RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ИДЕНТИТЕТ И КРЕАТИВНОСТ
Четврток, 28 Април 2011
Слика
БРАКОТ И СРЕЌАТА
Понеделник, 11 Јуни 2012
Слика
НЕ Е ЗЛАТО СЕ ШТО СЈАЕ
Четврток, 18 Ноември 2010
Слика
ИНТЕРКУЛТУРНА ПСИХОЛОГИЈА
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
УЧИТЕЛКА РОБОТ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
КАКО ДА ЗНАЕТЕ АКО НЕКОЈ ЛАЖЕ
Понеделник, 30 Април 2012
Слика
ПОЗИТИВНО ПРОТИВ БОЛКА
Четврток, 03 Март 2011
Слика
ЉУБОВ ЗА 8 СЕКУНДИ
Вторник, 18 Јануари 2011

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура


Сваштарник


11 СОВЕТИ ДА ЈА ПОСТИГНЕТЕ СЕКОЈА ЦЕЛ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 7192 пати
Вторник, 08 Ноември 2011 09:53

На сите ни е познат начинот на поставување на цели...

цели

Треба да поставуваме специфични, предизвикувачки цели, да користиме награди, да го забележуваме напредокот и јавно да се обврзуваме. Како е можно покрај сето ова сеуште да не успеваме?

Ова психолошко истражување укажува зошто и какво размислување би требало да ни помогне да ги достигнеме нашите цели.

1. Престанете да фантазирате

Најголемиот непријател на било која цел е претераното позитивно фантазирање. Истражувањето за фантазирањето при поставувањето на целите покажува дека позитивните фантазии се поврзани со неуспех при барањето на работа, барањето партнер, положувањето на испит или исходот од операција. Оние чии фантазии се понегативни минуваат подобро. Не ја доживувајте иднината позитивно пред да го постигнете тоа.

фантазирање

2. Почнете да се посветувате

Причината зошто не ги постигнуваме нашите цели е недостигот на посветеност.

Една моќна психолошка техника за зголемување на посветеноста е психичкото спротивставување. Ова вклучува забавување со позитивна фантазија, но потоа ладење со кофа на реалност над неа. Тешко е, но истражувањето покажува дека луѓето навистина реагираат на тоа.

ракување

3. Започнете со почнувањето

Можете да го искористите Зејгарниковиот ефект за да стигнете до целите. Рускиот психолог Блума Зејгарник забележа дека луѓето кои чекаат го запомнуваат само редоследот кој постоеше во процесот на доставување. По завршувањето редоследот се губеше од нивната меморија. Зејгарник ефектот покажува дека едно оружје за борба против одолговлекувањето е да започните некаде, било каде. Преземањето на првиот чекор може да биде разликата помеѓу неуспехот и успехот. Кога еднаш ќе започните, целта ќе се смести во вашиот ум.

старт

4. Визуелизирајте го процесот не исходот

Сите ние сме подложни на заблудата на планирањето: тоа е размислување дека се ќе оди без проблеми кога не е така (и ретко кога е). Визуелизирањето на процесот на достигнување на целите помага да го фокусирате вниманието на чекорите кои треба да се превземат. Исто така помага да се намали анксиозноста.

соработка

5. Избегнете го "што по ѓаволите"ефектот

Кога ја промашуваме целта, може да бидеме измамени од "што по ѓаволите" ефектот. Тоа им е на диетичарите кои го надминуваат дневниот лимит на калории. Резонирањето на целта сега е завршено, тие размислуваат 'па што по ѓаволите', и започнуваат премногу да јадат од погрешната храна.

Целите кои се ранливи на "што по ѓаволите ефектот" се обично краткорочни и инхибициони (кога се обидуваме да ја запреме некоја активност). Ефектот може да се избегне со поставување на цели кои се долгорочни и овозможуваат стекнување на нешто ново.

набљудување

6. Избегнување на одолговлекувањето

Кога целите се тешки и се запрашуваме дали навистина вреди да се стигне до нив, одолговлекувањето може лесно да се појави. При вакви услови клучно е да се заборави на целта и да се закопате во деталите. Продолжете со работа и користете самонаметнати рокови.

7. Променлив фокус

Не можете да ја задржите главата долу бидејќи ќе се загубите. На долгорочен план, достигнувањето на целта е префрлување на фокусот помеѓу крајната цел и задачата на која работите. Истражувањето укажува дека кога се проценува напредокот, особено на тешките задачи, најдобро е да се остане фокусиран на задачата. Но, кога задачите се лесни или крајот е на повидок, подобро е да се фокусирате на крајната цел.

фокус

8. Отфрлете го роботското однесување

Често нашето однесување е роботско. Правиме некои работи не затоа што вистински сме размислувале за нив, туку бидејќи тоа е навика или ние несвесно ги копираме другите луѓе. Овој вид на однесување може да биде непријател на стремењето кон целта. Запрашајте се дали тоа што го правите навистина ве води поблиску до целта.

робот

9. Заборавете ја целта, кон што се цели?

Целите треба секогаш да се поставуваат во услуга на севкупната цел. Но, посто и темна страна на поставувањето на целите. Кога целите се преспецифични, лесно е да се заглави; кога има многу цели, неважните, лесните добиваат приоритет над важните, тешки цели; кога целите се краткорочни, тие предизвикуваат краткотрајно мислење. Лошо поставените цели ја редуцираат мотивацијата и може да го зголемат неетичкото однесување.

Запомнете првично да ја задржите на ум целосната поента на целта.

кон целта

10. Знајте кога да престанете

Некогаш проблемот не е во започнувањето, туку во прекинувањето. Психолозите открија дека "потопените трошоци" не тераат да правиме чудни нешта. 'Потопени трошоци' се однесува на напорот или парите кои сме ги потрошиле обидувајќи се да ја достигнеме целта. Значи, дури и кога нашиот план пропаѓа, ние продолжуваме да притискаме напред.

Истражувањето покажува дека колку повеќе луѓето вложуваат во целта, толку повеќе мислат дека ќе успеат; без оглед на тоа дали навистина ќе успеат. Знајте кога да ја промените тактиката или ќе завршите камшикувајќи мртов коњ.

стоп

11. Ако-тогаш планови

Тоа што го покажуваат студиите е важноста на самоконтролата при постигнувањето на целта. За жал, како што сите знаеме, контролирањето на нашето јас може да биде тешко.

Една стратегија со многу истражувања која ја поттикнува самоконтролата е создавањето на 'ако-тогаш' планови. Вие едноставно однапред разработувате што ќе направите во одредена ситуација. Иако звучи едноставно, ние често преферираме да импровизираме, отколку да планираме. Сепак, со малку оригиналност ако-тогаш плановите може да се користат за да се совладаат пречките опишани погоре.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.