4. Играјте на подиумот во дискотека како што го правите тоа кога сте сами дома, пред огледало.

5. Разговарајте за болката и тежините кои ги имате, но само со вашите најблиски личности, а не со кого ќе стигнете.

алкохол

6. Избегнете го чувството на огорченост кон целиот машки свет и научете дека сите мажи не се исти.

7. Не го озборувајте бившиот, без разлика колку сакате да ги споделите неговите маани со целиот свет.

8. Прејадете се нездрава храна, чипс, чоколади и сладолед, но нека биде тоа само еден, евентуално два дена.

9. Променете ја фризурата. Не мора драстично, туку направете нешто со што самите ќе се чувствувате поинаку и поубаво.

10. Купете нови секси чевли со многу високи потпетици. Ако претходно немавте потреба да носите такви, сега можете на драго срце да ги облечете.

нездрава храна

11. Флертувајте кога и да ви се пружи прилика.

12. Овозможете си време за дружење со самата себе.

13. Размислете за сите ваши претходни врски, анализирајте ги и научете нешто за меѓучовечките односи.

14. Избегнувајте да му се јавувате на бившиот, макар и да мислите дека имате причина за тоа.

15. Научете да бидете самостојна.

нови чевли

16. Прочитајте добра и инспиративна книга.

17. Купете куче. Или ако веќе мислите дека немате време и одговорност да чувате, „позајмете“ од пријателката на одредено време.

18. Направете листа на посакуваните особини кај идеалниот маж.

19. Поставите граници кои во иднината ќе ви послужат за да не се компромитирате во врската.

20. Негувајте го сопственото тело и здравје.

девојка чита книга

21. Пишувајте дневник.

22. Научете да готвите и почестете ги пријателите со вкусен оброк.

23. Пронајдете си хоби кое вистински ве исполнува.

24. Запишете се на курс по некој странски јазик или на курс кој ќе ви овозможи развој на сопствените лични вештини.

25. Направете некое добро дело за другите. Волонтирајте!

девојка готви

27. Набавете стручна литература за секс и научете нешто ново што подоцна ќе можете да го испробате во новата врска.

28. Подгответе се за новата врска со преболување на сите поранешни врски.

29. Разговарајте со некои постари поискусни личности кои веќе поминале ни сè тоа.

30. Избегнувајте ги претераните анализи со кои може само да полудите.

Уживајте со себе и во сопствениот живот барем шест месеци без партнер и пред да влезете во нова врска.

дечко и девојка се караат

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.