RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СО СТАРОСТА ДОАЃА МУДРОСТА
Среда, 12 Октомври 2011
Слика
ЕМОЦИИ БЕЗ ЈАЗИК
Четврток, 10 Ноември 2011
Слика
НОВ ЛЕК ЗА ДЕПРЕСИЈА
Понеделник, 12 Декември 2011
Слика
ЗОШТО СЕ БАКНУВАМЕ?
Четврток, 06 Октомври 2011
Слика
ЛАЖНА СРЕЌА
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
МОРАЛНИ ТАБЛЕТИ
Четврток, 28 Април 2011
Слика
ЉУБОВ, АХ ЉУБОВ
Вторник, 14 Февруари 2012
Слика
НАСМЕВКА ЗА ПОДОБАР БРАК
Среда, 10 Ноември 2010

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс


Сваштарник


8 СОВЕТИ ДА ГО КОНТРОЛИРАТЕ ГНЕВОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 8446 пати
Вторник, 22 Ноември 2011 09:35

Гневот е емоционална реакција. Справувањето со гневот не е само избегнување на оваа реакција, туку и наоѓање начини како да се изрази на соодветен начин...

гневна жена
Гневот е емоционална реакција кога луѓето чувствуваат дека се во опасност, загрозени од некого. Не треба да се поистоветува со агресијата бидејќи тоа е чувство, додека агресијата е однесување. Агресивното однесување може да се појави доколку личноста реагира инстинктивно, стекнува сатисфакција преку повредувањето на другите или кога е еден од симптомите на некоја медицинска состојба. Покрај тоа, гневот може да се потисне, што обично резултира со високо ниво на стрес.
Целта на справувањето со гневот е да се научи како ефикасно да се изразува ова чувство, за да не заврши со агресивно или пасивно агресивно однесување. Има неколку совети кои може да им помогнат на оние луѓе кои сакаат да го контролираат.

гневен маж

Управувајте со вашиот стрес

Високите нивоа на стрес може да доведат до гнев и агресија. За да се избегне тоа, индивидуата треба да ги промени условите во неговиот живот кои предизвикуваат болка. Таква ситуација може да биде работата или романтичната врска. Управувањето со времето исто така може да помогне бидејќи овозможува да се распределат обврските и да се заштеди време за релаксација или пријатни активности. Адекватниот сон и здравата исхрана се доста корисни, како и емоционалната поддршка. Освен организирањето на секојдневната програма, личноста треба да ги промени дисфункционалните мисли кои може да резултираат со стрес. Тоа може да бидат негативни претпоставки, претерана генерализација на трауматичните настани или пропуштање на позитивните аспекти.

управување со гневот

Разберете ги другите луѓе

Разбирањето е способност за внимателно слушање, без судење. Тоа значи обидување да се интерпретираат нивните зборови според нивната гледна точка, а не според лична.

Одговорете, не реагирајте

Доколку личноста реагира инстинктивно на надворешен стимулус, таа може да биде агресивна или навредлива. Тој нема контрола над своите акции и обично се кае поради нив. Самосвесноста и самоконтролата, како и поттикнувањето на самодовербата може да помогнат во способноста за внимателно размислување и одговарање, наместо реагирање.

гневен маж

Престанете со самообвинувањето

Луѓето со ниска самодоверба имаат тенденција да се обвинуваат себеси за своите неуспеси или проблеми. Тие си судат строго и неправедно, што може да доведе до гнев поради нивната претпоставена неспособност.

Комуницирајте директно

Треба да се биде асертивен. Асертивноста е способноста за директно изразување на сентиментите и потребите на личноста, без навредување на другите. Тоа значи да се избегне намалувањето на советите и прибегнувњаето кон промени. Некои од основните принципи на директната комуникација се почитување на соговорникот, смиреност, праведност и позитивно расположение.

дирекна комуникација

Поставувајте реалистични очекувања

Гневот е во голема мера поврзан со нереалните очекувања на личноста. Чести се кај луѓето кои се опседнати со високи стандарди. Во овој случај, може да постои конфликт помеѓу желбите на личноста и реалноста, што завршува со фрустрација.

Простувајте, не заборавајте

Трауматичните настани може да предизвикаат страдање, гнев и разочарување. За да се ослободат овие чувства личноста треба да ги прифати или да им прости на луѓето и околностите кои го повредиле. Истовремено, може да ги препознае неговите грешки и да се обиде да постави јасни граници со другите во иднина.

простување
Повлекување

Кога личноста се наоѓа во силен темперамент подобро е да се повлече и да размисли подобро за околностите кои ги иритирале. Истовремено треба да си вети дека ќе го реши несогласувањето подоцна.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.