RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
4 ТИПА ПАРАЈЛИИ
Четврток, 25 Август 2011
Слика
ЛИДЕРИ ЗА ВОЈНА ЛИДЕРИ ЗА МИР
Среда, 22 Февруари 2012
Слика
АЛТРУИЗАМ ОД ВОЈНА?
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
МАЛ, НО ОПАСЕН СТРЕС
Понеделник, 11 Април 2011
Слика
ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ: ДОБЛЕСТ ИЛИ МАНА?
Понеделник, 09 Април 2012
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ЗАБРАНЕТО ОВОШЈЕ
Среда, 11 Мај 2011
Слика
И ОСИТЕ ПРЕПОЗНАВААТ ЛИЦА
Понеделник, 12 Декември 2011

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно


Сваштарник


КАРАКТЕРОТ НА ДОНОРИТЕ НА СПЕРМА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5317 пати
Петок, 11 Ноември 2011 09:30

Иако во САД е дозволена анонимноста, банките за сперма се повеќе се залагаат да најдат донатори кои ќе се идентификуваат во случај да се роди дете кое ќе бара информација за нив...

бебиња

Во целина, донаторите на сперма се сметаат за постабилни и посозреани отколку мажите кои никогаш не донирале сперма - барем така сметаат шведските истражувачи кои го направија првото истражување за карактерот на донаторите на сперма.
Истражувачите од Универзитетот во Линкопинг побараа од донаторите на сперма од 7 шведски банки да пополнат анкета во која имало прашања за нивниот карактер како и демографски информации како што се возраста, образованието и брачниот статус. Потоа, истражувачите направија споредба на податоците со податоците од мажи кои биле на иста возраст но не донирале сперма.

епрувети
Донаторите, кои биле на просечна возраст од 34 години,  се опишале себеси како помалку загрижени и со повеќе енергија отколку мажите кои не донирале. Податоците покажаа дека донаторите се прилично ориентирани во животот и добро живеат во своја кожа. Скоро половината од донаторите биле во врска, а повеќе од третина имале свои деца.
Сепак, можеби овие податоци не важат за мажите надвор од Шведска. Но, едно да се знае - шведските донатори на сперма не добиваат пари. Најмногу што добиваат е попуст при патувањето или бесплатна претплата за некое списание. Според истражувачите, шведските донатори го прават тоа чисто од љубов кон човештвото. Тоа се мажи на 30-годишна возраст и не го прават тоа за да добијат пари за студирање или едноставно за трошење.

маж
Во банките за сперма во САД, донаторите земаат по 150 долари за една донација.
Исто така, шведските донатори не се анонимни. Од 1985 година, децата кои се зачнати од сперма на донатор имаат право да знаат за него откако ќе наполнат 18 години. Меѓутоа, дoсега немало таков случај, затоа што децата најчесто „не знаат“ дека биле зачнати со донирана сперма, вели Гунила Сидсјо, психолог и автор на истражувањето.
Иако во САД е дозволена анонимноста, банките за сперма се повеќе се залагаат да најдат донатори кои ќе се идентификуваат во случај да се роди дете кое ќе бара информација за нив.

сперма
Во банката за сперма во Вирџинија, истражувачите пронајдоа разлика меѓу анонимните и познатите донатори. Оние кои биле идентификувани биле повозрасни, не толку колку шведските донатори, но имале добра работа, а некои од нив имале и сопствени деца, вели Мишел Оти од банката за сперма во Вирџинија. Сепак, не се знае дали познатите донатори од САД се оптимисти и стабилни личности како тие во Шведска.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.