RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ: ДОБЛЕСТ ИЛИ МАНА?
Понеделник, 09 Април 2012
Слика
СЕЛЕКТИВНИ СПОРТСКИ ФАНОВИ
Четврток, 27 Јануари 2011
Слика
ДОБРИОТ ПАРТНЕР Е И ДОБАР РОДИТЕЛ
Понеделник, 10 Декември 2012
Слика
БУБА КИБОРГ ОД ПЕНТАГОН
Петок, 10 Декември 2010
Слика
КАКВИ СМЕ ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИТЕ
Понеделник, 07 Ноември 2011
Слика
БРОЈАТ БЕЗ ЗБОРОВИ!
Четврток, 18 Ноември 2010
Слика
КОГА ЛАГИТЕ ЌЕ СТАНАТ ВИСТИНА
Среда, 12 Декември 2012

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг


Сваштарник


ЗОШТО Е КОРИСНА ЉУБОПИТНОСТА? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5828 пати
Четврток, 10 Ноември 2011 08:52

Едно ново истражување покажува дека љубопитните луѓе најчесто имаат големи успеси затоа што оваа карактерна особина се смета за особено значајна во академското исполнување...

љубопитност
Всушност, оваа карактерна особина можеби се наоѓа на исто ниво со интелигенцијата.
Истражувачите сметаат дека овој податок можеби е една од причините зошто едно брилијантно дете може да потфрли на школо додека пак некое нормално дете со просечно ниво на интелигенција може многу да напредува.
Ова прашање за помешаното академско постигнување ги натера истражувачите да ги разгледаат и останатите фактори кои се појавуваат покрај интелгенцијата а придонесуваат за постигнувањето на децата.

семејство со деца пред компјутер
Експертите открија дека еден фактор е клучен – желбата на детето да оди на училиште и да пишува домашно. Луѓето кои немаа проблем со ова, се покажаа сосема успешни на школо.
„Ако подобро размислите, ова и не е некое изненадување – вредните ученици секогаш биле добри и кога студирале.“ – вели коавторот на истражувањето, доктор Софи фон Штум од Универзитетот во Единбург.
Штим и колегите се запрашаа дали љубопитноста може да се смета како значаен фактор. „Во суштина, љубопитноста е желба за истражување.“ – вели фон Штум.

телескоп
„Ако сте љубопитни за да научите нешто ново, ќе си одите дома и ќе седнете да читате книга. Ако сте љубопитни постојано, ќе заминете во некоја далечна земја само за да ја пробате храната таму.“
Било која од овие два типа може да Ви помогне да постигнете повеќе на школо.
Во истражувањето, научниците направија мета-анализа со што собраа податоци од околу 200 истражувања направени на околу 50 000 студенти.

детенце игра
Тие открија дека љубопитноста има влијание врз академското постигнување. Всушност, како карактеристика, љубопитноста има огромно влијание, скоро исто колку и самосвесноста. Кога се во комбинација, самосвесноста и љубопитноста имаат позитивно влијание врз интелигинцијата.
Штум воопшто не се изненади од податокот дека љубопитноста е значајна. „Силно верувам во умот кој е гладен за постигнување успех, а сега имам и доказ.“ – вели таа.

пребарување интернет
„Наставниците имаат шанса да ја разбудат љубопитноста кај нивните ученици и да ги натераат да станат независни кога учат. Тоа е навистина битно.“
Еден љубопитен човек кој сака да чита книги, да шета по светот и да посетува музеи може исто така да ужива во учењето нови вештини во работата.
„Многу е лесно да вработите некого кој и претходно се занимавал со истото и затоа знае како се работи,“ – вели фон Штум. „Меѓутоа, многу поинтересно е да ги пронајдете оние кои имаат најголем потенцијал за да се развијат, а тоа се оние љубопитните.“

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.