RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НЕМА СРЕДОВЕЧНА КРИЗА
Среда, 09 Март 2011
Слика
ДОБРИТЕ МОМЦИ СЕ "ИН"
Вторник, 07 Декември 2010
Слика
ЕМОТИВНИ РИБИ
Сабота, 12 Март 2011
Слика
МОМЧЕ ИЛИ ДЕВОЈЧЕ?
Вторник, 06 Декември 2011
Слика
ТЕКСТОВИТЕ НА ПЕСНИТЕ, ОПАСНИ!!!
Четврток, 25 Август 2011
Слика
ЖИВОТНИТЕ УЧАТ ПРЕД РАЃАЊЕТО
Понеделник, 01 Ноември 2010

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


10 СОВЕТИ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО ВО ВРСКАТА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 6366 пати
Понеделник, 14 Ноември 2011 20:01

За некои луѓе ова е навистина радикална идеја: нема зошто да се расправате со партнерот...

пар разговара

Навредите, обвинувањата, заканите и пцуењето ја уништуваат врската, а некогаш и ставаат крај. Никој не сака да се однесува како чудовиште. Кога сте нервозни, запомнете дека имате избор, или ќе излезете на воздух, или ќе го уништите партнерот.
Од друга страна, не постојат две лица на светот кои не се согласуваат за одредени работи, без разлика колку многу си одговараат на сите други полиња (ако се' би било совршено, не би било интересно). Партнерите треба да знаат да разговараат. Исто така, треба да остават простор
за критика. Треба да го кажат сопственото мислење. Исто така, треба да најдат начин да ги искажат сопствените чувства без да мислат дека ќе бидат осудени за тоа.

скаран пар

Партнерите треба да знаат што значи терминот "пријателско расправање" - да знаат како да се справат со конфликтот преку разговор и да научат да наоѓаат заедничко решение. Со пријателската расправија се надминуваат  разликите. Притоа, се зборува за сите работи кои пречат во врската без да дојде до навредување на партнерот. Преку пријателска расправија, луѓето се расправаат, и сепак остануваат пријатели.

среќен возрасен пар
Партнерите кои се во здрави и зрели врски точно знаат како оди процесот на расправање. Постојат луѓе кои растеле во семејства каде што од нивните родители научиле како да не се согласуваат со се', а да не остават негативна слика за себеси како луѓе што сакаат да се расправаат. Други пак, имаат трауми од расправиите на родителите што воопшто не помислуваат да ги повторат нивните врски. Сепак, повеќето парови со текот на врската учат како да се расправаат и повторно да се вратат во нормала и покрај проблемите што ги имаат.

пар јадат сладолед

Еве неколку совети како да ја зачувате врската или бракот:

1.Соочете се со конфликтот. Нема потреба да се плашите. Конфликтот е здрава и сосема нормална појава. Разликите меѓу вас значат дека има работи за кои треба да учите едни од други. Конфликтите ни покажуваат на кое поле треба да созрееме.

2.Нападнете го проблемот, не се напаѓајте меѓусебно. Пријателската расправија се базира на решавање на проблемот. Не треба меѓусебно да се напаѓате и да се навредувате. Доволно е да се справите со проблемот без да правите нови проблеми и без меѓусебно да се повредувате.

млад романтичен пар

3.Почитувајте го партнерот кога зборува. Кога луѓето сакаат да кажат нешто, навистина е потребно да ги ислушате. Со тоа што ќе ги ислушате, им покажувате дека се грижите за нив, или преку зборување или пак само преку самото слушање. Не треба само да им кажете дека „не треба така да се чувствуваат". Значи дека треба да си го задржите своето мислење се' додека не се искажат и притоа да сфатите што сакаат да ви кажат.

4.Зборувајте смирено. Ако почнете да викате, помалку ќе ве слушаат. И ако партнерот вика, не значи дека треба да вратите во иста мера. Намалете го тонот на гласот и фокусирајте се на проблемот, а не на галамата што ја правите.

пар на нивна свадба

5.Наместо да се браните, бидете љубопитни. Со тоа што ќе почнете да се браните дека не сте виновни само ја влошувате ситуацијата. Наместо тоа, побарајте доказ, детал, пример. Најверојатно постои причина зошто партнерот се жали. Бидете љубопитни и слушајте.

6.Барајте конкретни информации. Фразите од типот „Секогаш го правиш истото," или „Никогаш не правиш вака" не водат никаде. Ако партнерот се жали за нешто, сведете ги работите на конкретни ситуации. Ако веќе почнувате да се жалите, имајте конкретни примери.

нов брачен пар

7.Обидете се да се согласите. Како што може да има конфликти, може да има и согласност. Најдете заедничка точка и почнете да барате решение.

8.Барајте опции. Предложете алтеративи како би се решил проблемот и покажете дека имате волја за промена.

9.Покажете дека се грижите. Ако вие покажете дека обрнувате внимание на партнерот, ќе добиете внимание во иста мера. Вниманието не мора да е подеднакво поделено. Тука не се натпреварувате, туку покажувате колку ви значи партнерот.

појадок в кревет

10.Смирете ги страстите. Еден маж и нејзината сопруга кои сега имаат по 68 години, на денот на нивната свадба си ветиле дека никогаш нема да легнат да спијат налутени. Сфатиле дека нивната врска е побитна отколку расправиите. Тоа значи дека имало вечери кога останувале до доцна во ноќта за да ги разрешат проблемите. Понекогаш, едниот од нив се откажувал од дискусијата затоа што во тој момент повеќе сакале да спијат отколку да зборуваат. Бидејќи и двајцата го ценат бракот, тешко се откажувале, едниот го охрабрувал другиот и обратно. Овие двајца старци и ден денес се заљубени еден во друг.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.